Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #058 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #058 | ARDIENTE PASIÓN

58-мо продолжение

 

 

            Сораја се врати назад во пансионот на Магдалена. Се прашуваше кои беа луѓето кои така грубо го одведоа Хуан. Не можеше да ја извади од глава неговата насмевка, страсниот бакнеж кој ја круниса ноќта.

–          Хуан Круз,- воздивна длабоко. – Не знам кој си, но знам дека ниту еден друг маж пред тебе не направил да се чувствувам вака.

Во мислите ја прекина ѕвоното на мобилниот телефон. Брзо посегна по телефонот од чантата, за да не ги разбуди другите.

–          Ало?

–          Сораја Кало?, – слушна непознат женски глас од другата страна на линијата.

–          Да, јас сум.

–          Ти се јавувам само да те предупредам да се држиш подалеку од Хуан Круз Перфекто. Никогаш нема да биде твој, – потенцираше сопругата на генералот пред да ја прекине линијата.

Сораја остана збунета со телефонот во рака.

 

 

            Дамијана ја спушти чашката со алкохол кога доцна во ноќта, во вилата се врати Ектор.

–          Ектор, те чекав, – му рече приоѓајки му.

–          Не сега, Дамијана. Имав долг ден. Ќе одам под туш и право во кревет. Ќе зборуваме утре.

Ектор не и ни обрна внимание на нејзините потреби. Се упати кон својата соба на катот, оставајки ја девојката неислушана.

–          Што сакаш од Ектор?, – како сенка во холот се појави Ребека.

–          Ај, мајко. Ме преплаши.

–          Те прашав нешто, Дамијана.

–          Не е тоа што мислиш. Сакав да дознам од Ектор зошто оној рудар му е толку важен на вујко.

–          Кој рудар?

–          Диего Рентеира. Зошто Диего Рентеира сака да му наштети на Вадо? Зошто толку многу луѓе го презираат мојот вујко?

Дамијана повторно остана без одговор кога во вилата влезе Вадо.

–          Вујче, те чекав, – крикна Дамијана кога го здогледа.

–          Тргни ми се од пред очи, несреќо!, – дон Вадо како по обичај не бараше средства кога стануваше збор за неговата внука. – Ребека, си го видела Антолин? Морам да разговарам со него.

–          Мислам дека е во библиотеката, Вадо.

Вадо без збор се повлече кон билиотеката, а Дамијана посегна по нова чашка пијалок.

–          Многу пиеш, – ја предупреди нејзината мајка.

–          Виде ли како се однесува кон мене мајко? Никој не ме сака. Ни Ектор, ни вујче…

–          Ме боли кога те гледам ваква. Ја топиш болката во алкохол поради тоа што луѓето те одбиваат. Ајде да си одиме од оваа куќа заедно, Дамијана. Ќе најдеш нови пријатели, ново момче кое ќе те цени и сака…

–          Ни мртва! Ла Дорада е моја куќа и само мртва би излегла од тука!

 

Вадо ја затвори вратата од библиотеката и пријде до Антолин кој до доцна во ноќта работеше на компјутерот.

–          Треба да зборувам со тебе.

–          Повели, дон Вадо.некој проблем?

–          Се појави внукот на Мелчор. Го видов и зборував со него.

–          Внукот на Мелчор Рентеира? Дали сте сигурен, дон Вадо?

–          Секако дека сум сигурен. Момчето е исто како и неговата мајка Росанхелика.

–          Што сака?

–          Не знам, но мораш да провериш. Сакам да знам се за него. Каде бил овие дваесет години, со кого живеел…Но, имам уште еден проблем. Бев кај Магдалена и…Почнавме да се расправаме кога еден од нејзините штитеници застана меѓу нас и…

–          Што се случи, дон Вадо?

–          Го извадив пиштолот и го ранив…

–          Сериозно?

–          Не знам, треба да ми провериш.

–          Веднаш дон Вадо, – рече Антолин послушно, го исклучи компјутерот и ја напушти библиотеката.

 

Дамијана седеше сама во салонот кога изелезе Антолин. Погледна околу себе, па  пријде до девојката ја зеде за рака и тивко и рече;

–          Слушај ме што зборувам и без прашања. Мораме да склопиме сојуз, јас и ти! Имаме сериозен проблем од кој мораме да се ослободиме. Диего Рентеира е наследник на целата империја на твојот вујко. Диего е негова крв. Негов син единец.

