Почетна / Живот / Како TLC ќе ги реши нерешливите медицински загатки

Како TLC ќе ги реши нерешливите медицински загатки

 

Нов серијал ,,Поставете дијагноза’’ на TLC

 

Здравјето е најголемото богатство.Тоа го сфаќаме во моментот кога дознаваме дека сме болни. Меѓутоа, успешното лечење може да започне дури откако е поставена вистинската дијагноза. Навидум нерешливи медицински случаи, чудни симптоми кои ги имаат вистински луѓе и вистински случаеви. Една вистинска верзија на House M.D. , проследена со интервјуа од доктори и самите пациенти.

 

 

Новиот серијал,, Поставете дијагнозакој ќе започне да се емитува на TLC од четврток, открива неверојатни вистински приказни за докторите кои се ставаат во улога на детективи за да разрешат на прв поглед нерешливи медицински загатки.

Нешто како вистинска верзија на др.Хаус. Користејќи интервјуа и драматични сведоштва од прво лице, гледачите ќе сведочат на застрашувачки приказни од обични луѓе кои биле нападнати од мистериозни болести со чудни симптоми. Тоа што следува е трката против времето кога докторите одбиваат да се откажат и да остават нерешен случај, сакаат да го излечат пациентот и да спречат повторување.

 

 

Во серијалот докторите се вчудовидени одкако една успешна бизнисменка започнува да се однесува како да е опседната од демони, диџеј кој покажува знаци на алкохолизам иако е трезен цел живот како и млад доктор кој преживува серија на симптоми кои го снеможуваат, а ниеден друг доктор не може да ги дијагностицира.

 

 

Првата епизода од серијалот,, Поставете дијагноза може да ја проследите во четврток, 1 октомври во 22 часот на TLC.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!