“Мерење на непријателот” – нов серијал секој петок на TLC
Недостигот на мотивација е еден од главните фактори да не успеат луѓето кои сакаат да изгубат тежина. Овој проблем се обидува да го реши др. Кристиан Џесен во новиот серијал ,,Мерење на непријателот” кој започнa да се емитува на TLC од петок, 31 јули во 20 часот.
Но кога сопственото здравје и изглед не се доволна мотивација, натпреварувачкиот дух можеби е. Во серијалот ,,Мерење на непријателот”, секоја недела, две личности кои се соочуваат со истиот проблем се обложуваат на некоја тема за која не се согласуваат и дека ќе изгубат повеќе килограми од својот противник. Победникот зема сè!
Меѓу учесниците се и Хериет, доктор и љубител на шопингот, која ќе се спротивстави на штедливата Џо како и ловецот Ендру кој се спротивставува на веганот Карл. Овој револуционерен пристап, на крај е корисен и за двете страни. Можеби облогот е загубен но, во исто време загубени се и килограмите.
Секоја нова епизода може да ја гледате секој петок во истиот термин на TLC.
Дани | ТВ Пакет