–          Син?

–          Син кој го имал со Росанхелика!

 

 

Јулиса излезе од бањата и пријде до Тристан кој ја чекаше на својот кревет.

–          Со кој зборуваше?, – ја праша низ насмевка.

–          Со мајката надорничка. Се слушнала со мајка ми и рано наутро, Магдалена ќе оди во манастирот да ме посети.

–          Смири се, љубов моја.

–          Како да се смирам, Тристан? Кога мајка ќе дојде ќе сфати дека не сум таму, ќе ја открие играта која ја играм и никогаш нема да ми прости. Не сакам да ја загубам и неа…

–          Нема да дојде до тоа, мила моја. Спакувај се. Одиме во Веракруз.

 

Ектор не можеше да запсие таа вечер. Нервозно се превртуваше по постелата кога некој ја отвори вратата од неговата соба и навлезе светлина од ходникот. Кога стана од креветот, го забележа дон Вадо како му приоѓа.

–          Сакав да зборувам со тебе, Ектор.

–          Кажете. И онака не можев да заспијам.

–          Што ти кажале за мене штом не можеш да запсиеш?

–          Дон Вадо, ве молам, сакам да бидете искрен со мене. Дали е вистина дека се што имате е украдено од Мелчор Рентеира?

–          Тоа е лага на Мелчор и неговите следбеници како Магдалена Ромеро и Јулиса. Мелчор никогаш не го одобруваше мојот брак со неговата ќерка Росанхелика. Јас бев обичен рудар, а тој моќен сопственик и најбогатиот човек во Табаско. Но, мојата љубов кон Росанхелика беше посилна од се. Се венчавме и од таа љубов се роди син.

–          Не знаев дека сте имале дее со Росанхелика…

–          Мојот син е она момче кое го запознавме во куќата на Тристан. Мојот син е Диего Рентеира. Наследникот на целата моја империја.

–          Како сте сигурни дека е тој?

–          Нема сомнеж. Плукнат е како неговата мајка. Кога Росанхелика се породи, дојде до компликација и почина. Мелчор ми го зеде синот, со цел да ме држи во раце. Но дојде до страшна трагедија во рудникот, експлозија во која умреа многу рудари и Мелчор заврши зад решетки. Тогаш, рудникот за злато се затвори. Многу години подоцна јас ја купив концесијата за копање и го отворив рудникот. Тоа е целата вистина која мораш да ја знаеш. Но, тоа што сега се појави мојот син, не значи дека ти ќе останеш без ништо. Од сите мои посвоени синови, одсекогаш сум имал доверба сао в тебе, Ектор. Затоа сега, повеќе од било кога сакам да се ожениш со Јулиса и да дојдете да живеете овде на Дорада. Исто така те задолжувам да го надгледуаш мојот син додека е во рудникот. Диего е горд и не прифаќа да дојде да живее со мене. Сакам да се зближиш со него, да му зборуваш добри работи за мене, со цел полесно да ме прифати како татко.

–          Секако, дон Вадо.

–          Се гордеам со тебе, Ектор, – на крајот изморено рече дон Вадо, го потапка Ектор по рамењата и ја напушти собата. Беше доцна и заморот го совлада.

 

 

Наредното утро, дон Вадо го пиеше утринското кафе со утрински весник во рацете, под тендата во градината, кога до него пријде Антолин.

–          Дон Вадо. Само да ве известам дека Магдалена нема поднесено кривична постапка против вас за случувањто во Голондрина.

–          Кога подобро ќе размислам, повеќе не ми е во корист да бидам во војна со Магдалена. Сеуште ли важи нашиот план, Антолин?

–          Секако дон Вадо. Штом Магдалена ќе потпише да ви ги даде документите во замена за сметката на Кајманските острови, парите ќе бидат префрлени на нејзино име, а истата веер ќе поминат трансфер на дтурга сметка. Така вие ќе го имате документот а Магдалена повтроно ќе нема ништо.

–          Тогаш останува уште да се погрижам за Касандра Алкосер, – мирно додаде Вадо. – Не смеам да ја завртам против себе бидејки нејзиниот сопруг, Генералот Атилио Алкосер ја одобри концесијата за копање која ја украдов од Мелчор пред многу години.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!