Дводневното шопинг искуство, овој викенд ќе биде настан кој не смее да се пропушти. И оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се оддржи на 3ти и 4ти јули 2015 година.
Возбудливата и примамлива програма започнува на 3-ти јули, со програма на малата сцена сместена внатре пред Плеј Кафе, додека големата сцена се наоѓа на платото пред Тренд Кафе.
Покрај уживањето и забавувањето, сите посетители ќе може да си направат шопинг во своите омилени продавници и брендови по намалени и ниски цени. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња.
Ги повикуваме оние кои се подготвуваат за летото, на 3ти и 4ти јули да дојдат во Скопје Сити Мол да уживаат во програмата до полноќ и попустите кои ги нудат брендовите во најголемиот шопинг центар во Македонија.