Почетна / Забава / Што ни откри осмото издание на фестивалот МАРС 2015?

Што ни откри осмото издание на фестивалот МАРС 2015?

 

Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа 8-миот по ред Македонски радиски фестивал МАРС 2015 на кој беа претставени најголемите радиски хитови за изминатата година. Четириесет радиостаници ширум земјата, како и публиката преку гласање на Фејсбук, ги избраа овогодинешните победници.

 

фото:Вистина.мк

 

Освен македонските ѕвезди, награди добија и Јелена Томашевиќ и Хари Мата Хари, како најпознати изведувачи од регионот со најслушани песни во нашата земја изминатата година

– „Навистина прекрасно се чувствувам. Ова е прва награда која ја добивам во Македонија, верувајте навистина многу ми значи. Убаво ми е секогаш кога ќе дојдам во Скопје, кај вас го работев скоро цел мој албум заедно со Дарко Димитров и многу сум поврзана со овој град и со Македонија. Понекогаш во Скопје ја добивам мојата инспирација за моите песни. Сега е мој ред да и вратам на Македонија за прекрасната награда со нови песни!“

 

 

Јелена потврди дека во многу блиска иднина ќе одржи голем солистички концерт во Скопје:

– „Се уште не го знам точниот датум, но имам голема желба да ја израдувам македонската публика со еден голем солистички концерт, па еве ексклузивно за вашиот медиум најавувам дека за многу скоро време ќе ги довршиме плановите со моите пријатели во Скопје и ќе можеме да ги прецизираме деталите за мојот концерт во вашиот град. Со нетрпение го очекувам!“, изјави Томашевиќ за Популарно.

Поради краткото време, Јелена ни најави уште една средба и интервју следниот пат кога ќе го посети Скопје.

Инаку, освен Јелена и Хари Мата Хари, награди добија и 11 македонски изведувачи:

Ѕвезда што се раѓа – Теа

Најдобра преработка на песна за „Ја излези Ѓурѓо“ – „Некст тајм“

Aр-Eн-Би, рап или латино хит – Тајзи и „Амор“

Радиски поп хит – Влатко Лозаноски-Лозано за „Како тебе нема друга“

Рок хит – „Мојот дом“ на Калиопи

Радиски хит од група – „Ај кју“ и „Колку пати“

Maшки вокал – Александар Тарабунов

Женски вокал, радиска балада и текст на годината за „Доживотно“ на Елена Ристеска

Регионален хит и радиски хит избран од публиката – „10 лета“ на Даниел Кајмакоски

Апсолуте радиски хит и партнерство – Тамара Тодевска и „ДНК“ за „Фрази љубовни“

Трајни вредности – Мики Јовановски-Џафер

Добитникот на наградата апсолутен хит добива награда од 60.000 денари, наградениот од публиката 30.000 денари, а наградениот автор на текст 10.000 денари. Калиопи не можеше да присуствува на настанот поради тоа што беше гостин во Дневникот на МРТВ кадешто откри дека следната година таа повторно ќе ги браните боите на Македонија на Евровизија 2016.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!