Oдличен настап на нашата Мартија – доби “браво” од жирито
Покрај Антониа Гиговска, во музичкото шоу “Пинк ѕвездички”, имаме уште една македонска учесничка која подеднакво добро пее и подеднакво успешни настапи и пласмани има како Антониа. Се работи за нашата Мартија од Куманово.
Откако во првиот круг, Мартија се претстави со “All about that bass”, во вчерашната емисија на ТВ Пинк од вториот круг, таа ја испеа “Take me to church” на Hoizer. Вака изгледаше нејзиниот настап, на кој жирито рече дека е неверојатна, слатка и дека ќе израсне во прекрасна ѕвездичка.
Дани | ТВ Пакет