Уште еден успешен тим-билдинг во срцето на спортскиот и здрав начин на живот во Скопје. Онаму каде што се среќаваат фитнесот и стилот, во Синерџи, се случи уште едно дружење и заедничко вежбање на една од македонските најуспешни компании, Мајкрософт Македонија, кои одлучија своето попладне да го искористат во прилог на своето здравје, убавина и нега на телото.
Во множество од позитивна енергија, вежбање, забава и интеракција се даде една нова димензија на слободното време со колегите од работа. Наместо пиење кафе и секојдневна рутина, во Синерџи беше и повеќе од несекојдневно и интересно. Многуте справи за вежбање, големиот простор, понудата на разновидните активности и услуги беа причина плус зошто ваков тим билдинг ќе се памети и применува почесто.
Кога работата претставува задоволство, а слободно време е привилегија, тогаш идеалното место за таа синергија е токму Синерџи Фитнес и Спа, каде што здравјето е стил на живеење.