50-то продолжение
Дамијана пријде до Тристан, но тој грубо ја одби од себе.
– Дамијана, те молам. Се согласив да останеш во оваа куќа бидејки немаш каде да одиш, бидејки вујко ти те протера од дома. Но, тоа не значи дека јас и ти ќе бидеме заедно. Ни сега ни никогаш. Особено не откако и го направи тоа на Јулиса. Откако ја загубив поради тебе!
– Но, Дамијана само сакаше да те изненади со убава вечера, сине, – се замеше Саграрио.
– Не ми требаат нејзините скапи вечери!
– Сине, те воспитав да имаш почит кон жените. Што те промени толку што веќе не можам да те препознам?
– Таков е поради неа, поради Јулиса, – бесно дофрли Дамијана.
– Не ја спомнувај Јулиса! За мене е света таа девојка! Сакам на сите да ви биде јасно дека Јулиса е жената на мојот живот и дека ќе сторам се за да ја повратам! Сакаше да ми ја уништиш врската со неа, но нема да ти дозволам, Дамијана!
– Не можам повеќе да слушам, – крикна Дамијана. – Подобро да си одам. Ви ја оставам храната, доња Саграрио.
– Оди и заборави на мене, – и довикна Тристан. Извади го од глава тој хир дека јас и ти некогаш ќе бидеме заедно!
– Не е убаво со таков тон да и се обраќаш на една дама, брате, – се замеша Диего.
– Дамијана не е дама, Дамијана е сплеткарка!
– Те молам не зборувај така, -немоќно го замоли Саграрио.
Откако Дамијана ја напушти куќата, а Тристан влезе под туш, Саграрио му се отвори на Диего Рејес. За целата ситуација ја обвини Јулиса и го замоли Диего да го советува Тристан дека Јулиса не е жена за него.
– Кое е тоа момче, Тристан?, – Саграрио го праша својот син, откако Диего влезе по бањата.
– Диего е внук на Мелчор Рентеира, мамо. Дојде да бара работа во рудникот и јас му дадов шанса.
– Ти си луд!, – извика Саграрио. – Сакаш да бидеш отпуштен од кралот на златото кој и онака те држи на пик?
– Ти добро знаеш дека јас не се плашам од тој човек, – самоуверено и одговори синот влегувајки во собата која ја делеше со Диего.
По многу години, Вадо одлучи одново да се сретне со дамнешната пријателка Касандра Алкосер, сопругата на генералот на Табаско. Антолин имаше задача да ја лоцира поранешната љубовница. убава, надмена и без влакна на јазик, Касандра беше онаква каква што дон Вадо ја помнеше.
– Касандра Алкосер! Колку време помина од нашата последна средба?, – ја праша галантно кога ја прими во својот дом.
– Слушнав за твојата операција и помислив дека нема повеќе да те видам, но гледам дека си стабилен, Вадо. Изгледаш одлично. Ти си како старо вино.
– Опасна си. Се опоравувам. Навистина ми е драго што повторно те гледам. Секогаш егзотична, убаво облечена и префинета во овој пеколен Табаско, – искрено и се восхитуваше дон Вадо. – Ти си жена која е родена да живее во Париз.
– Но, мажена сум тука и додека мојот сопруг е генерал на Табаско, мојот дом е тука.
– Не си воопшто променета, Касандра. Што ќе се напиеш?
Кога Тристан влезе во својата соба, Диего веќе беше прекриен до глава со памучниот чаршав. За разлика од него, Тристан носеше само боксерки на себе, бидејки летните ноќи во Табаско беа непријатни и спарни за спиење.
– Нема да можеш така да запсиеш, пријателе, – го посоветува Тристан. – Соблечи се бидејки вентилаторот не работи.
– Не ми пречи…Зимурлив сум..
Тристан легна на сојот кревет и ги стави раете под главата. Однадвор се слушаа штурците. По кратко до него допре гласот на Диего.
– Која е Јулиса? Девојката која неколку пати ја спомена?
– Најубавата жена на светот, Диего. Љубовта на мојот живот.
