Уште еден од настаните кои го одбележаа викендот во Скопје е гламурозната манифестација „Balkan Spa Awards 2015“ којашто се одржа во Македонскиот Народен Театар. Македонија оваа година за првпат беше домаќин на „Балканските Спа Награди“, бренд на Николај Диковски кој им доделува признанија на најдобрите спа центри во регионот.
Номинациите беа откриени пред неколку месеци во хотел Русија, а победниците ги дознавме оваа сабота. Во категориите беа вклучени спа центри од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, Турција, Албанија и Косово. На настанот се појавија видни личности кои уживаа во топлиот пречек на Иванна Хаџиевска и хуморот на Сашко Коцев. Тамара Тодевска ги изведе своите најдобри хитови, а сцената ја збогатија и фантастичното италијанско Трио Тенори.
Од македонските номинирани спа-субјекти наградени беа хотелот „Изгрев“ во Струга, беровскиот хотел „Аурора“, скопскиот хотел „Русија“ како најдобра спа инвестиција и други. Во прилог е фотографијата на која можете да ги погледнете сите наградени.