62-ро продолжение
Капричо ги живееше најсреќните денови од својот живот. Кога таа приквечерина се врати во пансионот на Индалесија и го покажа големиот веренички прстен.
– Не можам да поверувам, – крикна Индалесија.
– Не можам ни јас, Индалесија. Се случува се со толкава брзина. Саломон сака да се венчаме уште овој месец. Ништо големо, само мала прослава со најблиските.
– Саломон е прекрасен човек, Капричо. Ти посакувам да бидеш среќна.
Колку и да се обидуваше да биде среќна за својата пријателка, Индалесија не можеше да ја сокрие тагата од своето лице.
– Што ти е , другарке?,- Капричо ја забележа нејзината промена.
– Ништо, – одговори Индалесија бришејки ги солзите. – Само што…Сите сте среќни. Сите си го најдовте мажот на својот живот. Сите, освен јас. Јулиса е со Тристан, ти со Саломон, а Кристела со Лучо.
– Еден ден и ти ќе го најдеш човекот кој ќе те направи неизмерно среќна, другарке. Не очајувај.
Во тој момент заѕвоне телефонот од торбата на Капричо. Беше бројот на Саломон.
– Љубов моја, те чекам во лобито на хотелот. За колку можеш да дојдеш?
– За половина час, – одговори Капричо гледајки на рачниот часовник.
– Сакам да те запознаам со некого, – додаде Саломон пред да ја прекине линијата.
Ноќта полека го спушти својот вел врз манастирот каде што Магдалена сеуште немаше вести за својота ќерка. Надзорничката ја послужи со чај од темјан, загрижена поради агонијата на жената.
– Се распрашав, но никој не знаеш ништо за твојата ќерка. Се чуствувам виновно. Што ли можело да се случи?
– Не е ваша вина, мајко Крисанта. Добро ја познавам мојата ќерка. Сигурна сум дека побегнала од засолништето без никој да ја види. И реков да ми остави се на мене, но не сакаше да ме сослуша. Исто беше и првиот пат кога се вработи во рудникот.
– Добра вечер, доња Магдалена, – низ одајата одекна познат машки глас. Магдалена се заврте и го здогледа Ектор Фалкон пред себе.
– Ектор? Од каде ти овде?
– Дојдов по Јулиса, доња Магдалена.
– Добро знаеш дека не те сакам во близнина на мојата ќерка. Сигурно си тука по наредба на Вадо.
– Ги разбирам вашите стравови, но јас искрено сум тука само за Јулиса. Никој не ме пратил.
– Мамо, – крикна гласот на Јулиса, кога заедно со Тристан влегоа во одајата.
Магдалена почувствува како срцето и се исполнува и потрча кон Јулиса земајки ја силно во прегратка.
Кога Капричо влезе во фоајето на хотелот каде што престојуваше Саломон, го забележа својот вереник како седи на масата во бистрото со еден постар господин.
– Капричо, – ја довикна земајки ја за рака. – Сакам да го запознаеш мојот татко, Родолфо Алкантар. Татко, ова е мојата вереница, Капричо Кастро.
– Мило ми е што ве запознав, господине Алкантар, – љубезно му се насмевна Капричо, иако сеуште затекната од ненајавената посета на својот иден свекор.
– Извини што те повикав вака неподготвено, но ниту јас не знаев за изненадната посета на мојот татко. Ајде, да преминеме во ресторанот и да нарачаме вечера. Прилика да се запознаете подобро, – предложи Саломон на крајот и држејки ја својата вереница за половината се упатија кон ресторанот на хотелот.
Родолфо го допи својот пијалок на шанкот, гледајки во девојката пред себе. Немаше сомнеж дека го освоила неговиот син со својата убавина, но девојка од таква класа не смее да влезе во неговата престижна фамилија.
Тристан не можеше да го тргне погледот од Ектор кога го виде во одајата на манастирот. Го праша од каде тука, но остана без одговор.
– Каде беше, љубов моја?, – Магдалена не можеше да и се изнагледа на Јулиса. – Те чекав цел ден.
– Те лажев, мајко. Цело време те лажев бидејки направив нешто што знам дека никогаш немаше да го одобриш. Но, мораш да ми веруваш дека тоа го направив за нас двете, пред се.
