Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (99. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (99. продолжение)

 

Дождот паѓаше често тие денови. На фазендата Темпестад, Естер ги минуваше деновите на прозорецот, гледајки како ситен дожд паѓа од небото. Со празни очи во кои повеќе немаше солзи за плачење, со слаб апетит и без волја за живот. Секојдневно го посетуваше гробот на својот син, носејки полско цвеќе. Немаше исклучок ниту тој декемврски ден.

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 99 – „Дневникот на Рикарда Кастењон“

 

Дождот паѓаше често тие денови. На фазендата Темпестад, Естер ги минуваше деновите на прозорецот, гледајки како ситен дожд паѓа од небото. Со празни очи во кои повеќе немаше солзи за плачење, со слаб апетит и без волја за живот. Секојдневно го посетуваше гробот на својот син, носејки полско цвеќе. Немаше исклучок ниту тој декемврски ден.
Над камената плоча беше изгравирано името “Рикардо Кастењон, 1901-1920.“
Додека го оплакуваше краткиот живот на својот син, Естер слушна како се приближува некој коњ. Го заврте погледот. Беше Енцо, кој слезе од животното, му ги заврза уздите за едно дрво. И пријде како и претходните шест месеци. Тие гробишта беа нивната тајна средба во последно време каде што секојдневно се наоѓаа.
– Фаусто сеуште не се сомнева?, – ја праша.
– Не верувам. Одвај зборуваме во последно време.
Енцо посегна по нејзината рака и ја принесе до своите усни. Делуваше нервозно, помисли Естер гледајки го.
– Се случило нешто, Енцо?
– Не знам како да ти го кажам ова, но ова е послден пат како што се гледаме овде…Утре веќе нема да бидам тука. Решив да си одам од оваа земја која ми нанесе само бол. Се враќам на Север со возот кој заминува на полноќ.
Очите веднаш и се наполнија со солзи. Му го допре лицето. Солзите сами и течеа како поток.
– Зарем ќе ме оставиш сама, после се?
– Не…Нема да те оставам сама ако дојдеш со мене. Ова е за тебе, – и рече подавајки и едно бело плико. – Не го отварај сега. Отвори го кога ќе стигнеш дома. Ќе те чекам на перонот пред полноќ. Верувам дека нема да ме изневериш.
– Енцо, знаеш дека не можам да појдам со тебе…
– Зошто? Повеќе немаш ништо што те спречува да го оставиш Фаусто и да појдеш со мене. За жал твоите деца повеќе не се изговор…
– Но, Анибал…
– Анибал е возрасен маж, сигурен сум дека ќе се снајде без тебе. Те молам дојди со мене, Естер.
– Морам да одам пред да се прашаат зошто сум се задржала толку, – рече таа ставајки го даденото плико во џебот на суќната. Појде кон патеката која водеше кон фазендата, кога Енцо ја повлече за рака. Ја погледна со сините очи кои како да ја жигосуваа како и првиот ден кога дојде на фазендата.
– Те љубам, Естер, никогаш не го заборавај тоа.
Неговите зборови не беа само израз на љубов, беа повеќе израз на ветување. Таа го бакна нежно и потрча кон куќата.

Кога се врати дома, на тремот ја пречека Лукреција. Ја чекаше тука веќе подолго време, бидејки сакаше да зборува со неа.
– Естер…Од каде доаѓаш? Те гледам ведра по долго време…по онаа трагедија.
– Сфатив дека сеуште имам причина за живот. Сакаше да зборуваш со мене?, – ја праша, седнувајки на сламената столица.
– Да, – потврди Лукреција, земајки ја раката на својата роднина. – Не знам како да ти го кажам ова…
– Што се случило? Ме загрижуваш.
– Бремена сум, чекам дете од Анибал, – во еден здив одговори Лукреција.
– Белки не си сериозна?
– Зарем мислиш дека би се шегувала за нешто такво, Естер?
– Но, како е возможно? Твоето со Анибал заврши многу одамна…
– Вистината е дека јас и Анибал никогаш не престанавме да бидеме љубовници.
– Сигурна си дека си бремена?
– Да. Веќе три недели немам менструација. Денес ми потврди лекарот од селото. Утрово бев на преглед.
– Не знам што да речам, – Естер вртеше со главата.
– Речи дека ме подржуваш, Естер. Те молам, тоа ми е најважно.
– Жалам, но не можам, Лукреција. До бога, ти можеш да му бидеш мајка на мојот син.
– Но, јас го љубам!
– И што ќе правиш?
– Не знам. Затоа сакав да зборувам со тебе. Кој е твојот предлог?
– Најдобро за сите е веднаш да ја напуштиш фазендата.
– Ме тераш?, – со солзи во очите праша Лукреција.
– Само сакам да бидам реална. Мислиш дека Фаусто ќе дозволи да шетатш со детето од Анибал низ фазендата како ништо? Зарем не ти беа доволен совет сите мртви?
Ваквите зборови уште повеќе ја вознемирија Лукреција. Естер беше во право.
– Не можам да си одам без да му ја кажам вистината на Анибал,- рече.
– Не знам колку е добра таа идеја. И самата си свесна за што е способен Фасуто.

