Турската актерка очекува бебе?
Серијата “Дила” која секој работен ден се емитува на Сител телевизија во 21 часот, за кратко време ги освои гледачите пред телевизиските екрани. Македонската и балканската публика секојдневно ја следат популарната серија за љубовта и крвната одмазда, не само поради приказната со постојани заплети, туку и поради убавата актерка која ја толкува улогата на Дила.
Хатиџе Шендил е 31 годишна турска актерка, која во 2010 година ја освои титулата Мис на Турција. Пред да започне со прикажување “Дила”, Хатиџе и беше позната на македонската публика по улогата на Ѓулхајат во “Татко и синови” каде го запозна Бурак Садјашар, со кого и се омажи во ноември минатата година.
И покрај многутте прекини во врската кои ги имале, сепак нивната врска конечно е овековечена. Турските медиуми известија дека Хатиџе и Бурак очекуваат принова.
Бурак е исто така актер, кој во “Татко и синови” ја толкуваше улогата на синот Селахатин, а освен во таа серија, на гледачите им е познат и по улогата на Махир во “Завет” и Утку во “Пет сестри”.
Дани | ТВ Пакет