63-то продолжение
По признанието на Јулиса, Магдалена се заледи од страв при самата помисла при каков ризик се изложувала нејзината ќерка.
– Ти беше Диего? Се изложи на таква опасност?
– Само сакав да го исполнам ветувањето дадено на дедо Мелчор. Вадо стоеше пред мене, покорен како никогаш, мислејки дека сум машко, мислејки дека сум внукот на Мелчор Рентеира.погледот му беше ист како и првиот пат кога ме виде на забавата.
Магдалена не можеше да си дозволи Јулиса да дознае дека Вадо и е татко. Беше подготвена да го ризикува и својот живот за да ја скрие својата тајна.
– Ти забранувам да продолжиш со таа двојна игра Јулиса! Ти забранувам да го бараш Вадо или да бидеш во негова близина.
Јулиса излезе од одајата на мајка Крисанта. Во холот ги затекна Тристан и Ектор како се препираат околу тоа кој повеќе ја заслужува нејзината љубов. Застана и погледна во Ектор.
– Ектор, не сакам да бидам груба, но те замолувам да си одиш. Знам дека имаш разбирање и сакам да ме оставиш насамо со Тристан.
– Тоа значи дека му простуваш?, – беше прашање и одговор.
– Нема што да му простам. Мојата недоверба ја загорчи нашата љубов, – одговори девојката со сигурен глас.
– Слушна од нејзина уста, сфати го тоа веќе еднаш, Јулиса и јас сме заедно и ќе се венчаме, – додаде Тристан кој имаше се помалку трпение за својот брат.
Ектор беше горделив и тврдоглав. Не му беше лесно да го признае поразот.
– Знам дека порано или подоцна ќе се предомислиш и ќе бидеш со мене. Мојата доблест е што имам трпение, и ќе те чекам Јулиса, бидејки во мојот живот нема место за друга жена.
Откако Ектор замина, Тристан пријде до својата сакана и ја зеде во прегратка. Повеќе немаше сомнежи меѓу двајцата.
– Навистина сакаш да се венчаме?, – го праша Јулиса меѓу бакнежи.
– Како можеш да го прашаш тоа? И самата знаеш дека тоа најмногу го сакам. Повеќе од се на светот.
Дамијана остана сама во својота соба целото утро. Ребека и принесе чај од нане, бидејки нејзината ќерка се жалеше од грчеви во стомакот.
– Твоите чаеви нема да ми помогнат, мајко.
– Нема да знаеш додека не пробаш…
– Зарем не ме слушна што реков?
– И реков на Саграрио да донесе таблети.
– Никакви чаеви и таблети нема да ја променат мојата состојба, мамо. Бремена сум, – лукаво и низ насмевка, Дамијана ја извести својата мајка.
– Што рече?
– Чекам дете, мајко. Ќе бидеш баба.
– Чие е тоа дете, Дамијана?
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– Вистината. Знам дека имаше односи со Тристан и со Ектор.
– Твоја работа е да бидеш на моја стана. Наместо да ме потпрашуваш, помогни ми да станам и одведи ме на лекар. Иако, трите тестови кои ги направив го потврдија мојот сомнеж.
Во тој миг во собата влезе Саграрио, со таблетите кои од неа ги побаа Ребека и чаша вода.
– Добро утро. Како сте, госпоѓице Дамијана?
– Саграрио, сакам да бидеш една од првите кои ќе знае. Ќе бидеш баба. Бремена сум од Тристан!
Касандра Алкосер дојде во салата да го гледа тренингот на својот омилен боксер кој се подготвуваше за вчерашното натпреварување. Го гледаше Хуан Круз Пеекто како вешто се справува со вреќата за боксување. Полугол, испотен, со боксерските ракавици и шорц, за Касандра тоа беше најсовшениот маж кој некогаш го видела. Стоеше на стана гризејки ја долната уста. Ни самата не очекуваше дека до толку Хуан Круз ќе и влезе под кожа. Мораше да напави нешто да биде нејзин. Да го напави свој додека го држи амнезијата и додека не се сети дека е Роки Санторо.
Кога Дамијана и Ребека се вратија од лекар, ги затекнаа Вадо и Саграрио во дневната просторија.
– Добро е што и двајцата сте тука, бидејки имам известување, потврдено од лекар, – триумфално им се обрати Дамијана. – Вујче, бараше од мене да останам бремена од Тистан Фуего и ја исполнив твојата мисија. Бремена сум.
– Дали е вистина она што го зборува твојата ќерка, Ребека?, – Вадо ја праша својата сестра.
– Вистина е, Вадо. Дамијана е бремена во шеста недела.
Сораја имаше мирен ден во бутикот. Фрекфенцијата беше драстично намалена, па одлучи да ги провери своите пресметки, кога слушна како некој ја отвара вратата и го подигна погледот. Пред неа стоеше Антолин, нејзиниот стар пријател.
