Почетна / Забава / Јелена Томашевиќ вечерва ќе настапи на фестивалот МАРС 2015

Јелена Томашевиќ вечерва ќе настапи на фестивалот МАРС 2015

 

Осмото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2015 ќе се одржи на вечерва (24 ноември, вторник) во Македонската опера и балет (МОБ), финансиски  поддржан од град Скопје тој и понатаму останува парада на најпопуларните македонски музички ѕвезди, кои во една вечер нудат ревија на најслушаните хитови во тековната година, па затоа МАРС е македонски музики „all stars“.

 

 

Изборот на најпопуларните годинешни радиохитови како и досега е добиен по пат на селекција од над 40 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија. Избраните 15 највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2015 која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на националниот ТВ сервис – МТВ. Листата на избраните ќе се знае во почетокот на следната недела откако ќе се сумираат резултатите од пристигнатите гласови од македонските радиостаници.

Македонскиот радиски фестивал МАРС 2015 чиј продуцент и организатор од самото негово основање е ЈУ Центар за организирање приредби Универзална сала – Скопје, односно Конгресниот центар Александар Македонски како што сега гласи нејзиното име, и годинава ги задржа правилата на селектирање на песните и ја продолжи нововостановена концепција на гласање и наградување на победниците од пред две години.

МАРС 2015
ФИНАЛНА ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

  1.     ТЕА – „Доста глумиме“

    2. ТАМАРА & Д.Н.К. – „Фрази љубовни“

    3. ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ – „10 лета“

    4. НЕКСТ ТАЈМ – „Ја излези Ѓурѓо“

    5. ЛОЗАНО – „Како тебе нема друга“

    6. ТАЈЗИ – „Амор“

    7. ЕЛЕНА РИСТЕВСКА – „Доживотно“

    8. EYE CUE – „Колку пати“

    9. МИКИ ЈОВАНОВСКИ ЏАФЕР – „Рок на траење“

    10. КАЛИОПИ – „Мојот дом“

    11. ТАРА – „Сакам, несакам“

Во ревијалниот дел на МАРС 2015 ќе се појават две еминентни музички имиња од регионот – српската етно- поп дива Јелена Томашевиќ и босанскиот поп пејач Хари Мата Хари кои со своето присуство и изведбата на своите хитови ќе ја збогатат програмата и го подигнат нивото и рејтингот на фестивалот.

Обете регионални музички ѕвезди ќе ја понесат наградата за музичка, но и медиумска популарност во регионот, заради своите хитови, вокални квалитети но и медиумското присуство на радиостаниците и особено ТВ како членови на жирито на попоуларното и многу гледано кај нас музичко талент шоу – „Пинковите ѕвездички“.

И годинава претходно селектираните хитови од финалната селекција по категории ги оцениваше и наградуваше 12-члено жири составено од преставници на исто толку национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија, чии имиња заради евентулни можни злоупотреби, лобирања или притисоци, се држат во тајност се до самиот ден на фестивалот.

Изведувачот чија песна ќе биде прогласена за апсолутен радиски хит на 2015 година добива парична награда од 60.000 денари, а организаторот на Македонскиот радиски фестивал ќе и овозможи бесплатно да ја користи салата на КЦ Александар Македонски за свој солистички концерт.

Изведувачот на песната која ќе добие најмногу лајкови од фановите на Фејсбук фан страницата на МАРС 2015 и како нивни избор ќе добие награда од 30.000 денари и исто така можност бесплатно да ја користи салата за свој солистички концерт.

 

 

И конечно наградата од 10.000 денари ќе ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни. Оваа награда традиционално ја избираат естрадните новинари од дневните весници, естрадните магазини и интернет портали во Македонија. Наградите од МАРС-Старс програмата ќе ги добијат уште неколку домашни имиња. Првата е специјално признание за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија, која Македонскиот Радиски фестивал МАРС 2015 ја доделува на една македонска музичка легенда. Втората од МАРС-Старс програмата, е наградата Ѕвезда што се раѓа и неа ќе ја доби едно младо музичко име во Македонија кое има најголем напредок во кариерата во тековната година.

Тука се уште наградите за најдобра преработка, партнерство за хит, најслушана песна од македонски изведувач во регионот… и сл. Домаќин на осмото фестивалско издание на МАРС 2015 и овој пат ќе биде еминентното и популарно радио и ТВ лице Марија Петровска од најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ” на МТВ1, а од бекстејџот ќе се јави новинарката Слободанка Марковачева. Слободанка за втор пат се појавува како дел од овој реномиран фестивал, а првото појавување го имаше во 4-тото издание на МАРС.

МАРС 2015 за заедницата, е традиционалниот хуманитарен аспект на Македонскиот радиски фестивал МАРС кој и годинава и покрај лимитираниот број на места и малиот капацитет на салата ќе им даде свој скромен придонес на оние на кои тоа им е најпотребно со одвојување на дел од средствата собрани од приходот од влезните билети кои и овој пат ќе бидат донирани.

Според сите новинарски написи, критики и извештаи кои се појавија во печатените и електронските медиуми сиве овие години МАРС беше оценет како успешно фестивалско издание, уникатна музичка манифестација како по својата организација, визуелна перцепција, бројот на квалитетни изведувачи и испеани хитови, така и по својата оригинална концепција и содржина.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!