64-то продолжение
Тоа беше ноќта на Хуан Круз Перфекто. Касанда ликуваше. Нејзиниот штитеник ја оправда нејзината слепа доверба. Публиката која се кладеше на мечот за победа на Хуан веќе ги броеше парите на касата.
Тоа беше првиот бокс меч кој Сораја го имаше гледано во животот. Исплашена за здравјето на Хуан Круз, по завршувањето на мечот го посети во неговата гардероба.
– Хуан Круз…
– Малечка…дојде.
– Лицето ти е уништено, Хуан, – крикна Сораја кога му пријде, земајки ја неговата рака. – Сигурно ужасно те боли.
– Смири се, малечка, не ме боли ништо. Крвта се чисти. Најважно е дека победив. Победнив бидејки ти беше крај мене.
– Подобро да одам пред да ме види сопругата на генералот. Таа жена мисли дека те поседува.
– Единствена жена која сакам да ме поседува си ти.
Во меѓувеме, Хуан Гвадалупе го гледаше фудбалскиот меч на телевизија. Ретки беа деновите на спокој во неговиот дом откако кај него се досели Рене со неговата сопруга и деца. Ѕвоното од вратата го одтргна од внесеноста во играта.
– Моето име е Родолфо Алкатара, јас сум му татко на Саломон,- се претстави непознатио човек кој стоеше на вратата.
– Господине Родолфо, мило ми е. Но, влезете, влезете ве молам.
– Овде сум да зборуваме за нашите деца, господине Гвадалупе.
– Пред да зборуваме, сакате ли да се напиеме нешто?
– Не, благодарам. Имам лет рано наутро. Пред да одам сакав да зборувам со вас. Сакам да го изразам моето незадоволство што мојот син сака да ја ожени вашата ќерка.
– Претпоставувам поради социјалната разлика меѓу нашите фамилии?
– Видете, Хосе Гвадалупе. Саломон е мојот единствен син. Вложив многу труд и пари во неговото образование. Саломон може многу. Може да се кандидира и за претседател на републиката ако сака. Но, мојот син одлучи да живее тука, да арботи за малку пари и да се ожени со секретарка.
– Најважно е дека децата се сакаат, Родолфо. Верувам дека срцето ќе ти омекне кога Капричо ќе остане бремена и ќе станеме дедовци.
– Капричо не е жена за мојот син. Никогаш нема да биде. Тргни ја твојата ќерка од патот на мојот син, Хосе Гвадалупе, или се колнам дека јас ќе го направам тоа.
– И зошто мислите дека мојата ќерка не е доволно добра за мојот син? Само затоа што не потекнува од имоќна фамилија?
– Јас го кажав своето, – помалку остро рече Родолфо погледнувајки на својот рачен часовник. – Морам да одам сега. И не го сфаќајте ова како закана. Сфатете ме како родител кој го сака најдобото за својот син, – додаде Родолфо се поздрави и го напушти станот.
Во кујната на вилата, Саграрио го искористи моментот кога остана насамо со Ектор, па пијде до својот син да му се довери.
– Сакав да зборувам со тебе. За нешто многу важно, Сантијаго.
– Колку пати ти забанив да го изговааш тоа име? Сантијаго е мртов! Јас сум Ектор.
– Прости ми, Ектор, само не знам што да правам сега кога знам дека Дамијана чека дете од Тристан.
– Што зборуваш?, – се запрепасти Ектор.
– Денес и потврдија на лекар. Но познавајки го брат ти знам дека Тристан нема да сака да го признае тоа дете, нема да сака ни да ја ожени кутрата госпоѓица Дамијана. Мораш да сториш нешто, Ектор.
Но, Ектор повеќе не ја слушаше својата мајка. Ликуваше во себе. Ова беше цврст доказ дека Јулиса ќе биде негова.
Дон Вадо се врати назад во својата вила во придружба на Касандра Алкосер. Благодарение на сопругата на генералот, вечерва зааботи многу пари, па ја покани во својата вила на здравица со скап шампањ. Но, Вадо имаше неочекувана посета во својата дневна просторија – Магдалена Ромеро.
– Ова е непријатно изненадување. Што бааш овде?, – ја праша дрско.
– Не сакав да и дозволам да влезе, – се оправда Мистика во позадина. – Но госпоѓата влезе на сила, – додде, потенцирајки го зборот госпоѓа.
– Имаме нерешени сметки кои треба да ги расчистиме, – рече Магдалена.
– Не можам сега, бидејки како што гледаш имам поета, – рече Вадо земајки ја Касандра за половина.
– Ми предложи бизнис и дојдов да се договориме за деталите, – Магдалена премина на главното.
– Мислев дека бараше тоа да го решат нашите адвокати, – ја потсети Вадо. – Каква контрадикција, Магдалена. Желбата за углед предизвикува очајни потези.
– Би сакала да зборуваме насамо, – додаде Магдалена обидувајки се да не ја допрат неговите зборови.
– Замислувам што сакаш. Но јас одлучувам кога и каде сакам да спијам со курвите како тебе. Колку што знам, денес не те барав јас.
Мистика ликуваше на ваквиот однос кој Вадо го имаше со Магдалена.
– Ако ме доведе овде да бидам сведок на вашата расправија, порадо би си одела дома, – се замеша Касандра.
