Почетна / Сапуници / Нова турска серија „Рането срце“ во 19:15 часот на Алфа телевизија

Нова турска серија „Рането срце“ во 19:15 часот на Алфа телевизија

 

“Рането срце” – од понеделник до петок на Алфа

 

 

Од денес во 19 : 15 часот, веднаш по завршување на епизодата од “Прости ми” започнува нова турска серија, приказната за турската Пепелашка и нејзиниот богат принц. “Рането срце” е класична турска теленовела која зборува за животот на една млада девојка, заробена меѓу оковите на Истокот и слободата на Западот. Серијата е базирана на познатата новела “Fatih-Harbiye” на Пејами Сафа. Во главните улоги настапуваат Неслихан Атаѓул (Деииз од “Кога лисјата паѓаат”) и турскиот музичар и модел Кадир Доѓулу.

 

Содржина :
Нериман е млада девојка која живее заедно со својот татко Фаиз и својата тетка Ѓултер во едно сиромашно маало во Истанбул. Пораснала во конзервативна средина, пораснала така што за да излезе надвор од дома морала да бара дозвола од таткото или тетката, никогаш не носела модерна облека и никогаш не можела да си ги оствари своите скриени мечти. Во една таква традиционална и скромна средина, за Нериман не останува ништо друго, освен да ги пренесе сите свои соништа во цртежите што ги слика.

 

Слободното време го поминува со Шиваси, млад дечко од тој кварт кој е вљубен во Нериман и со кого треба да се венча. Тој студирал традиционална турска музика и освен студиите и Нериман, не знае за ништо друго. И тој како и татко и, е конзервативен и не и дозволува на девојката да се однесува поинаку од она како што била воспитана. Во овој обичен живот, Нериман сака нешто поразлично, сака да ја види и доживее другата страна на Истанбул.

Затоа, спонтано, еден ден налетува на нејзината братучетка Пелин, која живее во богато соседство и која е растена со модерни сфаќања. Пелин знае дека Нериман пораснала со поинакви сфаќања и не смее да излегува ноќе, па затоа решава да ја посрами така што ќе ја покани на една забава.

 

 

Нериман одвај чека да отиде на забавата, иако знае дека татко и никогаш не би ја пуштил, а Шиваси никогаш не би го одобрил тоа. Знаејќи дека по бракот со Шиваси, таа нема да има можност да искуси нешто ново во градот, решава на своја рака да побегне од дома и да отиде на забавата. Невината девојка на забавата се појавува во еден преубав фустан и го привлекува сечие внимание.

Во младата Пепелашка на прв поглед се вљубува Маџит, згоден и богат плејбој кој живее сосема поинаков живот од неа. Од тој момент се менува животот за Нериман. Од една страна е нејзиниот конзервативен свршеник и сето она што ја чека во своето маало, а од друга страна е големата љубов кон Маџит и раскошот на модерниот живот. Љубовта на Нериман и Маџит ќе наиде на многу пречки, предизвикани од нивните фамилии кои доаѓаат од сосема различни општествени класи.

Улоги : Neslihan Atagül (Нериман), Kadir Doğulu (Маџит), Yunus Emre Yıldırımer (Шинаси), Dilara Öztunç (Пелин), Okday Korunan (Фаиз)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!