Почетна / Телевизија / Нова сезона од модниот магазин „Стилисимо“ секоја недела на МТВ 1

Нова сезона од модниот магазин „Стилисимо“ секоја недела на МТВ 1

 

Се враќа Стилисимо со Цаци Паковска

 

Од вечерва во 20:15 часот започнува нова сезона од „Стилисимо“ – ТВ магазинот за стил, мода, модни трендови и забава. Водител и автор на „Стилисимо“ е познатата стилистка и креаторка Цаци Паковска која секако ќе ја гледаме и во новата сезона, секоја недела на Прва.

 

 

„Стилисимо“ има забавен, но и едукативен карактер и е наменета за сите љубители на модата и убавиот животен стил воопшто. Оваа емисија содржи 6 куси и  динамични прилози снимени на различни локации во зависност од содржината. Во секоја емисија има интересни модни интервјуа со познати светски и домашни имиња од светот на модата, како и прилози кои обработуваат модни феномени.

 

 

Емисијата ги открива и покрива најпознатите светски модни недели, со што им овозможува на гладачите да бидат во тек со најновите модни трендови. Во Стилисимо секогаш има место и за машката мода, со цел емисијата да е атрактивна за целото семејство. Комплетниот стил на емисијата се надополнува со куси прилози за најпознатите модни метрополи како Милано, Париз, Њујорк.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!