Српската инвазија продолжува – уште една српска серија на Алфа
Од понеделник до петок на Алфа телевизија во 21:15 часот ќе се емитува српската серија “Лисици”, снимена во 2002 година од страна на Радио телевизија Србија.
Лисици“ е српска ТВ серија за четирите другарки Мими, Бранка, Сташа и Наѓа, кои се трудат да го пронајдат својот принц на бел коњ. На крајот од својата трета деценија од животот тие донесуваат одлука дека годината што им претстои е последната во која треба да ја пронајдат љубовта на својот живот и да се омажат.
ТВ серијата „Лисици“ е приказна за трагањето по среќата, приказна за бегството од рутинскиот живот на возрасните, приказна за една нова чувствителност.
Девојките секојдневно се собираат во кафулето „Фокс“ на нивниот пријател Мимо и од тука ги започнуваат или окончуваат нивните секојденвни активности, авантури, средби, случки и настани…
Заедничката потрага по нивната најголема љубов, е приказна и за нивните карактери кои треба да се пронајдат во светот и со сродната душа.
Мима (Хана Јовчиќ), живее сама. Во огромен стан, во друштво на еден папагал и на една мачка. Зад нејзината „фасада“ на силна личност, таа ја крие својата мистичност и женственост. Мажите со кои ќе ја помине ноќта, ја разочаруваат со првите утрински зраци на сонцето. Вљубена е во Дамир…
Бранка (Наташа марковиќ), живее со бабата. Таа има куче. Ја издржуваат родителите кои живеат некаде далеку. Игра на картата на урбана девојка која може се да направи сама. Со нејзиното момче е заедно повеќе години, но тоа не и пречи да го мами. Кога тој ќе ја изневери со една девојка, таа збеснува и решава да стави крај…
Наѓа (Радмила Томовиќ) не се знае каде живее и со кого. Но, нејзината кариера е во нагорна линија. Од секретарка, станува помошник директор. Постојано е во кавга со машките. Ја чува својата девственост за човекот на нејзиниот живот…
Сташа (Јелена Ступљанин) живее со мајка и. На добар пат е да остане вечен студент. Таа игра на картата на немоќна девојка, на смешкање и мазење. Од непознати причини ја привлекуваат само оженети мажи, и тоа го открива кога е веќе доцна. Многу чита литература за современа психологија и тие теми, најчесто, ги разговара со таксистите…
Дани | ТВ Пакет