Марија Грација стоеше потпрена на касата од вратата гледајки како нејзиниот брат се пакува. Срцето и се кршеше при помислата дека си оди. Му пријде одзади и цврсто го прегрна.
– Не биди таква, Марија Грација. Наместо да плачеш спакувај се и дојди со мене. Ќе започнеме нов живот на север.
– Знаеш дека не можам, – рече таа бришејки ги созлите. – Не можам да ја оставам оваа земја каде што почиваат сите оние кои ги сакам. Нашата мајка, нашата сорела, мојата ќерка и сопруг…
– Затоа и сакам да дојдеш. Ти си млада и убава жена, Марија. Време е да започнеш нов живот, да завртиш нов лист.
– Дон Фаусто го запечати мојот живот засекогаш…не верувам дека ќе можам да завртам нов лист.
– Ах, Марија, – воздивна длабоко кршејки му се душата.
Марија Грација ги избриша солзите, посегна во фиоката на наткасната и извади еден стар дневник.
– Ова е за тебе, – му го подаде дневникот. – Кога ти кажав дека ти и Фаусто Кастењон сте синови на ист човек, не бев сосема искрена со тебе, фратело. Овие страници ми ги остави мама пред да почине. Во нив лежи целата вистина за твоето потекло.

Лукреција не ја држеше место. Од утрото кога лекарот и ги потврди сомнежите дека е бремена,преку разговорот со Естер беше немирна. Која беше правата одлука без да донесе жртви и нови страдања?! Прати слугинка по Анибал. Го чекаше во салонот кога тој слезе.
– Зулмира рече дека си ме барала. Што е, Лукреција?
– Анибал…Чекам твое дете, – во еден здив му одговори таа.
Тој седна на двоседот. Вестта за бременоста на Лукреција му ги растресе колената.
– Боже, ова е казна! Божја казна што бев слаб и потклекнав пред искушенијата.
– Не верувам дека детето е божја казна, Анибал.
– Те молам, не зборувај толку гласно, татко може да не чуе.
– Многу наскоро сите ќе знаат, Анибал. Бременоста не е нешто што може да се сокрие. Зборував со Естер…мајка ти знае.
– И што ти рече?
– Не она што очекував, но ја разбирам.
– Ова е само твоја вина, Лукреција. Само твоја вина. Да не ми се нудеше така лесно, јас немаше да те барам, немаше да сторам грев…
– Колку што знам не ти вперив пиштол во глава! Зарем се кааеш за се што стори со мене?
– Не сакам да те слушам повеќе, – рече тој по краток молк и излезе од просторијата.

Енцо гледаше збунето во стариот дневник пред себе. Страниците беа пожолтени од времето, ракописот не беше баш нај читкав насекаде, но не беше ни неразбирлив.
– Не разбирам чиј е овој дневник, Марија Грација.
– Тоа е дневникот на Рикарда Кастењон, сопругата на дон Ињаки Кастењон.
– Не разбирам што барал дневникот на таа жена кај нашата мајка, Марија.
– Доња Рикарда и мама секогаш беа блиски.
– Да, но ова е лично. Зошто мама го добила дневникт од таа госпоѓа?, – прашуваше Енцо.

