Почетна / Живот / Нова потера по бестрашниот Џоел Ламберт на Дискавери

Нова потера по бестрашниот Џоел Ламберт на Дискавери

 

Дискавери канал| 6 септември |21 часот

 

Започнува новата потера по поранешниот американски маринец и безстрашниот авантурист Џоел Ламберт во хит серијата ЛОВ НА ЧОВЕКОТ СО ЏОЕЛ ЛАМБЕРТ. Овојпат тој не ги предизвикува најелитните воени тимови за следење, туку самостојни ловци, локални трагачи и полициски единици, во некои од најопасните терени на Земјата. Колку на Џоел ќе му помогне неговото воено искуство и бројните тренинзи, против прастарите методи за лов и следење. Оваа сезона се состои од седум епизоди во траење од по 60 минути, а премиерно на Дискавери започнува на 6 септември во 21 часот.

 

 

Снимањето на локации како Нов Зеланд, Монголија, Мексико и Шкотска, по Џоел ќе трагаат тим од обучени противници кои поседуваат далеку повеќе знаење за локалната околина додека тргнуваат во потера по него. Џоел се наоѓа далеку од својата комфорна зона, а зад петици му се непредвидливи тимови на ловци исто како што е непредвидлив и теренот на кој се наоѓа.

Правилата на игра се исти: Откако е оставен на некоја точка со основен пакет за преживување, канистер со вода и неколку замки, Џоел има 36 часа да стигне до однапред утврдена точка на екстракција, а се тоа додека постојано го бркаат. Ќе успее ли Џоел да им избега, или пак ќе стане жртва на предизвикувачкиот терен и на своите ловци?

 

 

Секоја недела, во секоја нова наредна епизода продолжува играта на мачка и глушец. Ќе бега од маорските војници на Нов Зеланд, номадските ловци во Монголија, единицата на мексиканската државна полиција која оперира на државната граница меѓу САД и Мексико како и посебно истренирани кучиња за трагање во Шкотска.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ловот може да започне!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!