#6то продолжение
Мануел го остави инхалаторот на работното биро додека чекаше да се воспостави бараната телефонска линија.
– Ало? Авио компанијата Игуана Ерлајнс? Можете ли да ми дадете информација за летот 319 кој треба да слета за половина час во Мексико Сити, ве молам?
Со помош на пилотите и стјуардесите, сите патници навремено го напуштија авионот на авиокомпанијата Игуана по принудното слетување во Гватемалската џунгла.
Откако доби информации за летот на Игуана, Мануел Ламас го повлече инхалаторот до војата уста. Во неговата канцеларија влезе Лусијано.
– Зборуваше со Уриостеги?
– Предмалку, – одговори Мануел. – Се враќа утре со првиот лет. Се видов со Емператриз, – додаде младиот, менувајки ја темата. – Што се случило меѓу Вас?
– Од кога ти должам објаснувања на тебе?, – дрско го праша Лусијано.
– Извини…Но слушнав озборувања и се загрижив.
Лусијано размисли на кратко. Понекогаш го презираше својот однос кој го имаше кон синот.
– Емператриз и јас се разведуваме.
– Морам да кажам дека не сум изненаден…По толку години кавги…Дали тоа е крајно решение?
– Дали некогаш постои поинакво решение кај мене?
Мануел скептично се насмевна. Познавајки го својот татко не требаше да постави такво прашање.
– Сакам да те замолам нешто. Да не се разведувате пред мојата веридба. Знам дека барам многу од тебе, но сакам фамилијата да биде на едно место тој значаен ден за мене. Знаеш дека Агата доаѓа специјално од Франција за тој ден. Помисли на работата…
– Не ми зборувај ти на мене за работата. Старата ќе не види сите заедно, иако против моја волја. Не грижи се. Татко ти достоинствено ќе ја пречека твојата вереница и нејзината фамозна фамилија. Но, мојот приватен живот на страна.
– Ти благодарам, татко.
Откако патниците и тимот го напуштија авионот, се засолнија во близина на местото каде што истиот се урна. Помеѓу густата прашума каде што се слушаа криците на егзотичните птици. Каталина им помагаше на стјуардесите при носење на прва помош на повредените. Скоро се најде покрај мистериозниот господин со мустаќи кои седеше крај неа за време на летот. Левата рака обилно му крвареше, па се обидуваше да ја преврзе со парче од кошулата.
– Дозволете ми да ви помогнам, – се понуди Каталина, приоѓајки му.
– Сега сте и медицинска сестра?, – ја праша иронично.
– За Ваша среќа, господине, имам одено на часови за итна помош, – со истиот тон му одговори.
– Не ме допирајте!, – одлучен беше господинот.
Каталина ги крена рацете и погледна пред себе. На неколку метри под едно дрво лежеше копилотот на леталото. Главата му крвареше, па се обидуваше да го сопре истотото со завој.
– Дозволете ми да ви помогнам, – рече приоѓајки му.
– Ништо страшно. Ве молам ако се разбирате во медицина, помогнете им на патниците кои се во шок. Во кутијата за прва помош има преврски, антибиотици, инјекции. Знаете да ставате инјекции?
– Да.
– Тогаш помогнете и на Марија, ве молам. Јас ќе бидам добар.
– Извинете. Каде е капетанот?
Каталина не можеше да престане да мисли на него. Помисли и на најлошото бидејки го немаше видено откако го напушти авионот.
– Себастијан? Не знам, најверојатно е тука некаде. Во секој случај ви благодарам, госпоѓице…
– Каталина.
– Јас сум Алфредо, но слободно викајте ме Фредо. Сакам да ви кажам нешто.
– Да.
– Не беше несреќа. Некој не саботираше.
– Како?
Нивниот разговор го слушаше господинот со мустаќи од зад дрвото, додека се обидуваше да го сопре крварењето на раката и додека џвакаше тревка меѓу забите.
Кога секретарката влезе во канцеларијата на Мануел, го затекна со главата помеѓу рацете потпрен на бирото.
– Се е во ред?, – го праша.
– Се е во ред, Ева, – одговор, подигнувајки ја главата кон својата секретарка. – Само главоболка, но веќе испив антибиотик.