– За што зборуваш, ќерко?
– Ќе ти кажам се.
Тристан пријде уште поблиску до Ектор.
– Те прашав што бараш ти овде?
– Дојдов по Јулиса.
– Јулиса е со мене.
– Ти имаш друга. Јулиса е моја!
– Смачено ми е од твоите интриги, Фалкон! Но колку и да се обидуваш, залудно е, бидејки јас и Јулса се сакаме и ќе се венчаме.
– Добога, се ноѓаме во манастир. Ова е божји дом, – ги предупреди мајката Крисанта. – Ако сакате да се расправате, излезете одовде.
Откако нарачаа вечера, Саломон се упати кон тоалетот, оставајки ги насамо Карпичо и неговиот татко.
– Зборувај ми за себе, девојко, – инсистираше дон Родолфо Алкосер. – За твојата фамилија.
– Нема што многу да се зборува за мојата фамилија. Мајка ми го оставила татко ми за друг кога сум била мала. Израснав со него. Кога наполнв осумнаесет години сакав да се осамостојам па се отселив од дома и од тогаш живеам во пансионот на Магдалена. Татко ми е помалку строг, но секогаш сакал да бидам пристојна, образована…
– Што работи татко ти?
– Тој е рудар во рудникот за злато на дон Вадо Фалкон.
– Аха…А што имаш ти завршено?, – ја праша Родолфо со цел што повеќе да дознае за девојката.
– Средно училиште, – гордо изјави Капричо бидејки за девојките во Малиналко тоа беше успех.
– Само средно училиште?, – нагласи Родолфо со желба девојката да ги воочи разликите помеѓу неа и нејзиниот син.
– Да. Но, откако ќе се венчаме, Саломон ми вети дека ќе ми помогне да се запишам на некој курс. Можеби за секретарки.
– Дали знаеш што има завршено мојот син? Ако, не, дозволи ми да ти објаснам. Саломон беше најдобриот студент по право во својата генерација. По студиите доби безброј понуди за стипендии за магистерски студии. По магистерските студии, запиша и заврши докторат во Хардвард. Знаете за Хардвард, нели? Тоа е најпрестижната школа во САД. Видете, госпоѓице, мојот син потекнува од фамилија со традиција. Саломон никогаш не носел неразумни одлуки. Се додека не се запознавте.
– Јас го љубам вашиот син, господине Алкосер, – прошепоте Капричо на работ да заплаче.
– Девојка како тебе не може да биде вистинскиот избор за еден Алкосер, – додаде Родолфо, игноирајки го тоа што го слушна. – На Саломон му треба жена која интелектуално ќе му парира, некоја која ќе патува со него по конвенции и ќе знае да зборува англиски и француски со неговите партнери. Мојот син има тенденција да биде претседател еден ден. А ти, драга моја, ти не си најсоодвете избор за прва дама.
Очите на Капричо се полнеа со солзи и се прашуваше дали ќе издржи до крајот на вечерата.
– Еве ме, – конечно го слушна гласот на Саломон. – Што пропуштив?
Иако беше среќна што Јулиса е жива и здава, Магдалена знаеше дека мора да ја прекори за девијантното однесување. Откако останаа насамо и Јулиса и прераскажа се, Магдалена цврсто ги зеде рацете на својата ќерка и рече.
– Вети ми дека никогаш повеќе нема да си дозволиш да се соочиш со опасноста и да му контираш на Вадо Фалкон.
– Мамо…
– Ни збор, Јулиса! Верував во тебе. Те израснав во љубов и те учев дека вистината секогаш мора да се кажува. Зошто ме лажеше сео ова време?
– Извни, мамо, но не сакав да страдаш. Сакав да бидеш мирна, верувајки дека сум добро тука, во манастирот.
– Мислиш дека бев мирна? Вадо дојде и ми кажа дека го нашол својот син Диего. Ти и јас најдобро знаеме дека тој негов син не постои. Кажи ми ја вистината, Јулиса! Знам дека ти си замешана во тоа. Кој друг замеша? Кого најми да го глуми внукот на Мелчор?
– Никој не најмив, мајко. Јас го глумев внукот на Мелчор. Јас бев Диего.