Златни Денови Кратово и оваа година ја имаат вистинската формула за одлична забава, многу музика, изненадувања и разладување. Ова лето по втор пат во Кратово ќе се случува вистински музички хепенинг, празник за сечиј вкус. Уникатен начин на кој ќе се внесе звукот на македонската музика и мирисот на добрите вибрации во Кратово, градот на мостовите и кулите. Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто да се биде овој викенд во Кратово.
Првиот ден од Златни Кратовски Денови 2015 ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.
За таа цел, на Фејсбук ФАН страната, со наслов Златни Денови Кратово,
https://goo.gl/vBU3ni
ќе може јавно да се објавуваат и споделуваат моменти за афирмација на самата манифестација како и фотографии и песни, со што ќе се зголеми фактографската културна ризница за оваа македонска музичка легенда, Јонче Христовски.
Богата музичка програма, разните изведувачи кои секого ќе остават без здив се најава за она што ќе се случува од 26-ти до 28-ми јуни. Бајага и Инструктори, Ѕвездите од X–Фактор, предводени од нашите овогодинешни претставници, Боби Мојсовски и Даниел Темелков, овогодинешниот евровизиски претставник, Даниел Кајмаковски, Елена Ристевска, Куку Леле, Чалгија Саунд Систем, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Блага Петреска се само дел од ѕвездите кои дополнително ќе го збогатат овој убав музички хепенинг и допринесат за весела и позитивна атмосфера. Златни Кратовски Денови имаат забава и за најмладите кои сите три дена ќе се дружат со ѕвездичките од Златно Славејче.
Само за потсестување, Златните Денови Кратово започнуваат на 26-ти и траат се’ до 28-ми јуни. Сите правци викендот водат кон Градот на мостовите и кулите, Кратово.