Традиционално и оваа година во Штип се одржува еден од најстарите македонски фестивали на забавни мелодии – „Макфест“. Годинава фестивалот прославува јубилеј од 30 години. Водители на сцената и во бекстејџот се добропознатите Марјана и Марко. Вечерва се одржа првото полуфинале, а во него од вкупно 12 композиции во финалето се пласираа 9 за кои одлучуваше публиката по пат на смс пораки.
Утревечер се одржува втората полуфинална вечер која ќе понуди 15 композиции од кои повторно 9 ќе се пласираат во финалето во петок.
А сега да видиме што имаше да каже Твитер заедницата на оваа тема и како тие ги коментираа нашите музички ѕвезди. Дел од твитовите на хаштаг #Макфест беа читани и за време на фестивалот од страна на водителот Марко. Твитер гореше од коментари за време на настапот на пејачката Пепа Димитрова која отпеа дури 7 песни тотално непознати за гледачите. Се коментираше и за константното учество на Маја Вукичевиќ на фестивалите како и за кошулата на Виктор Апостоловски. Ги издвоивме најдобрите.
Се твита за #Макфест. Сега ми е јасно зошто сме на ова дереџе како земја.
— Demos (@bakraci) June 3, 2015
Фестивалот визуелно и организационо барем две три нивоа над квалитетот на пеачите и авторите. #макфест
— Alek Ris (@alek_careca) June 3, 2015
Верче во финале? Ами дали и е позајмен фустанот од народен театар за две вечери?! #макфест
— Нема Грешка (@nema_greshka) June 3, 2015
Да..да… Пепа…. #Макфест pic.twitter.com/nXL3KVV4e2
— Забушант (@batekiko) June 3, 2015
#Пепа има повеќе песни од еден куп етаблирани ѕвезди. Следната година на #евровизија . #макфест #pepadimitrova
— Alek Ris (@alek_careca) June 3, 2015
Пепа е најсериозен кандидат да пее на следниот Super Bowl после спектакуларниот настап на #Макфест.
— DarKar (@DKaranfilov) June 3, 2015
I’m sorry, Pepa who? #Макфест pic.twitter.com/H20cUxNsty
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
ПЕПААААААААААААААА #Макфест pic.twitter.com/IDBhCf18QS
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
Вака така Пепа си го промовираше албумот на #Макфест. Песнава последна иначе и е микс од Лепа Брена и Мина Костич – дефинитивно!
— Igor_Uzunov® (@igoruzunov) June 3, 2015
Малечката невеста ќе заврши, ПЕПА ДИМИТРОВА НЕМА ДА ЈА НАПУШТИ СЦЕНАТА. #Макфест
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
А оваа Пепа кога била да бира песни сигурно рекла „Дај од тие шо најмалку ти искачаат у продажба” #макфест
— Мравка_ (@AntonijaAndonov) June 3, 2015
Прекрасната наша ревијална гостинка хахахахаха Она кога си толку популарна шо ни името не ти го знаат ОМГ ОМГ ОМГ хахахахаха умрев #макфест
— Precious (@MMitevska) June 3, 2015
За вложениот труд Пепа заслужува награда од 1000€ !! #Макфест #макфест2015
— ЛажичеКрем (@ilincey) June 3, 2015
Нека ми простат фановите на Пепа ама јас никако да ја доживеам како Бијонсе.Така мислам дека самата се доживува #Макфест
— Igor_Uzunov® (@igoruzunov) June 3, 2015
Твитер заедницата гласаше вака: 12 поена за оној доблесен што паричната награда ќе ја донира у Болница за детски болести !!! #Макфест
— Бапчо (@TheFitzzz) June 3, 2015
Мајка-оперска певица, ќерка-Маја Вукиќевиќ. Доказ дека крушата под круша не паѓа. #Макфест
— Poison Ivy (@Hedera_Genus) June 3, 2015
Страв е… кога Марче ќе им пријде на пејачиве со листата твитови кои ги издвоил… #Макфест
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
Децата од пинкови ѕвездички поубаво ми пеат. #макфест
— Сечена и Лепена (@LutaFeferonka) June 3, 2015
Ѓоко Таневски стандард со добра песна пошо, нАли, он ја има силата #макфест
— Precious (@MMitevska) June 3, 2015
Овој пат ако не го уапсат жирито пред крај, јаз’к да им е. #Макфест
— Балý (@az_buki) June 3, 2015
#Макфест пробува да си крева рејтинг преку твитер.
— Ернесто (@Petar_Che) June 3, 2015
Углавном 3 песни и 12 стихотворби #Макфест
— Бекутан. Ластик (@tronovno) June 3, 2015
Од мене за Марко фарба за коса… слободно и на брадата нека ја нанесе… #Макфест
— Бекутан. Ластик (@tronovno) June 3, 2015
На Твитер заедницата треба да и даете по 100 еура шо ве глеа #Макфест
— Бапчо (@TheFitzzz) June 3, 2015
Чекај да отворам во фрижидер нешто… за оваа Марјана да не излезе и од таму ми е… #Макфест
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
Немавме ниедна проба со танчерките…. Браво! Пофали се! Непрофесионализам! #макфест
— Брзозборка (@brzozborka) June 3, 2015
* Викторче, каде со дресов на Милан? #макфест
— Брус Вејнов собар (@MatrixOfHell) June 3, 2015
Виктор како прав фан на Барселона на #Макфест
— Марко (@ortographia) June 3, 2015
#Макфест е… на пример кога Верица Пандиловска ќе ја искористи манифестацијата за да ја облече венчаницата од мајка и.
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
Верче ака невестата бегалка… #Макфест
— Andrijana Jovanovska (@playbabeplay) June 3, 2015
Маја Вукичевич и единствена да биде на #Макфест нема да победе.
— Белата Нинџа (@belataninja) June 3, 2015
Со слика со све. #Макфест pic.twitter.com/XdqNhtTkN3
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) June 3, 2015
Јас сум увреѓен и душевно узнемирен због фактот што не ни кажаа која е ПЕПА! #Макфест
— Igor_Uzunov® (@igoruzunov) June 3, 2015