60-то продолжение
Капричо беше изненадена од реакцијата на својот татко кога го извести дека нејзиното момче сака да го запознае. За таа пригода, Хосе Гвадалупе од својот орман го извади единственото одело кое го имаше, а го носеше само на свадби и погреби.
Капричо купи нов фустан во црвена боја од бутикот на Сораја кој одлично и прилегаше и ја истакнуваше нејзината женственост.
– Изгледаш преубаво, принцезо моја, – и рече Хосе Гвадалупе кога ја виде својата ќерка.
– Татко.. Очите ми се полнат со солзи кога те гледам ваков. Ти благодарам што ми даваш шанса да бидам среќна. Што ме подржуваш во мојот избор.
– Твојата среќа е моја среќа. Ајде да го извадиме виното од визбата. Во колку рече дека ќе дојде тој твој Саломон?
За тоа време, Саломон се подготвуваше во својата хотелска соба и размислуваше за Капричо. Никогаш во животот не бил толку вљубен како сега.
– Не можам да си го замислам животот без тебе, Капричо, – помисли на глас, гледајки го својот среќен одраз во огледалото. На наткасната стоеше кутивче со прстен. Помсилата дека ќе ја побара за жена, развлече широка насмевка на неговото лице.
Доби желба да ги извести своите родители за таа вест, па го зеде својот мобилен телефон и го заврте бројот во куќата на своите родители во Мексико Сити.
– Домот на фамилијата Алкантар, како можам да ви помогнам?, – го слушна пискавиот глас на слугинката.
– Мартита, овде Саломон.
– Господине Саломон, како сте? Кога си доаѓате дома? Не заборавивте.
– Ќе биде наскоро, ветувам. Дома ли се моите?
– Госпоѓата Енрикета е во клубот, а господинот Родолфо е тука. Веднаш ќе ви го дадам.
– Благодарам, Мартита.
Додека чекаше да го добие својот татко на линија, Саломон погледна на рачниот часовник. Имаше уште половина час за да дојде во домот на Хосе Гвадалупе.
– Синко, – го слушна длабокиот баритон на својот татко.
– Како си татко? Како оди? Се јавувам само да ти кажам дека денес ќе ја побарам мојата девојка за жена. Па сакав и да се најавам дека ќе дојдеме да ве посетиме наредниот викенд.
– Што рече?
– Ако господ сака и ако Капричо каже да, ќе се женам татко, – низ намсевка повтори Саломон.
– Како тоа ќе се жениш? Што е со Алисија Алтамирано?
– Татко, јас и Алисија ја раскинавме веридбата уште пред неколку месеци. Продолжив со животот, верувам и таа.
– Но, како можеш да се вериш со девојка која штотуку си ја запознал?
– Капричо е неверојатна девојка, татко, искрена, чиста.
– Ти забранувам! Неодамна се видов со Франсиско Алтамирано, таткото на Алисија. Знаеш ли што направила девојката откако ја остави, неблагодарнику? Се обидела да си ги пресече вените и завршила во санаториум. Франсиско и Луиса се скршени. Замисли што ќе направи нивната ќерка ако дознае дека си се верил за друга?
– Жалам за тоа што го слушам, татко, но јас сум тука среќен. Капричо е мојата иднина. Не заборавај дека ти и мајка ја избравте Алисија за моја жена и никогаш не бев среќен со неа. Затоа и така заврши нашата врска.
– Тогаш прави што сакаш, Саломон, но таа твоја вереница нема да има пристап во мојата куќа!, – додаде Родолфо Алкантар и ја тресна телефонската слушалка.
Тоа попладне, Кристела дојде во болницата да го изнесе Лучо кој беше пуштен на домашна терапија. Раната која ја задоби полека заздравуваше, а веќе можеше и да станува од креветот.
– Викнав такси да дојде по нас, – го извести Кристела полека земајки го под рака.
– Немам пари да се вратам и да осанам под кирија кај Хосе Гвадалупе, Кристела. Освен тоа, по препреката со дон Вадо, тешко дека ќе ме врати на работа во рудникот.
– Тогаш? Каде ќе живееш, Лучо?
– Мислев во пансионот кај Магдалена.
– Добро знаеш дека Голондрина е паснион само за девојки, Лучо.
– Магдалена треба да биде благодарна што и го спасив животот. Остави ме да зборувам со неа.