Касандра ја зеде чашата со мартини од послужавикот на Хосефина, повлече голтка и погледна во Вадо, кој со восхит ја гледаше од инвалидската количка.
– За што ме бараше?
– Антолин ми кажа дека си почнала да се бавиш со спорт. Бокс поточно.
– Не постои адреналин толку голем како во боксот, Вадо. Твојот доушник е во право. Имам свој тим на боксери во Виљаермоса.
– Сакам да ми кажеш нешто за еден боксер од твојот ринг, Касандра. Роки Санторо. Момчето беше еден од рударите во рудникот за злато се додека еден ден не исчезна. Исчезна ноќта кога една девојка беше убиена под овој кров.
– Не разбирам зошто ме прашуваш мене.
– Бидејки Роки Санторо е виден во твојот тим на боксери, Касандра.
– Роки не ја убил Енграсија Кало и ти добро го знаеш тоа.
– Истрагата укажува дека Роки бил последен виден со Енграсија…
– Ги познавам властите во оваа држава, Вадо, затоа не ми зборувај мене на што укажала таа корумпирана истрага.
– Не сакам да имам проблем со тебе, Касандра. Го ценам твојот сопруг и знаеш дека не ум во состојба да му кажам се што знам за тебе.
– Дали ова е твој начин на уцена?
– Секако дека не.
– Ти не си во состојба да ми се закануваш, Вадо бидејки твоите прсти се вмешани во злосторство. Роки Санторо повеќе не постои. По една борба во мојот клуб, го загуби помнењето и сега е Хуан Круз Перфекто, миленик на обложувачите и нова ѕвезда во боксот. Ти од него сакаше да направиш убиец, да го обвиниш за злосторството кое го изврши еден од твоите штитеници, но тоа нема да ти појде од рака. Нема, бидејки Роки сега е под моја заштита.
– Не биди наивна, Касандра. Во домот на Роки се пронајдени личните работи на Енграсија. Торбата, чевлите…Се покажува дека ја убил.
– Најголем грев на Роки бил што ја љубе таа девојка! Нема да дозволам да ми ја одземеш ѕвездата која ќе ми донесе пари, Вадо. Хуан Круз Перфекто е одличен боксер, совршен маж и страсен љубовник.
– Па ти си се заљубила во рударот, – цинично и дофрли Вадо.
– Не знам за што зборуваш. Хуан Круз Перфекто е со сина крв. Ако тоа беше се, овде завршува мојата посета.
– Не се труди да бидеш нескротилива, кога јас многу добро знам како да те совладам, – додаде Вадо, и грубо почна да ја љуби. Касандра најпрво се противеше на негвите милувања, но полека се предаде на дивата страст на Вадо.
Мистика која стоеше зад еден столб и практично го преслукуваше разговорот, очите и се наполнија со солзи од гнев и болка гледајки како саканиот љуби друга.
Следното утро, Тристан и Диего ги разбуди мирисот на појадокот кој Саграрио го спремаше во кујната. Сгарарио затропа на вратата од собата да ги разбуди за да не задоцнат на работа.
– Ајде, синче, скоро е шест, – рече Саграрио, приоѓајки до креветот на Тристан, нежно милувајки го за косата. – Ви подготвив појадок. Не сакам да ми држиш лутина, синче.
– Знаеш дека ме разбеснува кога зборуваш лошо за Јулиса, – рече Тристан и нежно ја прегрна својата мајка.
– Јас сму ти мајка и само сум загрижена за тебе. Без тебе мојот живот нема смисла. Ти си моја среќа, Тристан.
Диего ги стана од креветот. На себе носеше машка пижама која и ја позајми Тристан. Ги стави очилата на глава и влезе во бањата. Се потпре над умивалникот и ја пушти водата да тече. Додека го миеше лицето се сети на синоќешните зборови на Тристан.
– Која е Јулиса? Девојката која неколку пати ја спомена?
– Најубавата жена на светот, Диего. Љубовта на мојот живот.
На лицето на Јулиса се развлече широка насмевка.
– Ме сака! Ме сака само мене!
Продолжува…