Beachwear Fashion Show, со кое вчеравечер и официјално започна Late Night Shopping во Скопје Сити Мол, беше полн погодок за сите присутни.
Згодните модели мамеа погледи под убавото вечерно небо, а тие на присутните им ги претставија најновите летни колекции. Миксот од новите модни парчиња, убавината која парадираше на модната писта, летната атмосфера на сцената на чело со Лила Филиповска, провокативната Симона Поповска со својот примамлив настап заедно со Ерик Фокс од The Sound Messengers, жешкиот ритам на Тумбао Салса Бенд и загревањето со летните звуци на ДЈ-от, не дозволија никој да остане рамнодушен.
Но за забавата да биде комплетна, модното шоу беше надополнето со гламурозен златен финиш. Една од моделите се појави на сцената прекриена само со сјајни Сваровски кристали, а ловејќи ги погледите на гостите, покрај неа се гледаше само светлината од блицовите на присутните кои брзаа да ја фотографираат.
Големите попусти, купување на омилените брендови по ниски цени и моден предизвик од македонските модни блогерки беа она што дополнително ги остави без здив сите посетители синоќа.
Денес, 4-ти јули, програмата продолжува внатре, со почеток од 12 часот, на сцената пред Плеј Кафе каде што свој музички ДЈ сетови ќе имаат најдобрите македонски ДиЏеи во друштво на најталентираните танчерски групи. Од 18 часот свој настап ќе имаат ConTry Dj, во 21 часот на сцената ќе настапат Азафран Микс, додека од 23 часот сцената е повторно резервирана за диско забава со ДЈ. И за најмалите продолжува модниот предизвик, креативните дизајнерски работилници со меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ ќе се одржуваат и денес во игротеката „Imaginarium“, од 12 до 14 часот. Панорамскиот автобус кој се обраќа по линијата на број 15, ќе вози и денес, бесплатно за сите оние кои сакаат да дојдат во Скопје Сити Мол и да уживаат во ова одлично шопинг искуство.
Овој настан од светски размери не се пропушта. Skopje City Mall докажува дека трендовите на шопинг до доцна се возможни и кај нас.
{gallery}skopjecm{/gallery}