Уште само неколку часа до почетокот на Златни Денови Кратово. Се е подготвено за овогодинешното издание на оваа манифестација која викендов ќе ги собере најдобрите музичари од Балканов и Македонија на едно место.
Една од главните ѕвезди кои вечерва ќе настапат на сцената на „Златните денови“ е и Боби Мојсовски, кој доцна попладнево пристигна во Кратово каде имаше можност кратко да се дружи со фановите и новинарите.
Официјалниот почеток на вечерната петочна програма е закажан за во 20 часот и 30 минути, која ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска.
Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.
Директен пренос од Златни Денови Кратово ќе има на Сител Телевизија.