#7мо продолжение
Луз Уриостеги за влакно ја избегна несреќата на компанијата Игуана. Требаше заедно со својата сестра да се вратат од Мадрид, но не успеаа да најдат две слободни места во ист авион. Луз го фати авионот од Мадрид кој полета еден час по Игуана.
Нешто по пладне, слета безбедно на аеродромот во Мексико Сити. Го зеде багажот и повика такси.
Кога таксистот ја остави пред зградата во областа Поланко, Луз му плати напојница, таксистот и помогна со багажот и ја испрати до влезната врата на зградата. Луз срдечно му заблагодари и влезе во лифтот откако го поздрави домарот.
Од лифтот излезе на петиот кат. Со клучот ја отвори вратата од станот, но забележа дека веќе има некој. Помисли дека најверојатно Каталина веќе стигнала.
– Мануел!, – крикна кога го здогледа вереникот на нејзината сестра.
– Здраво, Луз. Каде е Каталина?
– Каталина? Требаше да стигне пред мене. Имавме различен лет. Нејзиниот требаше да слета еден час пред мојот.
Марија и Лили беа неразделни пријателки и цимерки веќе две години. Летаа за иста авио компанија и уживаа во заедничките летови. Марија беше од Пуебла, па овој лет беше прилика да ја запознае Лили со својата фамилија. Кога дозна за нејзината смрт, почуствува како и откажуваат нозете, како ја губи свеста, па клекна на земјата покрај дебелиот бабмбус.
– Знам дека ти е тешко, Марија, но мораш да бидеш силна, – ја тешеше Каталина, иако и самата знаеше дека не постои утеха. – Плачи, испалачи се, ќе ти биде полесно.
– Лили беше сирак, – липташе Марија. – На ова патување требаше да ја запознаам со мојата фамилија во Пуебла…Се радуваше на тоа. Ми рече дека се радува што ќе има шанса да појадува на софра со цела фамилија бидејки од дете го немала тоа…
Очите на Каталина се полнеа со солзи слушајки ја приказната на Марија.
– Знам дека не можам да ти кажам ништо, бидејки што и да кажам нема да ти биде утеха. Ти била како сестра, сте биле блиски…Но, таков е животот.
– Животот е неправеден. Зошто таа а не јас? Лили беше многу подобра личност од мене, не заслужи да умре…
– Не зборувај така.
Каталина ги бришеше солзите на очајната стјуардеса со своите раце, кога до нив пријде Себастијан. Грубо ја грабна Каталина за раката и ја тргна на страна.
– Каталина Агире или Каталина Уриостеги?
– Што?, – девојката беше збунета. Не можеше да претпостави од каде Себастијан дознал за нејзиното право име.
– Сакам да знам која си и што бараш овде?!
Каталина гледаше во Себастијан чија вилица се тресеше од бес. Ја нападна како диво животно, а не знаеше со кој мотив.
– Не знам што зборуваш…
– Зборувам за ова!, – одговори дрско покажувајки и го нотесот со печат на компанијата Фалкон и со нејзиното право име во потпис.
– Јас немам што да ти објаснувам.
– Секако дека имаш! Работиш за Фалкон, користиш лажно име, леташ со авион кој што го саботираш…Мојата колешка и пријателка умре поради тебе. Затоа сега има да ми објасниш се!
– Сакаш да кажеш дека јас сум го саботирала летот?
– Да.
– Тогаш целиш кон погрешна личност, идиоту!, – му замавна силна шлаканица давајки му до знаење дека разговорот е завршен.
Лусијано наточи чашка бурбон во својата канцеларија во вилата додека чекаше да добие телефонска линија.
– Ало? Овде Лусијано Ламас од Фалкон Ерлајнс. Сакам да знам кој лет се урнал во гватемалската прашума.
За кратко Луисјано ја испушти кристалната чаша со коњак која ја држеше во раката. Кристалот се скрши на парчиња а алкохолот се разлеа по мермерниот под.
Мануел Ламас непоканет влезе во станот, додека Луз сеуште стоеше на вратата. По долгиот пат се што сакаше во тој миг е да влезе под туш и да го опушти своето тело со млаз топла вода и пареа.
– Лусесита, знаеш дека не ти верувам кога велиш дека не знаеш каде е сестра ти.
– Јас не можам да го променам тоа, – незаинтересирано му рече таа.