– Рече дека ќе се јавиш и никогаш не го стори тоа. Кога Мухамед не сака да оди кај планината, планината ќе дојде кај Мухамед.
– Имав работа, – кратко и отсечно одговори девојката.
– Толку многу работа што не сакаш да се видиш со стар пријател?
– Да бидам искрена, Антолин, дознав за кого работиш. Знам дека си му десна рака на Вадо Фалкон. Потрчко за човекот во чиј двор беше најдена мојата мртва сестра.
– Каква врска имам јас со тоа, Сораја?
– Не знам. Ти кажи ми на мене.
– Единствен осомничен за смртта на Енграсија е Роки Санторо. Човекот кој исчезна веднаш по смртта на твојата сестра.
– Остави ме на мира, Антолин, – го замоли Сораја помалку дрско барајки од него да го напушти бутикот.
Откако Антолин замина, заѕвоне телефонот на пултот и Сораја потрча да одговори.
– Како си?, -слушна познат машки глас од другата страна на линијата.
– Хуан Круз?, – гласот и затрепери.
– Само сакав да слушнам како е најубавата жена во Табаско.
– Ласкавецу. Работам, – одговори низ намсевка.
– Вечерва имам борба. Би сакал да бидеш таму. Да ми држиш среќа.
– Не сакам насилни спортови…Но ќе бидам таму за тебе.
Откако Ребека и Дамијана се упатија кон собата на спратот, дон Вадо остана скептичен при помислата дека неговата внука е навистина бремена од Тристан. Погледна во Саграио.
– Сакам да те прашам нешто. Мојата внука долго време престојувше во твојата куќа. Одговори ми искрено, дали Дамијана имаше односи со твојот син?, – ја паша диектно, без заобиолувања.
– Не би сакала да ве лажам, дон Вадо. Но, да, мислам дека мојот син и госпоѓица Дамијана имаа односи.
Тоа беше одговорот кој Вадо го очекуваше. Се одеше според планот.
Капричо беше немирна со денови. По посетата на таткото на Саломон, почна да се пеиспитува дали таа е вистинскиот избор за Саломон.
– Твојот татко е во право, Саломон, јас не сум за тебе, – го извести вечерта кога Саломон ја изнесе на вечера во рибен ресторан.
– Не зборувај така, љубов моја, – ја тешеше тој. – Што ти рекол татко ми?
– Ништо што не е вистина, – одговори девојката со кнедла во грлото. – Ти си од висока социјална класа за разлиа од мене. Твоите родители се дел од кремот на социјалата, а мојот татко е рудар кој работи на смени. Ти си докториран адвокат а јас одвај имам заврѓено средно училиште и работам како секретарка.
– Никогаш повеќе да не си го повторила тоа. Ти си најчистото нешто кое некогаш сум го имал. Ти си мојот живот…Мојата љубов…Мојата радост…Мојот каприц.., – ја уверуваше младиот адвокат со очи полни љубов.
Дон Вадо видливо се опоавуваше од операцијата. Се почесто можеше да се движи без помагала, а таа вечер сакаше да учествува на борбата за која му зборуваше сопругата на генералот. Во таа борба се вртеа многу пари. Целата елита на Табаско требаше да се клади кој ќе победи во бокс мечот. Касандра имаше свој пион во рацете.
Вадо се подготви за излез и го повика Антолин кој требаше да дојде со него. Но на излегување патот му го пресече Мистика.
– Каде одите дон Вадо? Знаете дека не смеете да излегувате. Доторот нареди…
– Престани да ми изигруваш болничарка, – ја предупреди дон Вадо, губејки го трпението. – Знаеш каде одам? Да се гледам со жени! Сакам да го пробам моето ново срце.
– Зошто ми зборувате така?
– Затоа што така сакам. Сега оди во својата соба и гледај некоја од твоите теленовели, а мене остави ме на мир. Не ме чеај до доцна во ноќта бидејки не знам кога ќе се вратам!
Мистика го спушти погледот и се повлече кон кујната.
– Мистика е навистина љубоморна, – забележа Антолин. – Таа жена е заљубена во вас, дон Вадо.
– Мистика не е жена. Мистика е мојот најверен пес. Да одиме сега.
Публиката ја полнеше големата сала во Виљаермоса каде што требаше да започне бокс мечот на кој што како што рече Вадо, се кладеше елитата на Табаско во големи цифри. Сораја не размислуваше дали да се појави на тој меч, но не сакаше да оди сама па ја замоли Индалесија да ја придружува.
Меѓу присутните дојде и Вадо Фалкон со Антолин Варгас. Касандра ги дочека со насмевка во својата ложа.
– Вечерва се борат Хуан Круз Перфекто и Факундо Андраде, – му најави. – Нема да загубиш ако ставиш пари на мојот ас, Хуан Круз Перфекто. Го купив мечот за да заработам милиони, – додаде низ насмевка.