На Анибал му беше потребно време за да му се разбистрат мислите по разговорот кој го имаше со Лукреција. Се врати на фазендата и ја побара во нејзината соба. Лукреција само што имаше запалено цигара, кога тој влезе, ја зеде цигарата од нејзината уста и ја згасна во пепелникот.
– Бремените жени не треба да пушат.
– Што сакаш, Анибал?
– Размислував за она што ми го кажа…,
– За мојата бременост?
– Да, – низ тешка воздишка одговори тој.
– Те слушам.
– Сакам да знаеш дека нема да те оставам сама со тоа дете, – продолжи тој седнувајки до неа на креветот. – Најдобро би било да си заминеме од тука, Лукреција…Да го родиш тоа дете далеку од Темпестад. Освен мајка никој друг да не знае за тоа.
Очите на Лукреција светкаа од среќа. Гледаше во Анибал, во саканиот Анибал и одвај можеше да поверува дека тие зборови доаѓаат од истиот човек кој до предмалку се каеше за стореното, човекот кој го нарече грев неродениот плод.
– Анибал, што те натера да се премислиш?
– Размислив убаво и сфатив дека ако те оставам тоа ќе биде најголемата грешка која сум ја сторил во животот…Сакам да знаеш дека ќе бидам крај тебе за се. Тоа е моја должност како маж… и татко.
Очите на Лукреција се наполнија со солзи слушајки го Анибал.

Естер седеше на креветот во својата соба одново читајки ги зборовите кои Енцо и ги имаше напишано и ставено во пликото покрај картата за воз.
– „Ова можеби е последното писмо кое ти го пишувам, Естер. Како што веќе знаеш, си одам. Си одам засекогаш од ова место. Ако не те видам повеќе, сакам да знаеш дека секогаш со носталгија ќе се сеќавам на тебе, на твојот мелодичен глас, на твоите кадрави коси, на твоите зелени очи. Ти ми ги направи деновите на Темпестад поубави за живот, ти беше рајот кој го пронајдов во тој пекол. Покрај тебе само бев среќен и само во тебе пронајдов чиста љубов која вечно ќе ја носам со себе. Но јас морам да си одам одовде. Никогаш не припаѓав тука. Знам дека многу пати одби да појдеш со мене, но сега за последен пат го барам тоа од тебе. Ќе те чекам на перонот на полноќ. Ако не дојдеш, знај дека ти ја оставам сета моја љубов. Секогаш ќе се сеќавам на тебе како нешто убаво, нешто што ми го направи животот поубав. Со други зборови, секогаш ќе бидам твој.

Енцо Анџели,
23 декември, 1920.“

До писмото во пликото лежеше карта за воз. Воз кој заминуваше од Назаре точно на полноќ во правец Бразилија. Естер беше во недоумица. Што да направи? Дали беше доволно силна да остави се зад себе и да започне нов живот со човекот кој го љубеше или да остане тука, да му служи на човекот кој и нанесуваше само бол и тага?

Сонцето ја позлатуваше пампата со својот залез. Куферот спакуван стоеше покрај креветот на кој Енцо седеше и го читаше дневникот на Рикарда Ксстењон. Мораше да дознае што е толку тајно во нејзините зборови што неговата мајка ги чувала до смртната постела.
– „Не знам што да правам. Секој ден е се потешко да го носам на терет ово крст. Не можам да му родам дете на мојот сопруг, тоа е најлошото нешто што може да и се случи на една жена. Знам дека Ињаки ме мрази поради тоа, но никогаш не би ми кажал. Сношти ми дојде една идеја во глава. Тоа е можеби единствениот излез. Утре ќе зборувам со Тили. Се надевам дека ќе може да разбере и дека ќе го прифати мојот предлог. “

За време на вечерата, Зулмира го извести Господарот дека госпоѓа Естер нема да вечера со фамилијата. Фаусто не можеше да продолжи да јаде, па стана бесно од трпезата. Ќе ја довлечка и со сила ако треба на софата, помисли бесно додека се качуваше по скалите кон спалните соби. Кога влезе во собата на Естер забележа само мрак. Погледна наоколу, ја немаше никаде. Направи неколку чекори до прозорецот, кога на подот забележа лист хартија. Го подигна писмото в раце. Беше премногу темно за да прочита. Го запали фенерот и ја принесе хартијата до зракот светлина. Вистината го удри како гром од ведро небо. Го читаше писмото кое Енцо и го имаше напишано на неговата сопруга и одеднаш нештата му станаа јасни. Кога стана од креветот, ги чуствуваше прстите на селаните вперени во него…Исмејување, озборување…Кон него, господарот на Темпестад. Со двете раце го отвори плакарот и забележа празни рафтови. Естер заминала. Немаше ни парче облека останато во плакарот. Синот на нана Тили, неговиот полубрат, Енцо Анџели и неговата сопруга. Неговата Естер. Мајката на неговите деца. Љубовници.

