Почетна / Живот / Светкавото се враќа на TLC со дебела американско-ромска свадба

Светкавото се враќа на TLC со дебела американско-ромска свадба


Мојата голема дебела американско – ромска венчавка” – нова сезона 

 

 

Од екстравагантни венчаници до експлозивни прослави и лудилото кое ги следи, ,,Мојата голема дебела американско – ромска венчавкасе врати на TLC, и тоа секој вторник во 21 часот. Влезот во светот на полнолетството, договорени бракови, обреди на чистење и свадбени ритуали е сетот на обичаи кои Ромите го имаат, а се од витално значење за опстанок на нивната култура.

 

 

Овој серијал ја истражува нивната традиција стара стотици години, кои ја дефинирале и обликувале ромската заедница ширум светот, и ги следи ромските обичаи и традиција преку организацијата на нивните венчавки. Оваа сезона, со помош на водечката ромска дизајнерка Сондра Сели, невестите  ќе ги носат некои од најголемите и најблескави венчаници изработени до сега, од кои една тежи неверојатни 45 килограми.

 

 

 Покрај среќните завршетоци, свадбата не би била свадба, ако не се доловат и некои семејни препирки, а ни оваа сезона не се разликува од претходните кога свадбата ја приредува семејството Стенли. Во првата епизода, сонот на грчката ромка се остваруваат во најголемата венчаница, а за да стигне до венчавката, дизајнерката мора да организира специјален превоз.

 

 

Драма на сите страни и во сите облици- договорени бракови, семејни тепачки, заеднички свадби и балови. Челзи, девојка која има 16 години е присилена да стапи во брак со братучед, а битката на две мајки додека нивните деца Коди (23) и своевремено неговата дадилка Даниел (33) стапуваат во брак, ескалира.

Сите интересни случувања може да ги проследите на TLC секој вторник во 21 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!