Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #005

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #005


 

#5то продолжение

 

Силна експлозија го затресе задниот дел на авионот. Сирената за пожар почна да свети црвено во пилотската кабина.

Каталина знаеше дека нешто не е во ред. Го одврза својот безбедносен појас иако знакот за користење на истиот светеше веќе долго, па се извлече меѓу редовите и пријде до капетанската кабина.
            – Што се случува овде?, – во еден здив, но сепак приземјено го праша капетанот и неговиот копилот.

–       Госпоѓице, ве молам вратете се на своето место, – и нареди Себастијан.

–       Ве молам нека ми објасни некој што е проблемот, – Каталина не се даваше.

–       Вратете се на своето место и оставете не да работиме, – и потенцираше Себастијан.

Каталина гледаше во тастатурата пред капетанот. Можеби не се разбираше во летање на тие огромни машини, но и те како ја познаваше нивната хардверска основа.

–       Откажан е еден од моторите, – рече гласно, а знакот за пожар само и ја потврди теоријата.

–       Да, едниот мотор е во пламен. Сега вратете се на своето место и врзете го појасот. Ова не е Ваш проблем. Наш е.

–       Дури и да го згаснете огнот, нема да успееме да летаме до Мексико Сити во овие услови.

–       Ве уверувам дека сите ќе слетаме безбедно, нема место за паника.

–       Нема место за паника?, – повтори Каталина. – Како ќе летате со еден мотор?

–       Еден мотор е доволен, госпоѓице, ве молам напуштете ја кабината, – на крајот со нервите ја опомена Себастијан.

 

 

Мануел доби краток телефонски повик од Емператриз. Го чекаше во гаражата. Тој излезе од лифтот и се упати кон секторот А1. Емператриз седеше во своето порше и му даде знак со гестикулација да и пријде.

–       Здраво Мануел, – го поздрави кога влезе во автомобилот и седна на сувозачкото до неа.

–       Што сакаш од мене, Емператриз?

–       Сакав да зборуваме.

–       Тогаш биди кратка бидејки немам многу време.

–       Потребна ми е твоја помош.

–       И зошто би ти помогнал?

–       Поради многу причини, дарлинг. Пред се, бидејки ти одговара да бидеш покрај мене.

–       Ми одговара?, – скептично ја праша Мануел.

–       Ти одговара. Да речеме вака…Знам дека во овој момент, еден од авионите на авиокомпанијата Игуана, за кој ти и Рафаел Уриостеги сте заинтересирани, се урива некаде во Гватемалската џунгла. Замисли, ако татко ти дознае за тоа твое дело, Мануелито.

 

 

Електронската достава  нагло се изгасна во целиот авион на компанијата Игуана. Десното крило се ширеше во пламен. Паника, хистерија и врескање низ патниците во авионот. Стјуардесите се обидуваа да одржат ред, но беше залудно…

 

 

Пилотите повеќе не можеа да го одржат авионот на баланс во воздухот. Себастијан се обидуваше да воспостави врска со најблиската аеро служба, но залудно. Секој контакт со ближните аеродроми беше невозможен поради прекин и доток на електричната енергија во леталото.

 

 

Мануел гледаше во празно пред себе. Околу него кружеше чадот од цигарата која ја пушеше Емператриз. Отсекогаш биле маестрална манипулаторка, помисли во себе.

–       Размисли на чија страна сакаш да бидеш. Ти не си во положба да му се спротиставиш на твојот татко, ни сега ниту било кога.

–       Како дозна?, – ја праша кратко.

–       Од каде е сега тоа важно?

–       Важно е дека знам. Нека ти биде доволно.

–       Што сакаш од мене, Емператриз?

 

 

Студена пот течеше од лицата на Себастијан и Фредо додека се обидуваа да го избалансираат авионот. Каталина чуствуваше дека може да даде помош, па го грабна токи-вокито и се обиде да добие сигнал.

–       Овде Игуана 319. Гватемала, ме слушате? Се работи за итен случај, Ве молам одговорете!

–       Не може да ти одговорат, линијата е мртва, – ја извести Себастијан па погледна во мониторот пред себе.

Авионот се побрзо тежеше кон копно. Брзината од 5000 км надмосрка височина паѓаше на 4000…

Стјуардесата им даде наредба на патниците да седат врзани за своите седишта со главата помеѓу нозете. Да бидат подготвени за принудно слетување.

 

 

Емператриз зеде нов дим од цигарата, па погледна во убавите сини очи на Мануел и го испушти димот во неговото лице.

–       Татко ти сака да се разведе од мене.

Тој остана да стои мирно.

–       Не си изненаден?, – го праша.

–       Беше прашање на време кога, – и одговори најисркено.

–       Не престануваш да ме изненадуваш, дарлинг. Однадвор ангел, почитувано и успешно момче на кое сите му се возхитуваат, а внатре прав демон. Како и да е, очекувам твоја помош. Немам намера да го загубам местото, позицијата ниту домот за кои се борев седумнаесет години.

–       Ако не ти помогнам, ќе му кажеш на татко дека јас и Рафаел Уриостеги сме во матен бизнис заедно?

