Специјална програма ,,Ден на астероидите‘‘ на Discovery Science
Првиот службен Ден на астероидите (Asteroid Day) ќе се одржи на 30 јуни 2015, на годишнината од ,,Тунгузката експлозија‘‘ во 1908 година-најголемиот удар на астероид на Земјата во поновата историја. Discovery Science, глобалната телевизиска мрежа целосно посветена на науката, е службен партнер на оваа иницијатива.
Преку посебната програма ,,Одбројување до Денот на астероидите‘‘, гледачите на Discovery Science имаат можност да научат повеќе за астероидите, да учествуваат во натпревар и да ги следат промоторите на овој настан – угледни научници, астронаути и медиумски личности меѓу кои се: Lord Martin Rees, почитуван член наBritish Astronomer Royal, Richard Dawkins, експерт за биологијата на однесувањето, Brian May,астрофизичар и легендарен соосновач на бендот Queen како и Bill Nye, педагог, комичар, водител, писател и научник.
Погледнето го видеото во кое Brian May, помеѓу останатото објаснува како настанала неговата гитара и како порачува дека сите ние сме научници.
Можат ли научниците да го предвидат ударот од астероидите? Колку се чести ударите од астероиди? Одговор на ова и многу други прашања може да се проследат на денот посветен на астероидите кој е глобален проект чија цел е да ги едуцира луѓето за опасноста од астероиди, како и што може да направиме за да се заштитиме во ситуации како например падот на метеорите во 2013 во Русија.
Дани | ТВ Пакет