После одличната кавер-верзија на „Thinking Out Loud“ на Ed Sheeran, пејачот и гитарист Бојан Дамјаноски изминатиов период работеше и на втората негова кавер-верзија.
Овој пат станува збор за светскиот хит „Dance With Somebody“ на Mando Diao.
Како и минатиот пат, така и овој, Бојан подготви и видео за новата кавер-верзија. Покрај Дамјаноски, во видеото се појавува и гитаристот Андреја Салпе со кого настапуваат заедно, тука е ѝ Ѓоко Срезоски на бас гитара, Симона Стојкоска задолжена за бек-вокалите и Оливер Стојкоски одговорен за тапаните. За одличниот звук, но и аранжманот на оваа кавер-верзија беше задолжен Христијан Ѓорѓиевски. Како режисер на видеото се потпишува Марио Манески.
Инаку за кратко време во етер треба да се објави уште една кавер-верзија, но до крајот на јуни Дамјаноски ветува и негова авторска песна за која вели дека ќе биде нешто неочекувано и интересно.
Погледнете го видеото за нумерата „Dance With Somebody“.