Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #97 |Alevosía

Предавство, епизода #97 |Alevosía

 

Анхелес која доаѓа во вилата, ја затекнува Сесилија како стои покрај Октавио. Веднаш истрчува од колата и ја заштитува својата сестра. Го изтерува Октаво од поседот заканувајки му се дека ќе ги пушти кучињата. Кога Октавио ќе замине, Сесилија ја прегрнува својата сестра и и заблагодарува.

Густаво и се јавува на Луз Марија да ја покани на свадбата кај Анхелес, но таа мора да го одбие бидејки има излез со порнешно момче со кое случајно се сретнала.

Се е подготвено за венчавката на Анхелес и Марко која треба да се одржи во дворот на мансионот.

Ненајавено се појавува Тринидад и прави скандал што не била поканета на свадбата кај својата ќерка. Меѓу другото објавува пред сите гости дека Инес и Алехандро биле долгогодишни љубовници и дека Лусија е плод на нивниот грев.

По краткиот скандал, Марко и Анхелес кажуваат да пред матичарот.

Густаво се обидува да ја добие Луз Марија повторно но не е достапна.

Даниела и Октавио започнуваат врска а тој ја прашува зарем не и пречи што се гледа со човек кој нема рака. Таа му одговара дека не и е проблем иако во себе кова план како да му ги земе парите и да побегне без никогаш да го види.

На свадбата се појавува Хоакин и Естер е изненадена што го гледа. Хоакин ја замолува за танц, но Естер одбива. Тогаш тој и вели дека е готово меѓу него и Карола и дека раскинале засекогаш. Естер на крајот го прифаќа танцот.

Трини е решена да им се одмазди на сите кои ја понижувале во животот. Го зема пиштолот на Алваро и го напушта станот.

Анхелес е спремна да ја мине првата прачна ноќ со Марко. Кога ќе влезе во спалната соба го затекнува Марко врзан за подот, а во собата е Октавио кој со револвер и се заканува дека ноќта ќе ја помине со него.

Трини доаѓа во вилата за да се соочи со сите оние кои ја повредиле, кога ќе го слушне врисокот на Анхелес од спалната соба и со трчање се качу ва на катот. Го затекнува Октавио како се обидува да ја силува нејзината ќерка и го вади пиштолот од торбата и пука во него.

Алваро во меѓувреме забележува дека фали пиштолот од сефот и се јавува кај Хулија да ја извести дека Триние вооружена. Додека трае раоворот, Алваро ја губи сета сила и умира сам во станот додека неговата прва сопруга безпомошно го бара.

Октавио е одведен во болница во критична состојба а Анхелес ја прегрнува Трини и и заблагодарува за стореното.

 

ВО НЕДЕЛА ВО 18:30 НЕ ГО ПРОПУШТАЈТЕ ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!