Таа вечер, по посетата во домот на Вадо, кога Магдалена се врати во пансионот, ја затекна младата девојка која девојките ја претставија како сестра на Енграсија Кало. Магдалена ги замоли Индалесија и Кристела да ја остават насамо.
– Значи, Сораја, ти и Енграсија сте сестри?, – ја праша Магдалена, подавајки и шоља со кафе, во кујната. – Енграсија велеше дека има сестра, се сеќавам…
– Не бевме многу блиски. Иако никогаш не престанавме да имаме контакт. По средно, јас се иселив од дома и заминав во градот каде што студирав. Потоа се вработив и патиштата ни се раделија.
– И што те носи навака, сега?, – претпазливо праша Магдалена.
– Ќе бидам искрена со вас, доња Магдалена. Дојдов тука за да останам. Имам заштетено нешто пари и сакам да ги вложам во бизнис. Но мојата намера е да дознаам кој ја убил мојата сестра. Убиецот ќе плати за смртта на Енграсија.
– Смртта на твојата сестра беше шокантна за сите нас. Сеуште не можеме да пверуваме дека ја нема.
– Ако немате против, би сакала да останам да престојувам тука во пансионот.
– Во моментов единствена слободна соба е онаа на Енграсија.
– Би ви била благодарна доколку ми ја отстапите.
– Колку врее рече дека ќе останеш во Малиналко?
– Неодредено. Додека не го отркијам убиецот на мојата сестра и не направам да плати за стореното.
Неколку денови подоцна
Магдалена само што го заврши телефоснкиот разговор со Јулиса, за која сметаше дека е во манастир кај мајка Крисанта. Магдалена немаше претства каков план крои нејзината ќерка. Тие денови Магдалена можеше да воздивне. Работата со пансионот и одеше во ред, а немаше ни трага од Вадо. Седна на масата во кујната и со љубов гледаше во она за што со години работеше. Од таа стара куќа направи достоен пансион за девојки. Девојките ја третираа како мајка и секогаш и се обраќаа за помош или совет. Потпевнувајки почна да ги вади цвеќињата во ходникот кога некој затропа на вратата.
– Бизнисот ти оди доста добр гледам, – рече Вадо стоејки на прагот од пансионот, потпрен на еден дрвен бастун.
Сораја Кало лесно се снајде со животот во малиот град. Од заштеденото, најде локал кој го претвори во бутик за женска и машка облека. Локалот беше мал, но уреден и по достапни цени. Тој ден беше првиот ден кога ги отвори вратите од бутикот.
Со блага насмевка гледаше како локалот се полни со луѓе. Одеднаш помеѓу муштериите забележа позната машка фаца. Прво помисли дека се пропзонала, но беше сигурна дека не. Со насмевка му пријде.
– Здраво, странецу. Се сеќаваш на мене?
Антолин Варгас се заврте. На неговото убаво лице се развлече насмевка кога ја здогледа колешката од студии, Сораја Кало.
– Сораја? Дали си ти?
– Секако дека сум јас.
– Боже, помина толку многу време. Седум години од дипломската?
– Оваа есен, – потврди девојката. – Навистина ми е драго што те гледам, Антолин. Од каде ти овде?
– Работа. Истото прашање и за тебе.
– Моите се по потекло од тука. Решив да се вратам и да си ја пробам среќата. Локалот е мој.
– Одлично. Штом си тука, мора да се видиме повторно. Ќе ти ја дадам мојата визитка. Јави ми се кога ќе можеш. Имаме за надокнадување.
Магдалена не криеше дека не и годи појавата на Вадо во нејзиниот пансион. Кристела слезе по скалите, прашувајки дали е се во ред.
– Оди, Кристела. Ќе се погрижам се да биде во ред.
– Ако ти требам, тука сум, – рече девојката и се упати кон својата соба.
Остнаа сами. Дон Вадо долго ја гледаше Магдалена пред да каже нешто.
– Зошто се плашиш од мене, Магдалена?, – ја праша земајки и ја раката.
– Те молам, не инсистирај, Вадо.
– Со годинити си почнала да избувнуваш брзо. Кога те запознав не беше таква. Но сега бидејки имаш безвредни документи кај себе мислиш дека ме држиш во раце.
– Не се толку безвредни штом си тука. Што сакаш?
– Ти ја познаваше Росанхелика многу добро. Што мислеше за мене?
– Сигурен си дека сакаш да го слушнеш тоа? Кога дозна кој навистина си, Росанхелика го проколнуваше денот кога те сретнала, го презираше твојот допир и мирис…
– Доста!, – извика дон Вадо, нагло затворајки и ја устата.
– Сигурно не е лесно кога никој не те сакал, нели? Сите луѓе кои ги имаш ги држиш со своите пари, – Магдалена не престануваше да истура сол на отворената рана.
– Јас ја сакав Росанхелика. Беше совршена, достоинствена, елегантна…не како тебе.
– Ако била толку совршена зошто ја уби? За да допреш до нејзиното наследство? Но не заборавај дека ги немаш сите потребни документи како сопственик на рудникот за злато.
Вадо знаеше дека Магдалена ја зборува вистината, колку и да не сакаше да си признае.
– Која е ценаата на тие документи кои ги имаш?, – ја праша. – Милион пезоси?
– Ниу милион долари не се доволно за документите кои ти недостасуваат Вадо, а кои јас ги имам. Ги сакам парите од сметката која Мелчор ја отоври пред повеќе од дваесет години, како гаранција за својата концесија за копање на злато. Ги сакам тиа пари од таа сметка на Кајманските оствори.
– Ни под разно!, – извика Вадо удирајки си бастунот во подот. – И немој да си мислиш дека ме имаш во раце. Самата знаеш дека јас на крајот секогаш победувам, – додаде гордо пред да го напушти пансионот.
Тристан се соочуваше со големи проблеми тие денови во рудникот. Проблемите кои ги имаше со вработените ги сподели со војот пријател и колега Лучо.
– Денес имам интервјуа за вработување на нови рудари. Рацете на Рене се сеуште во гипс по последната несреќа при ископување, а Роки мистериозно исчезна.
– Исчезнал? Како? Мислев дека земал одмор, но дека си известен…
– Ниту сум известен ниту земал одмор. Едноставно реши да не се појави на работа. Се плашам да не е вмешан во некој од неговите коцкарски долгови.
Веста дека се потребни нови руадри брзо се прошири низ градот. Тоа утро пред бараката се насобра колона од мажи кои чекаа да добијат работа. Тристан беше задолжен да ги интервјуира кандидатите и да ги одбере новите рудари кои ќе ги зменат Роки и Рене. Она што Тристан не го знаеше е дека момчето кое влезе на интервју, слабо со кратка црна коса и очила, беше неговата сакана Јулиса.
– Како се викаш?, – праша подигнувајки ја главата од хартиите.
– Диего Рентеира, – одговори со искарикиран машки глас.
– Рентеира, – повтори Тристан. – Ова име го измисли за да те вработам, така? Сигурно добро ја знаеш приказната за Мелчор Рентеира како и сите во селово, па одлучи да играш на таа карта?!
– Ништо не измислувам. Овде сум бидејки ми треба работа.
– Сигурен сум дека знаеш кој беше Мелчор Рентеира? Човекот кој некогаш беше сопственик на овој рудник, човекот кој го загуби животот во истиот…
– Го познавав подобро од било кој. Неговата смрт мене најтешко ми падна. Мелчор Рентиеира ми беше дедо!
Тристан остана стаписан од ваквата изјава.