Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #061| ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #061| ARDIENTE PASIÓN

61-во продолжение

 

 

 

            Лучо луто и бесно гледаше во Кристела. Малечкиот Хосе Фрихол сфати дека не му е место повеќе во собата, па излезе затворајки ја вратата зад себе.

–          Одговори ми, Кристела! Од каде го познаваш Ефраин Фернандез?!

Беше толку вон себе што грубо и ја притисна раката чекајки одговор.

–          Го исконтактирав бидејки сакав да ти помогнам, љубов моја.

–          Никој нема право да копа по моето минато!, – гласот на Лучо стануваше се повисок а пристискањето на раката се посилно. – Од каде ти право да ме истражуваш, Кристела? Која си ти? Што се замислуваш? Мислиш дека тоа што спијам со тебе ти дава на право да ми се мешаш во приватноста?

–          Спијам со тебе? Тоа е она што го мислиш за нас? Само дека спиеме еден со друг?  Ти си човекот на мојот живот, Лучо, мажот со кој сакам да имам деца еден ден…

–          Си ги помешала нештата, драга!, – Лучо се повеќе се разбеснуваше. Повеќе не бираше зборови. – Ти никогаш не би можела да бидеш мајка на моите деца. Ти си ороспија со школа! Јас доаѓам кај тебе, ти ме задоволуваш. Крај на приказната!

–          Јас те љубам, – во шок извика Кристела.

–          Тоа не е мој проблем. Ова е последен пат како што ме гледаш!, – додаде тој, посегна по својот куфер иако тешко движејки се на штаки, ја напушти собата.

–          Лучо! Лучо, не ме оставај те молам!, – плачеше Кристела гледајки го како заминува.

 

 

Откако Магдалена пристигна во манастирот, веднаш побрза да ја најде мајката надзорничка.

–          Мајко Крисанта, како сте?

–          Добро сум, Магдалена. Како си ти?

–          Не најдобро, мајко. Имам лошо претчуство.

–          Смири се, ќерко. Си поминала долг пат. Дали сакаш да се напиеш нешто?

–          Не. Сакам да ја видам мојата ќерка. Каде е Јулиса?

–          Зошто толкава паника, ќерко? Јулиса е добро и го знаеш тоа.

–          Морам да ја известам нешто Јулиса. Морам да ја предупредам. Морам да ја најдам прд другите, во спротивно животот и е во опасност, – панично изјави Магдалена.

–          Без грижи, Магдалена. Веднаш ќе се јавам во засолништето каде што е твојата ќерка и ќе и речам да дојде.

Мајката Крисанта одново се најде во заседа криејки ја Јулиса. Се прашуваше каде е девојката до сега кога навремено беше известена за доаѓањето на Магдалена во манастирот.

 

 

            Касандра Алкосер седеше во својата луксузна вила опкружена со телохранители и слуги кога се појави Вадо. Касандра беше интелигентна жена и многу добро знаеше дека кралот на златото сака нешто од неа. Пред многу години беа љубовници  се додека не му здосади и не ја отурна од себе.сега таа беше во предност бидејки го имаше најсилното оружје – искуството.

–          Дојдов да те видам и да те замолам за прошка, – рече тој кокенто приоѓајки до неа. – Се прашувам дали сеуште си толку добра во кревет како што беше некогаш.

Касандра му дозволи да флертува со неа и да ја допира. Нејзиниот сопруг, генералот, ретко кога беше дома и флертувањето со други мажи на еден начин ја одржуваше во живот.

–          Знам дека си тука бидејки ти треба услуга од мене, Вадо. Ми се обрати по смртта на онаа девојка, Енграсија Кало. Зошто? Бидејки ти си замешан во нејзиното убиство.

–          Таа девојка случајно почина.

–          Тогаш објасни ми зошто твоите луѓе ја префрлаат таа смрт на мојот штитеник?

–          Не знам за што зборуваш, – Вадо го криеше погледот.

–          Таа девојка беше штитеничка на Магдалена Ромеро, поранешна проститутка и тоја љубовница, – продолжи да го напаѓа жената на генералот. – Сигурно си ја убил девојката за да и се одмаздиш на куртизаната. Тоа е целата вистина.

–          Се восхитувам на твојот бистар ум, Касандра, но овој пат не си во право. Иако, да, Магдалена Ромеро е моја поранешна љубовница и тука сум за неа. Сакам да ми помогнеш да и поставиме стапица.

