Трајче се пласираше понатаму во “Пинк ѕвездички”
Во вчерашното издание на “Пинк ѕвездички”, Трајче настапи со песна од Џеси Џеј. Тој ја отпеа “Nobody’s perfect” и наиде повторно на овации од жирито кои се задоволни од малиот Струмичанец затоа што со последните настапи го преброди краткиот кризен период во шоуто.
– Јас обожавам како тој пее, и со ниските подеми и падови кои ги имаше низ ова шоу. Тој е Трајче, тој има своја автентичност. Многу се тешки овие украси кои тој ги изедува, посебно за момче. Би сакала да работиш на тој дар, повеќе да уживаш и да се опуштиш – рече Јелена Томашевиќ.
– Уште повеќе очекувам од тебе. Тоа што го слушаш е она што го сакаш и она што го изедуваш. Пеам заедно со тебе и уживам – додаде Милан кој цело време уживаше во изведбата на Трајче.
Со новиот пласман, младиот Трајче е на чекот до големото финале од “Ѕвездичките”, кое се планира да се одржи кон крајот на јуни. Шоуто во Македонија се емитува со десетина емисии доцнење во однос на другите земји, но да се надеваме дека големото финале ќе го гледаме премиерно и на Сител телевизија.
Во продолжение, погледнете го вчерашниот настап на Ѓеоргиев:
Дани | ТВ Пакет