За секој има некој на овој свет
Од вечерва, на кабловскиот канал TLC започнува со емитување новиот интересен серијал “Необична љубов”, кој во 20 часот ќе се емитува во наредните саботи.
Жена со најтенок струк, маж со најголеми бицепси, жена со брада, па дури и Дедо Мраз – сите тие ја имаат најдено љубовта на својот живот. Како тоа го направиле и како го имаат пронајдено партнерот од своите соништа снимија камерите на TLC и го прикажуваат во новиот провокативен серијал ,,Необична љубов’’ кој премиерно започнува да се прикажува од 13 јуни во 20 часот.
,,Необична љубов’’ ги следи животите на луѓе кои докажуваат дека секој може да ја пронајдe својата посебна личност. Серијалот истражува романтични, провокативни и инспиративни љубовни приказни. Меѓу јунаците ќе видиме и жена која има коса долга 15 метри, а е омажена со фризер како и Дедо Мраз кој е во потрага по Баба Мразица.
Се мисли дека убавината е само во окото на тој кој ја посматра, а оваа интересна серија ја истражува тероијата дека луѓето не секогаш ги привлекува она што на поширокото општество му се чини “нормално”.
Дани | ТВ Пакет