Почетна / Сапуници / Последната сезона од „Збогум Румелија“ од овој викенд на Сител

Последната сезона од „Збогум Румелија“ од овој викенд на Сител

 

Нова сезона од Румелија – од овој викенд на Сител

 

Од овој викенд, на програмата на Сител телевизија се враќа најгледаната програма за 2015 година на македонските телевизии – турската серија “Збогум Румелија”. Последните случувања од серијата која ги насмеа и расплака македонските гледачи, ќе се емитува секоја сабота и недела во 20:10 часот, на местото на “Не тагувај по мене”. Во продолжение ве потсетуваме на тоа која е Румелија и каква приказна содржи.

 

 

“Збогум, Румелија” е снимана во Битола, Охрид и мариовските села Маково, Орле и Ореово. Копродуцент на серијата е македонската продукција “Сектор филм”.  На сетот на снимањето на серијата во Битола, била присутна и Министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска која за снимањето на серијата изјави ,,Чест е што екипата од Турција вложува во Република Македонија и за почит се вложените средства во висина од околу осум милиони евра. Посебно е значајно што се ангажирани седумдесеттина лица од земјава и токму затоа ќе продолжиме со сестраната поддршка на овој проект”.

Дел од актрската екипа на серијата се и голем број на имиња од Турскиот театар во Скопје како што се Филиз Ахмет, Билјана Јовановска, Ерман Шабан, Бедија Беговска, Сузан Акбелге, Филиз Ахмет, Салаетин Билал, Ељеса Касо, Мустафа Јашар, Зекир Сипахи, Луран Ахмети, Перихан Туна и Петар Мирчевски од Битолскиот театар. Освен македонските актери, во серијата биле вклучени и многу Битолчани како статисти. а пак турските актери, техничари и монтажери две ипол години живеле и се забавувале во Битола. Самите локации каде што се снимаше привлекоа и многу турски туристи да дојдат и да ја посетат Битола.

 

Содржина:
Во 1899 година, Отоманската Империја веќе ја губи својата надмоќ на Балканот, а нејзиното распаѓање, по 500 години владеење, се одразува врз животот и судбината на народот од различен етнички состав што живеел на овие простори, кои турската администрација од тоа време ги нарекува Румелија. Приказната е сместена во близина на Битола и го следи животот на сиромашниот турски селанец – млекарот Рамиз и неговото семејство. Тоа е едно хармонично семејство каде владее доверба и слога, а сите заедно се борат да преживеат во тие тешки времиња.

Рамиз живее со сопругата Фатма и петте ќерки во едно македонско село, а негова најголема желба е да најде соодветни зетовци за неговите ќерки. Хатиџе е најстарата ќерка на Рамиз. Таа е во врска со Хасан, кројачот од селото, а пак неговата помлада ќерка Зарифе го запознава учителот Алекс и е подготвена да се омажи за него, иако доаѓаат од различни социјални класи. Неговата средна ќерка Вахиде го запознава докторот Мустафа кој е пребеган од полициската рација во Истанбул и се крие во Македонија.

 

Животот на семејството на Рамиз нема секогаш да биде розов. Нивниот спокој ќе биде нарушен од новите ветрови кои носат војна и немири.

Улоги: Erdal Özyağcılar (Рамиз), Şebnem Sönmez (Фатма), Gülçin Santırcıoğlu (Хатиџе), Hande Subaşı (Вахиде), Filiz Ahmet (Зарифе), Erman Saban (Кајмакан)

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!