Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #065 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #065 | ARDIENTE PASIÓN

 

 

Откако Тристан ги врати Јулиса и Магдалена назад во пансионот, Магдалена ненајавено исчезна. Јулиса се прашуваше каде ли ќе оди нејзината мајка во таа доба. Откако и помогна да ги смести куферите, Тристан и посака добра ноќ на саканата ветувајки и дека ќе ги бои секундите до нивната следна средба. Откако излезе од пансионот и се упати кон своето комби, забележа светлина на улицата и автомобил од кој излезе Ектор.

–          Ти си оној кого го барав, – му навести Ектор, приоѓајки му.

–          Што бараш овде? Знаеш дека Јулиса не сака да те види. Погледни се. Си станал лика и прилика на Вадо Фалкон. Би напавил се за да го добиеш она што го сакаш.

–          Ја сакам Јулиса, Тристан, тоа никогаш не сум го порекнал. Освен тоа, сега имам докази кои ќе ја потврдат твојата неверност.

–          За што зборуваш?

–          Дамијана е бремена. Очекува твое дете, Тристан.

–          Лажеш…

–          Можеби лажам, но лекарските наоди го тврдат спротивното.

–          Детето може да биде и твое, Фалкон. Ти си оној што се гледа со неа. Што спие со неа! Сите знаат дека со години сте љубовници.

–          Бевме! Минато време. Детето кое го чека Дамијана е твое, Тристан.

–          Ми наметнуваш дете кое најверојатно е твое. Кое ти си го направил.

–          Твојот збор против оној на Дамијана. Не заборавај дека спиеше со неа. А датумот на бременоста се поклопува со денот кога ти спиеше со неа.

–          Лажеш.

–          Соочи се со вистината, Тристан, – триумфално додаде Ектор. – Сега од тебе се очекува да ја прифатиш својата одговорност како татко. Дете со Дамијана. Дувнаветре што би рекол дон Вадо.

Тристан повеќе не можеше да ги поднесе зајадливите коментари на Ектор. Му се нафрли зграпчувајки го за скапото одело.

–          Нема да ти се тргнам од патот! Нема да дозволам да ми го уништиш животот!

–          Сети се дека јас те научив да се тепаш,- го потсети Ектор, враќајки му на ударот.

–          Твоите удари не ме болат, Фалкон.

–          Со ова ти враќам што ми ја зеде Јулиса.

–          Детето не е мое и ќе го докажам тоа!

–          Јулиса не заслужува предавник и неверник како тебе!

Магдалена само што се врати од посетата кај дон Вадо, кога слегувајки од такси возилото, наиде на Тристан и Ектор како крвнички се пресметуваат пред нејзината куќа.

–          Застанете! Што правите?, – застана меѓу двајцата. – Што се случува? Објаснете ми…

–          Ај, Магдалена, – воздивна Тристан.

–          Овој човек, госпоѓо, овој подлец ја направи Дамијана бремена, – одговори Ектор.

–          Што? Кажи ми дека тоа не е вистина, Тристан.

–          Секако дека не е вистина. Станува збор за замка сместена од Вадо Фалкон, Дамијана и овој бедник овде!

–          Ме нарекуваш лажго?

–          Застанете, – повторно ги спречи Магдалена пред да направат нова сцена. – Реков дека не сакам сцени пред мојата куќа. Одете си, инжењеру.

–          Подобро да ја превземеш одговорноста кон детето на Дамијана, Тристан, бидејки дон Вадо ќе те гони до крајот на светот за да ги исполниш своите обврски како маж и како татко.

По ваквата закана, Ектор влезе во својот автомобил. Магдалена остана да стои во дворот, гледајки со презир во Тристан.

–          Мораш да ми веруваш, Магдалена. Мојот живот без Јулиса нема смисла. Тоа дете не е мое. Те молам помогни ми.

–          Тоа ќе мораш да го докажеш, Тристан. Мојата ќерка нема да може да живее со таков терет, синко. Жалам, – додаде Магдалена и се упати кон својата куќа.

 

 

По бокс мечот, Хуан Круз ја изведе Сораја надвор од градот. Ја одведе на панаѓур каде што освои мече за нејзе, каде што јадеа шекерна волна и гласно се смееа како мали деца. Потоа се качија на ридот каде што ги гледаа градсите светлини од високо, до доцна. Кога се врати назад во вилата на генералот, наиде на бесот на Касандра Алкосер.

–          Каде беше до сега, Хуан Круз Перфекто? Одговори ми!

–          Госпоѓо, што правите будна во оваа доба, – ја праша тој гледајки на рачниот часовник. Беше скоро утро.

–          Те прашав нешто. Беше со онаа жена, зар не?

–          Немате право да ме третирата вака, госпоѓо. Јас не сум ваш слуга.

–          Намали го гласот кога зборуваш со мене, Хуан Круз!

–          Тоа не е моето име! Нема да ви дозволам да ме тетирате како роб ниту мене ниту луѓето со кои сум. Сораја ми кажа дека си и се заканила да не ми приоѓа. Зошто?

–          Зошто? Бидејки не сакам да бидеш повреден од една обична курва, момче.

–          Немате право да зборувате така за Сораја! Можеби сте сопруга на генералот, можеби имате вила со златен прибор за јадење, јахти и пари, но немате паво да ги омаловажувате другите луѓе. Не сакам повеќе да живеам вака. Како затвореник. Како твој личен роб.

–          Не заборавај дека ми го должиш животот, Хуан Круз. Не заборавај дека те донесов овде полумртов. Те излечив и те штитам да не завршиш во затвор, обвинет за убиство од прв степен!  Ако уште еднаш ми се противечиш ќе се погрижам да го поминеш остатокот од животот во затвор, неблагодарнику! Ме напаѓаш само заоа што си вљубен во онаа лесна девојка.

–          Јас не знам дали сум вљубен во Сораја или не. Она што го знам е дека сакам да дознаам кој сум и зошто сум. И да бидам искрен, убаво се чувствувам кога сум со неа.

–          Доста!, – хистерично извика Касандра. Ја задушуваше помислата дека Роки е со друга.

–          Да бидеме јасни еднаш засекогаш. Подготвен сум да останам со тебе, да останам твој роба, само ако ја оставиш Сораја на мира. Ако ја повредиш таа девојка, ќе ме загубиш засекогаш, Касандра, – јасно и нагласи Роки и се упати кон својата соба.

Со растреперени раце, Касандра посегна по жестокиот пијалок.

 

 

 

Тристан не можеше да заспие цела вечер. Размислуваше за она што му го кажа Ектор и помислата дека може да ја загуби Јулиса, го остави без сон. Беше подготвен да замине во рудникот кога на вратата се појави Дамијана.

–          Што бараш овде?

–          Сакав да зборуваме, Тристан.

–          Излегува. Одам на работа.

–          Ќе бидам кратка, ти ветувам.

–          Ектор Фалкон ми кажа за твојата наводна бременост.

–          Не е наводна, Тристан. Чекам твое дете. Или заборави што беше меѓу нас во твојата соба.

–          Тоа е лага. Проклета лага за да ме одвоиш од Јулиса. Тоа дете не може да биде мое бидејки ништо немаше меѓу нас двајца!

–          Ова е лекарскиот тест. Овде нема лаги, – додаде Дамијана вадејки го од чантата тестот за бременост.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!