Овогодинешното издание на Детската Евровизија ќе се одржи на 20. ноември во Софија. Боите на Македонија на фестивалот ќе ги бранат слатките Ивана и Магдалена кои имаат по 13 години. Песната се вика „Плетенка“ и е дело на самите изведувачки, а во создавањето помогнаа Ристо Самар и Кристијан Габровски кои го направија и аранжманот.
На “Junior Eurovision 2015” ќе учествуваат 17 земји, а меѓу нив и Македонија која се враќа после една година пауза. Фестивалот е дел од престижната „Евровизија“ и во неговата реализација учествуваат националните јавни сервиси од земјите учеснички, МРТВ од Македонија. Фановите на фестивалот по социјалните мрежи веќе ја фаворизираат нашата песна и истата важи за еден од поголемите фаворити.
Преслушајте ги песните на останатите земји учеснички и пресудете сами. Во прилог е видео спотот кој беше сниман на најгорната тераса на Градскиот Трговски Центар.