– Магдалена не е во Табаско. Замина да ја види Јулиса во Веракруз. Како и да е, не верувам дека ќе ти дозволи да престојуваш во пансионот, Лучо.
– Тогаш остави ме да бидам во твојата соба. Кога ќе се врати Магдалена јас ќе зборувам со неа.
Кристела немаше храброст да му каже дека Магдалена и забрани да се гледа со него. Не беше ни свесна колкави неприлики ја чекаат.
Во меѓувреме, Тристан се разбуди по силниот удар во главата. Застана на нозе и пријде до своето комби. Немаше претстава каде ја одведоа Јулиса, само знаеше дека неговата сакана е во голема опасност и дека тој не успеа да ја заштити.
– Морам да ја најдам пред да му ја предадат на Кралот на златото, – помисли за себе пред да го запали моторот на возилото.
Киднаперите застанаа во еден ресторан на патот да земат за јадење и вода, кога Јулиса ги замоли да ја остава да оди во тоалет.
Главниот меѓу нив му дозволи на Диего да ја заврши потребата доколку еден од нив го чека пред вратата.
Чекаа натамошни упатства од Антолин Варгас.
Индалесија ја менуваше Магдалена во кујната, кога слушна како некој влегува во холот на пансионот, па ги забриша рацете од престилката и ја виде Кристела како влегува со Лучо, а зад нив Хосе Фрихол носи торба со себе.
– Што значи ова, Кристела? Какви се тие куфери, Хосе Фрихол?
– Моите работи, Индалесија, – одговори Лучо кој на штаки влезе во куќата.
– Од денес Лучо ќе живее во мојата соба, – ја извести Кристела.
– Кристела, немаш право да го користиш отсуството на Магдалена за нешто вакво, – ја прекори Индалесија.
– Ќе зборувам со Магдалена веднаш штом ќе се врати.
– Јас ќе ја зивестам уште денес!, – изнсистираше Индалесија. – Магдалена ми го остави пансионот во мои раце, ме назначи за одговорна додека е отсутна и нема да толелирам нешто вакво!
– Што се замислува оваа курва, Кристела?, – бесно извика Лучо.
Индалесија и Кристела го погледнаа со запрепасување.
– Лучо, немаш право така да зборуваш за Кристела…
– Треба да биде среќна што ќе може да гледа машко во близина, бидејки со тој табиет, никогаш нема ни да види маж околу себе, – гневно додаде Лучо, а Индалесија трчајки се упати кон кујната.
Седна на масата и почна гласно да плаче погодена од зборовите на Лучо.
Во меѓувреме, Капричо го живееше својот најсреќен ден во животот. Саломон одлично се сложуваше со нејзиниот татко. Хосе Гвадалупе имаше подготвено печено јагне за таа пригода а наздравија со старо црвено вино кое го чуваше за убави моменти. На крајот, Саломон го извади вереничкиот прстен, ја зеде раката на Капричо која мислеше дека ќе заплаче во секој момент и погледна во нејзиниот татко.
– Господине, со сета должна почит, би сакал од вас да ја побарам раката на вашата ќерка.
– Господине адвокат, ми делувате како искрен и чесен млад човек, – рече Хосе Гвадалупе со растреперен глас. – Би ми било задоволство да ја дадам раката на мојата ќерка единица на човек како вас.
Капричо не можеше да ги сопре солзите. Гледаше во својот татко наспроти неа, па во саканиот пред себе.
– Капричо, дали сакаш да бидеш моја сопруга?
– Повеќе од се на светот, љубов моја, – крикна девојката на чија рака се најде вреден дијамантски престен.
Лучо одмараше на креветот во собата на Кристела, кога девојката влезе и ја затвори вратата зад себе.
– Немаше право така да и се обратиш на Индалесија.
– Ниту таа имаше право да се поставува како газдарица каде што не и е место.
– Магдалена има доверба во неа и верувам дека ја задолжила да внимава на пансионот додека е отсутна.
Нивниот разговор го прекина тропање на вратата. Кристела даде знак за влез и во собата се најде малиот Хосе Фрихол.
– Кристела, заборавив да ти кажам. На телефон те бараше Ефраин Фернандез, ми рече да му се јавиш кога ќе дојдеш дома.
– Ефраин Фернандез?- избувна Лучо потстанувајки од креветот. – Од каде ти го познаваш Ефраин Фернандез, Кристела? Одговори ми!