– Не, драга. Ти остани. Ти си вистинска жена. Онаа која ќе си оди е оваа курва, – значително погледна кон Магдалена.
– Ти си крадец, – го потсети Магдалена. – Оваа куќа, тој твој лажен углед и се што имаш, е украдено. Не заборавај дека јас имам докази, пишани докази против тебе.
– Внимавај што зборуваш, Магдалена.
– Ако оваа госпоѓа за која велиш дека е вистинска жена, – покажа на сопругата на генералот, па додаде. – Нека дознае со кого си има работа. Не заборавај дека ја имам во свои раце оргиналната концесија за копање на ззлатото која ја украде од Мелчор Рентеира.
– Излегувај одовде, Магдалена пред да ти ги пуштам кучињата.
– Ако сакаш да разговараш за документите кои ги имам кај себе, знаеш каде да ме побараш, – додаде Магдалена и се упати кон вратата.
– Сега разбирам зошто ми се приближи, – ече Касандра со енигматичен поглед. – Курвата од Малиналко те има во раце. Кој би рекол? Кралот на златото во рацете на една курва!
Откако Тристан ги врати Јулиса и Магдалена назад во пансионот, Магдалена ненајавено исчезна. Јулиса се прашуваше каде ли ќе оди нејзината мајка во таа доба. Откако и помогна да ги смести куферите, Тристан и посака добра ноќ на саканата ветувајки и дека ќе ги бои секундите до нивната следна средба. Откако излезе од пансионот и се упати кон своето комби, забележа светлина на улицата и автомобил од кој излезе Ектор.
– Ти си оној кого го барав, – му навести Ектор, приоѓајки му.
– Што бараш овде? Знаеш дека Јулиса не сака да те види. Погледни се. Си станал лика и прилика на Вадо Фалкон. Би напавил се за да го добиеш она што го сакаш.
– Ја сакам Јулиса, Тристан, тоа никогаш не сум го порекнал. Освен тоа, сега имам докази кои ќе ја потврдат твојата неверност.
– За што зборуваш?
– Дамијана е бремена. Очекува твое дете, Тристан.
– Лажеш…
– Можеби лажам, но лекарските наоди го тврдат спротивното.
– Детето може да биде и твое, Фалкон. Ти си оној што се гледа со неа. Што спие со неа! Сите знаат дека со години сте љубовници.
– Бевме! Минато време. Детето кое го чека Дамијана е твое, Тристан.
– Ми наметнуваш дете кое најверојатно е твое. Кое ти си го направил.
– Твојот збор против оној на Дамијана. Не заборавај дека спиеше со неа. А датумот на бременоста се поклопува со денот кога ти спиеше со неа.
– Лажеш.
– Соочи се со вистината, Тристан, – триумфално додаде Ектор. – Сега од тебе се очекува да ја прифатиш својата одговорност како татко. Дете со Дамијана. Дувнаветре што би рекол дон Вадо.
Тристан повеќе не можеше да ги поднесе зајадливите коментари на Ектор. Му се нафрли зграпчувајки го за скапото одело.
– Нема да ти се тргнам од патот! Нема да дозволам да ми го уништиш животот!
– Сети се дека јас те научив да се тепаш,- го потсети Ектор, враќајки му на ударот.
– Твоите удари не ме болат, Фалкон.
– Со ова ти враќам што ми ја зеде Јулиса.
– Детето не е мое и ќе го докажам тоа!
– Јулиса не заслужува предавник и неверник како тебе!
Магдалена само што се врати од посетата кај дон Вадо, кога слегувајки од такси возилото, наиде на Тристан и Ектор како крвнички се пресметуваат пред нејзината куќа.
– Застанете! Што правите?, – застана меѓу двајцата. – Што се случува? Објаснете ми…
– Ај, Магдалена, – воздивна Тристан.
– Овој човек, госпоѓо, овој подлец ја направи Дамијана бремена, – одговори Ектор.
– Што? Кажи ми дека тоа не е вистина, Тристан.
– Секако дека не е вистина. Станува збор за замка сместена од Вадо Фалкон, Дамијана и овој бедник овде!
– Ме нарекуваш лажго?
– Застанете, – повторно ги спречи Магдалена пред да направат нова сцена. – Реков дека не сакам сцени пред мојата куќа. Одете си, инжењеру.
– Подобро да ја превземеш одговорноста кон детето на Дамијана, Тристан, бидејки дон Вадо ќе те гони до крајот на светот за да ги исполниш своите обврски како маж и како татко.
По ваквата закана, Ектор влезе во својот автомобил. Магдалена остана да стои во дворот, гледајки со презир во Тристан.
– Мораш да ми веруваш, Магдалена. Мојот живот без Јулиса нема смисла. Тоа дете не е мое. Те молам помогни ми.
– Тоа ќе мораш да го докажеш, Тристан. Мојата ќерка нема да може да живее со таков терет, синко. Жалам, – додаде Магдалена и се упати кон својата куќа.
По бокс мечот, Хуан Круз ја изведе Сораја надвор од градот. Ја одведе на панаѓур каде што освои мече за нејзе, каде што јадеа шекерна волна и гласно се смееа како мали деца. Потоа се качија на ридот каде што ги гледаа градсите светлини од високо, до доцна. Кога се врати назад во вилата на генералот, наиде на бесот на Касандра Алкосер.
– Каде беше до сега, Хуан Круз Перфекто? Одговори ми!