Почетна / Живот / Препорака за „Црвени ветрови“ – роман за љубовта и различностите

Препорака за „Црвени ветрови“ – роман за љубовта и различностите

 

Црвени ветрови – во продажба

 

Вчеравечер, 22 Септември, 2015 година во градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп беше промовиран новиот, втор по ред роман „Црвени ветрови“ на младиот автор Благојче Николоски од Прилеп. Книгата која беше творена и создавана скоро година и пол, конечно успеа да се изборе и да се пробие во јавноста, во рацете на читателите.

 

Се работи за роман кој зборува за забранетата љубов помеѓу Англичанка и Индиец, чија судбина ќе ги спои на најнеобичен начин. Две различни единки, со различни верувања и начин на живот се спојуваат во едно, соединивајќи ги во единство сите свои различности. Кога судбината го налепила мастилото на пердувот, нешто не може да ја запра да го испише она што го наумила.

Дејството е сместено во пет земји од кои: Англија, Индија, Пакистан, САД и Словенија, се’ од 1920 година па до 1935. Исто така романот ја обработува врската помеѓу семејството, и што се сме подготвени да направиме за нашите најблиски. Две толку различни семејства, Англиско и Индиско, се соединуваат на чуден начин, искажувајќи ги нивните контрадикции, различности и воедно истакнувајќи ја нивната сличност во многу погледи.

 

Љубовта како мотив се пресликува низ повеќе начини, искажувајќи ја нејзината чистота, и желба за распламтување, не бирајќи средства како тоа ќе се изведе. Кога љубовта е забранета, тогаш таа е најслатка и бара секакви средства за да опстои и се пробие низ бариерите на сите препреки.

Има приказни чиј крај се пишува пред време, не знаејќи што ќе се случи пред тоа. „Црвени Ветрови“ е една од тие приказни, чиј крај беше предвреме создаден, не знаејќи сè уште што ќе се случи со ликовите и настаните.
Љубовната сага може да се набави во книжарницата „Викели“, Прилеп а наскоро и во Скопје на www.kupikniga.mk

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!