–       Токму така. Мануелито, да не бев јас, никогаш немаше да ја имеш позицијата која сега ја имаш во Фалкон. Јасно? Совршено си свесен дека тоа место беше печено за брат ти Себастијан.

–       Беше печено се до пред пет години, – ја поправи Мануел.

–       И самиот си свесен дека Лусијано не престана да мисли на миленикот сите овие пет години. Ако се врати Себастијан…

–       Ако Себастијан се врати ќе морам да живеам во негова сенка, како и кога бевме деца.

–       Да живееш во снека? Типично за тебе. Себастијан никогаш не би го кажал тоа. Затоа и му е миленик на татко ти. Лусијано му се восхитува и покрај се.

–       Што сакаш да постигнеш со сето ова, Емператриз? Јас не можам да го натерам татко ми да те сака.

–       Мануелито, знам дека не сакаш да ми помогнеш, но сепак ќе ми помогнеш. Бидејки ако отворам уста, готов си! Освен тоа, има еден мал детал кој што може да направи да го имаш Фалкон во свои раце. Дали знаеш дека брат ти е капетан на авионот кој што во овој момент се урива во Гватемала?

Мануел почуствува како му се заледува крвта во телото а како му расте крвниот притисок во главата.

 

Емператриз беше во право. Лусијано никогаш не успеа да го заборави својот миленик. На бирото во својата канцеларија чуваше фотографија од првиот ден кога неговиот постар син научи да лета со кингерот во близина на ранчот. Беш горд татко бидејки не само што Себастијан беше интелигентен, туку се правеше со леснотија, се му одеше од рака.

Каталина, неговата верна секретарка го послужи со чај. Го познаваше својот газда како што го познаваше својот сопруг. Знаеше дека ова не е негов ден.

–       Ве мачи нешто?, – го праша. – Можам ли да Ви помогнам?

–       Не, благодарам, Каталина.

 

 

Емператриз уживаше гледајки како се менува здравствената состојба на Мануел во секунди. Почна да се задушува и да добива напади на астма, но тоа не ја спречи да продолжи да го вознемирува.

–       Отсекогаш си го мразел својот брат. Себастијан беше добар, учен, вреден, омилен на тато…Умираш од завист откако знам за тебе. Знам како ликуваше она вечер кога Себастијан ја напушти куќата. Стоеше на терасата од својата соба и гледаше како тој заминува со својот мотор. Ликуваше, Мануелито. Кутриот Себастијан. Секогаш беше толку добар со тебе, ти помагаше, те извлекуваше од неволји… Но ти никогаш не му прости што му е омилен на тато. Размисли. Ако брат ти умре, ти немаш што да загубиш. Тој ќе биде мртов а ти ќе бидеш херој. Затоа ти велам дека треба да бидеш на моја страна. Размисли.

Мануел ја отвори вратата од  автомобилот и излезе на воздух. Состојбата му се влошуваше во секунда.

Емператриз го повлече квачилото и даде напон на автомобилот, задушувајки го зад себе со гас својот посинок.

 

Мадрид, Шпанија

 

Ана го врати Бак, песот на Себастијан во станот по долгата прошетка.

Му ја наполни зделата со вода, па погледна околу себе. Станот беше во неред. Типична гајба за еден ереген. Требаше да се врати доцна ноќта, па сакаше да го изненади. Да го исчисти станот, да спреми италијанска вечера, која му беше омилена храна и да го опушти со купка и масажа.

Само што почна да средува, заѕвоне ѕвоното на вратата. Песот залаа. Ана ја отвори вратата пред која стоеше заводлива русокоса, со долги нозе и напучени усни.

–       Те молам кажи му на Себастијан дека сум тука.

–       Себастијан не е тука, – полна со себе Ана ја извести кокетата.

–       Сигурно? А Фредо?

–       Ниту Фредо не е дома. Сама сум.

–       А која си ти?

–       Ана. Девојката на Себастијан. А ти?

–       Драга, – зајадливо продолжи кокетата. – До минатата недела јас бев онаа која што ги топлеше оние чаршафи. Затоа ни си гаи илузии. Пренеси му на Себастијан дека го барала Ванеса. Сигурна сум дека ќе се израдува.

Ана и ја плесна вратата пред нос.

–       Ванеса, – почна да го карикира односот на девојката. – Ванеса. Ќе видиш што те чека кога ќе се вратиш од Мексико! Бак!!!

 

 

Авионот на авиокомпанијата Игуана лежеше во еден дел на почвата на една џунгла во близина на езеро. Себастијан се врати брзо при себе. Фредо исто така. Единствено девојката која се најде во нивната кабина лежеше без свест.

Себастијан и го измери пулсот. Беше слаб, но даваше знаци на живот.

–       Себастијан, Фредо…, – крикна стјуардесата влегувајки во кабината. – Како сте?

–       Добро. Како си ти?, – ја праша Себастијан. – Има повредени?

–       Не колку што знам.

–       Те молам, отвори ја вратата и напуштете го авионот.

Стјуардесата ја напушти кабината по примената наредба.

Каталина ги отвори очите и преплашено погледна околу себе. Себастијан ја зеде в раце и ја изнесе од кабината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!