Богата телевизиска есен на Сител телевизија
Овој петок, на 4 септември со почеток во 21 часот започнува емитувањето на новата сезона на реалното шоу “Големиот брат”. Македонските медиуми шпекулираат дека од Македонија во куќата влегуваат порно актерот Карло Бос и младиот жиголо Влатко де Гама, а дека понатаму влегува и трансродната Македонска – Наталија ВИП.
Кој точно ќе влезе и какви фаци ќе се борат за големата парична награда, останува да видиме во петок на Сител.
Покрај “Големиот брат”, најгледаната македонска тв куќа – Сител, започнува и со емитување на Европското првенство во кошарка, музичките шоуа Пинк ѕвезди и Пинк ѕвездички, а наскоро започнуваат и кулинарската емисија Брза кујна, како и новите епизоди на турските серии “Малиот ага” и “Збогум Румелија.”
Дани | ТВ Пакет