Лили Авила работеше како стјуардеса од својата дваесет и прва година. Кобниот лет на Игуана Ерлајнс беше 121 лет во нејзината кариера. Поради наглото слетување на авионот, девојката се здоби со внатрешни повреди во стомакот на кои им потклекна брзо откако авионот се испразни. Себастијан беше крај неа во тие моменти. Се обидуваше да ја реанимира, но беше залудно.
– Ајде, Лили, ти си храбра девојка. Види колку издржа, не се предавај сега…
Се обидуваше да и стави антибиотик во устата, но усните на Лили беа како херметички затворени. Бараше некој за помош околу себе, кога ја здогледа Каталина како му приоѓа. И рече да побрза. И ја даде пилулата в рака за да ја принесе до усните на стјуардесата додека тој се обидуваше да и стави вода во грлото.
– Лили, соработувај те молам. За твое добро. Отвори ја устата, ќе ти биде добро.
– Себастијан, – грчеивото крикна Каталина, опипувајки го пулсот на девојката. – Не дише.
– Не е можно.
Себастијан го остави шишенцето со вода за да го провери пулсот на стјуардесата. Каталина беше во право. Телото и беше млитаво но крвта веќе не струеше низ него.
Вилицата на Себастијан почна да се тресе. Ги собра рацете во тупаница и почна да удира во се што наиде пред себе.
Емператриз изелзе од под туш со фротирска наметка на себе и пешкир преку главата. Телевизорот беше пуштен на националниот канал, но со исклучен тон. Забележа снимка од авион на шпанската авио компанија, па побрза по далинскиот управувач за да го попушти гласот на екранот.
– Силното невреме кое го зафати јужниот дел од државата донесе до губење на радарот на авион на авиокомпанијата Игуана. Од контролата за летово овде во ДФ велат дека го загубиле секој контакт со споменатиот авион и се претпоставува дека истиот принудно слетал или се урнал некаде во прашумите на Гватемала. Патролната група како и полицијата на Гватемала се во потрага по авионот, кој што повторувам загуби секаков контакт со ДФ ова претпладне во единаесет.
Силно отворање на вратата и го отргна вниманието на Емператриз од дневникот. Го исклучи телевизорот и погледна во Лусијано кој стоеше пред неа со собрано чело.
– Колку пати да ти кажам дека не те сакам во оваа соба?
– Дарлинг…Мислам дека треба да разговараме, секако ако си подготвен да ме сослушаш.
– Ни сега ни никогаш!, – прецизен беше Лусијано. – Оди во гостинската соба.
– Нема да ти недостига мојата топлина?
– Излегувај реков!
– Зошто си таков намќор, морковче? Гледаш дека гледам вести…
– Гледај на друго место.
– Како сакаш. Слушнав дека дошло до тешка авионска несреќа во Гватемала. Се урнал авион на компанијата Игуана. Велат дека нема преживеани.
Како змија отровница која испушта отров, Емператриз ја напушти брачната соба, оставајки го Лусијано со болка во градите. Знаеше дека за таа компанија работи неговиот син.
Пребарувајки го трупот на авионот, Фредо најде остатоци од експлозивот во машкиот тоалет во задниот дел на авионот. Го побара Себастијан за да му ги потврди сомнежите.
– Без сомнеж се работи за експлозив, – потврди Себастијан, држејки го експлозивот в раце. – Но добро какви болни луѓе постојат на овој свет? Кој сакал да го урне авионот во кој што лета?
– Невремето му ги попречило плановите, – заклучи Фредо. – Но кој можел да го направи тоа?
– Не знам, Фредо, не знам, но кој и да е, сигурно е меѓу нас.
Себастијан го напушти тоалетот и чекорејки меѓу редовите со искршени столици и превртен багаж, на подот наиде на еден нотес запечатен од авио компанијата Фалкон Ерлајнс. Да беше обичен нотес немаше да му предизвика внимание, но се работеше за нешто поврзано со фирмата на неговиот татко. Го зеде нотесот в рака и го отвори. На првата страна со пенкало беше испишано едно име; Каталина Уриостеги.