– Кој е проблемот кој го имаш со мене, девојко? Јас сум вереникот на твојата сестра, јас сум твој пријател…
– Ти си мој пријател?, – го праша скептично. – Те молам не ме засмевај, Мануелито.
– Само се обидувам да бидам културен, те молам не ми отежнувај.
– Нема сомнеж дека си образован и културен човек. Но, културен човек не влегува во станот на сама жена која нема ништо со него. Затоа, – Луз дрско му ја покажа вратата.
– Знаеш ли во колку слетува авионот на сестра ти?
– Не, бидејки ми кажа дека сака да одмори од тебе. Како и од онаа сива канцеларија која ја задушува. Но, да не заборавам, – додаде Луз и посегна по едно плико од својата чанта. – Каталина ти го прати ова.
Мануел грчевито посегна по пликото кое му го подаде Луз. Беше очигледно што пишува внатре.
Емператриз слезе во канцеларијата на Лусијано откако слушна како гумите на неговата Хонда оставаат звук зад себе во двориштето. Погледна на подот. Скршена кристална чаша и растечен пијалок по мермерот. Ликуваше.
Мануел не дочека да го отвори пликото кое му го врачи Луз. Само што седна во својот автомобил ја отвори хартијата поделена на две. Го препозна ракописот на Каталина.
“ Мануел, сакам да ти кажам дека ќе земам неколку дена одмор и дека нема да доаѓам на работа. Не грижи се, нема да заборавам на забавата. Ако можам ќе ти се јавам. Каталина.“
Целото попладне, Фредо го разгледуваше патниот список на патниците од кобниот лет кога дојде до заклучок дека еден патник не се појавил во авионот. Го побара Себастијан за да ја сподели својата теорија.
– Го гледав списокот на патници и недостасува еден патник.
– Не е патник, патничка е со лажен иденитет, – го пресече Себастијан. – Но таа не е виновна за ништо.
– Не, ова е машко име. Игнасио Брачо. Барем тоа име стои на листата на патници. Требало да седи на седиштето 20 Е.
Лусијано ги надмина сите возни граници по улиците на градот, со цел што поскоро да стигне до компанијата.
– Поврзи ме со Агилар. Најави го моето пристигнување за два часа!, – и даваше телефонски инструкции на својата секретарка преку мобилниот телефон. – Ме заболе мене што започнале истрага. Се работи за мојот син и јас лично ќе ја водам таа истрага!
Беше концизен, јасен и гласен.
Каталина ги извади своите чевли кои веќе со часови ги носеше, предизвикувајки и рани на глуждовите. Седната на едно превртено дрво во шумата, до неа пријде Себастијан.
– Морам да зборувам со тебе, – и рече.
– Јас не зборувам со луѓе кои немаат доверба во мене!
– Прво и основно, јас сум одговорен за сите Вас додека сме овде, додека не не пронајде некој. Затоа како и сите останати, ќе го правиш она шо јас ќе го кажам.
– А кој си ти мене да ми даваш наредби?
– Пилот на авионот, доволно?, – ја праша иронично.
– Авионот повеќе не е во лет, така да ниту ти не си повеќе пилот.
– Дојдов само да те известам дека во авионот била поставена бомба. Поточно во задниот тоалет на трупот.
– О боже, – се сети Каталина, широко отварајки ги очите. – Еден тип непосредно пред несреќата, влезе во тоалетот и се задржа прилично долго.
– И зошто ми го кажуваш ова сега?
– Бидејки немам потреба да се исповедам на луѓе кои ме сметаат за сомничава!
– И каде е тој тип сега?, – ја праша Себастијан.
– Не знам, не го видов откако слеговме од авионот. Мислиш дека побегнал?
– Веројатно, – Себастијан ги потврди нејзините сомнежи. – Но, што ако оставил соучесник? Што ако тој соучесник си ти Каталина Агире…Пардон, Уриостеги?
Видно изреволтирна од постојаниот терет на сомнежи, Каталина посегна со десната рака да му заврзе шлаканица на пилотот кој и одеше по нерви од самото запознавање, но Себастијан на време ја запре нејзината рака, повлекувајки ја кон себе.
– Смири се, смири се…Погледни ме во очи и кажи ми дали ти не би била сомничава на мое место?
Држејки ја нејзината рака, Себастијан го извлече ременот од својата половина. Го заврза за едно тенко стебло и околу двете нејзини раце. Каталина се обидуваше да се ослободи, но залудно.
– Те мразам! Се колнам дека те мразам!, – му дофрли како лута хиена и замина кон густата шума.