 

 

Во манастирот Магдалена нервозно одеше лево-десно. Веќе помина еден час откако надзорничката прати абер по Јулиса и доесга требаше да дојде. Слушна чекори во холот и се израдува дека е нејзината ќерка. Наместо неа, во одајата влезе мајка Крисанта, сама.

–          Извини, Магдалена, но ја побарав Јулиса во засолништвото и никој не знае каде е.

На Магдалена и се пресекоа нозете.

–          Вадо ја исполни својата закана, – крикна. – Или тоа, или…Не, не смеам да мислам лошо. Мојата ќерка е жива. Мора да е!

 

 

Антолин се врати во вилата на дон Вадо каде што нетрпеливо го чекаше Дамијана. Ја повлече за рака и влегоа во библиотеката каде што можеа да зборуваат насамо.

–          Кажи ми што се случи?, – немирна беше Дамијана. – Дали заврши со Диего?

–          Ги задолжив најдобрите луѓе кои ги имам да ги пресретнат на патот за Веракруз. Ми јавија дека го имаат момчето.

–          Не го сакам жив, Антолин, – го потсети Дамијана. – Нека го убијат. Веднаш!

Заѕвоне мобилниот телефон на Алнолин. Беше Ратас, водачот на групата.

–          Шефе, овде Ратас. Со малиов сме во еден паб на десетина километри од Агва Дулсе.

–          А другиот? Што е со Тристан Фуего?

–          Го оставивме на улица, како што ни наредивте, шефе.

–          Во ред. Тогаш знаеш која е мојата следна наредба,  – крако заповеда Антолин пред да го прекине разговорот, несвесен дека на пагот од вратата стои Вадо.

 

 

Кога Диего влезе во тоалетот, наиде на една проститутка која ја поправаше својата нападна шминка пред огледалото. Девојката се израдува кога здогледа срмаежливо момче во тоалетот за дами. Помисли дека се работи за муштерија па му се насмевна.

–          Здраво, малечок. Не сум те видела порано. Сигурно не си од тука. Ако сакаш, можам да ти покажам нешто за сто пезоси.

–          Не сум тука за она за што ти мислиш, – рече Јулиса и мораше итно да делува. Посегна по првиот тврд предмет кој и дојде при рака, порцеланскиот држач за течен сапун и силно ја удри проститутката по глава.

Кога девојката падна онесвестена на подот од тоалетот, Јулиса ги соблече нејзините алишта и ги облече на себе.

 

            Сега беше слободна. Излезе од тоалетот како девојка и никој од киднаперите не ја препозна. Кога истрча на улица, побара автостоп и се упати кон местото каде што го оставија Тристан. Облечена како што беше, со мини здолниште, високи потпетици и јака шминка, не можеше да остане незабележана.

Кога шоферот на каминот ја остави на бараното место, девојката се разочара бидејки не го виде саканиот. Не беше ни чудно, бидејки поминаа часови. Се упати кон блиската бензинска пумпа да телефонира, кога во кантината го забележа Тристан. Лицето и се промени од среќа и задоволство што го гледа. Му дотрча во прегратка.

–          Тристан.

–          Јулиса, љубов моја, дали си добро?

–          Да, да. Но мораме да одиме одовде, сигурно ќе ме бараат. Но, прво одведи ме негде да купам нешто, не можам да одам ваква.

Пресеќен што ја гледа, Тристан ја бакна со неизмерна стаст, ја подигна во своите силни раце и ја поведе кон своето комби.

 

 

            Додека Антолин му извршуваше наредби на Ратас да го докрачји Диего, во библиотеката влезе Вадо кој штотуку беше вратен од кај сопругата на генералот. Влезе на време за да ги слушне последните зборови на Антолин.

–          Која е твојата следна наредба, Антолин?

–          Дон Вадо…На еден од моите луѓе им наредив да тргнат човек кој не работи добро, – се извлече Антолин.

–          Лажеш! Чажеш, стаорецу!, – Вадо му се доближуваше гледајки го со бес. – Ми работиш  зад грб исто како и Матакан. Доаѓам од кај Касандра Алкосер и ми кажа за твојата превара. Дека си го наместил рударот Роки Санторо дека ја убил онаа девојка.

–          Вие побаравте да го заташкаме она што го направи Матакан, дон Вадо, – се правдаше Антолин.

–          Внимавај, Антолин. Ако му се случи нешто на мојот син, ќе платиш со својот живот!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!