По вечерата, Лукреција се повлече во својата соба. Чекаше да заспијат сите за да може насамо да рагзовара со Анибал. Да прават планови за иднината, за животот кој им престои, за името на нивното дете. Се чуствуваше повторно младо како и пред дваесет години пред да ја роди Алис. Ја вадеше шминката пред огледалото кога забележа како крцкавата врата од собата полека се отвара. Прво помисли дека е Анибал, но преку одразот на огледалото го забележа Фаусто. Чекореше полека кон неа а неговиот поглед му влеваше страв. Во едната рака држеше пиштол.
– Фаусто, – грчевиот го изговори неговото име.
Тој го впери пиштолот во неа.
– Каде е Естер, Лукреција?
– Не знам…
– Не се прави луда и одговри ми. Каде е Естер?
– Навистина не знам што зборуваш, Фаусто. Сигурно е во собата…
– Плакарите на Естер се празни. Заминала.
Лукреција беше шокирана. Од една страна ликуваше што Естер заминала од пеколот во таа куќа, а од друга страна стравуваше за себе. Беше свесна до каде може да оди Фаусто.
– Ти го донесе гревот во оваа куќа, Лукреција! Ти и твојата ќерка ја извалкавте мојата куќа! Затоа ќе платиш за тоа!
Го држеше чкрапалото и беше само секунда во прашање да испука, кога во собата дотрча Анибал.
– Татко, не! – извика на сиот глас. – Те молам немој да пукаш во неа! Не ми ја земај жената која чека мое дете!!!
Гневот уште повеќе се манифестираше преку очите на Фаусто. Отстапи чекор наназад и погледна во својот најстар син. Анибал потрча кон Лукреција, штитејки го нејзиното тело со своето.
– Што рече, Анибал?!
– Вистината, татко. Немам што да таам повеќе. Доволно беа солзи, тага и смрт во оваа куќа. Лукреција чека мое дете. Зарем не си среќен?! Конечно, внук кој толку многу го сакаше и чекаше!
– Внук? Внук од оваа жена? Од оваа жена која те вовлече во грев?! Порадо би те гледал мртов отколку со неа!
Го повлече чкрапалото и со тешко срце испука два куршуми. Едниот во градите на својот син, другиот во срцето на Лукреција.
Двајцата љубовници паднаа мртви еден врз друг, споени во смртта како што беа и додека беа живи. Очите на Фаусто беа полни со болка и солзи.

Естер стоеше на тремот на железничката станица. Беше една од многуте селани кои го чекаа полноќниот воз за Бразилија. Погледна на часовникот а Енцо никаде го немаше. Се слушна тубата на машината која полека се приближуваше по шините. На себе носеше фустан од бела свила и зелена марама преку главата. За прв пат го слече црното по смртта на Рикардо.
Возот застана на перонот. Естер шараше со погледот, прашувајки се што го задржало Енцо. Кондуктерот даде знак на ѕвоното дека патниците треба да се качат. Перонот беше исполнет со чад од локомотивите и не можеше да види убаво околу себе. Во десната рака ја држеше картата, а со левата рака го зеде куферот од земја.
Влезе во возот и појде до своето купе. Еден од момците кои работеа внатре и помогна да го смести куферот. Срцето за малку ќе и излезеше од градите. Му даде напојница на момчето и остана сама во купето. Ја извади марамата од својата глава и погледна преку прозорецот. Локомотивата за малку требаше да тргне. Енцо го немаше на видик. Слушна како некој ја отвара вратата од купето и го заврте погледот, полна со надеж дека најпосле пристигнал.

Енцо јаваше на украдениот коњ од фазендата преку садниците со кафе. Сакаше да биде сигурен дали Естер одлучила да остане или да појде со него. Зулмира, новата помошничка во куќата го извести дека не ја видела госпоѓата цела вечер. Таквите зборови му го исполнија срцето со надеж. Естер заминала, го чека на перонот. Украде еден коњ од шталата и ја пресече пампата. Јаваше како да му е последно. Возот полека се делеше од станицата кога успеа да дојде. Слезе од животното и почна да трча по шините. Трчаше долго колку што го држеа нозете. Возот на пареа само повеќе забрзуваше што му претставуваше отежителна околност да се качи.

претпоследно продолжение

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!