“Семејство” – нова турска драма на регионалните телевизии
Од следната недела на регионалните телевизии А1, О2, Мега, Ултра, К1, К3, Канал 3 и К+ на местото на “Самрак” започнува уште една турска серија. Се работи за семејната драма “Семејство” во 126 епизоди, која ќе се емитува од понеделник до петок во 18 часот, со реприза следниот ден во 11.30 часот претпладне, како и неделни репризи за време на викендите.
Во продолжение ве запознаваме со содржината на серијата :
Самим е еден весел човек, кој работи како келнер на брод. Неговиот сладок, лесен и безгрижен живот на брод завршува кога дознава дека неговата сестра и зетот умреле во тешка сообраќајна несреќа. Ќе мора да ја напушти работата, но пред тоа и да ги исплати коцкарските долгови кои ги има на бродот. Во тоа му помага неговиот најдобар пријател Али, па дури тогаш Семим безгрижно може да отиде во Истанбул за да ја погреба сестрата.
Но она што не може да го претпостави е дека трите деца сирачиња на неговата сестра сега се сами и единствен роднина што го имаат е всушност самиот тој. Семим решава да се погрижи за децата и сите заедно се вселуваат во една нова куќа. Тој постепено сфаќа дека ова ова што му го приреди животот е клуч за голема среќа во семејството и дека не треба да се плаши од обврските што го чекаат како старател на три деца.
Нивна нова соседка е Мелиха, која всушност била бивша свршеница на Семим. Пред 20 години, тој ја оставил пред олтар и од тогаш таа не чула ниту збор за него, ниту пак сакала да чуе за било кој друг маж, особено не за Семим. Мелиха живее со двете сестри Фериде и Сејхан за кои посакува добри мажи, а не такви што би ги оставиле на самата венчавка.
Сејхан е верена за Халим, кој има мало ресторанче, а пак Фериде е во врска со Кенан, кој како за инает, се плаши од брак и само го одложува денот на свадбата што и пречи на Мелиха. Мелиха чувствува многу бес кон соседот Семим поради тоа што и го направил во минатото, но она што не може да го скрие се чувствата кои сеуште ги има кон него а кои се разгореа при нивната повторна средба по толку многу години.
Сите овие ликови, заедно, ќе создадат една голема фамилија која заедно ќе почне да ги решава проблемите кои им ги носи судбината. Многу хумор, љубов, неверства, тајни, згоди и незгоди се кријат во иднината која го чека ова семејство.
Улоги: Uğur Yücel (Самим), Ozan Güven (Али), Şebnem Bozoklu (Мелиха), İlker Aksum (Халим), Ezgi Mola (Фериде), Funda Eryiğit (Сејхан) и др.
Дани | ТВ Пакет