Нов серијал – Discovery Channel | 15 септември |20 часот
На југоисточниот брег на Бразил, елитен тим на ловци на злато, следат нова теорија за да го откријат почивалиштето на легендарното богатство чија вредност се проценува околу 100 милиони долари. Discovery Channel ја следи оваа експедиција која ги носи на место каде никој друг не се обидува да пријде, далечениот остров населен само со змии отровници, Queimada Grande, или попознат како островот на змиите.
Легендарната награда која ја поттикна оваа задача, позната како “Богатството на тројството”, им се лизгаше од раце на сите кои го барале во последните пет века. Во XVI век, португалските конквистатори се пробивале преку не истражената бразилска прашума и наводно украле огромна количина злато од древните Инки. Од тогаш луѓето пролеваат крв, палат села и ги избегнуваат гусарите и пиратите за да го пронајдат богатството, но тоа исчезнало и од тогаш станува легенда.
Овој тим истражувачи, наоружани со напредна технологија, ќе мора да решат низа сложени загатки кои со векови го штитат богатството. Ќе им се потребни челични нерви додека се борат со опасните временски услови, а секој погрешен чекор може да ги чини и живот. Нивната авантура може да ја проследите во серијалот “Потрага по богатство: Островот на змиите” кој започнува да се емитува од вторник, 15 септември во 20 часот.
- Ilha de Queimada Grande, или островот на змиите е населен со илјадници најсмртоносни змии отровници на светот.
- Иако е мала, едно каснување на змијата bothrops insularis може да предизвика откажување на бубрезите, некроза, цревно крвавење, крвавење во мозокот и на крај, смрт.
- Змиите на овој остров немаат предатори, а единствен извор на храна им се птиците преселници.
- Се проценува дека на островот живеат меѓу две до четири илјади змии од видот bothrops insularis, што е еквивалентно на една змија на секој метар квадратен.
- Во обидот да се направи плантажа со банани на островот, на почетокот на XX век е запален цел остров за да ги отстранат змиите. Не успеале.
- Последните луѓе кои биле на островот се работниците кои го одржувале светилникот кој се наоѓа на островот. Од 1920 е целосно напуштен, а светилникот е автоматизиран.
- Секоја змија уловена на овој остров се продава за илјадници долари.
- Sir Thomas Cavendish е легендарен англиски гусар и истражувач од XVI век, познат по патувањата низ светот на кои ограбувал пристаништа и бродови по пат. Легендата кажува како Cavendish го сокрил богатството некаде во близина на брегот на Бразил за да го заштити од неговите прогонувачи, со надеж дека еден ден ќе се врати по него. Тој ден никогаш не дошол, а богатството е и ден денес изгубено.
- Gerhard Fisher во 1931 го добил првиот патент за преносен детектор на метали. До тој момент главната намена на детекторите е пронаоѓање на злато. Од тогаш служеле за чистење на нагазните мини и бомби кои биле расфрлани низ цела Европа после Првата светска војна.
- Paul Thiry бил белгиски инженер и математичар кој се опседнал со “Богатството на тројството”, и посветил 40 години за да го пронајде. Не успеал во намерата и починал во 1979 година.
Дани | ТВ Пакет