#12то продолжение
Рано тоа утро, Мерседес го облече еден од најубавите фустни кои ги имаше во плаКатат и на глава ја стави сламената шапка која ја штитеше од сонце.
Кога нејзината болничарка Дијана влезе во собата, ја затекна како го реди бисерниот гердан околу вратот.
– Добро утро, госпоѓо. За каде сте се подготвиле вака рано?
– Добро утро, Дијана. Сакав да ти предложам да прошетаме во градината. Надвор е убав ден, можам да забележам преку прозорецот.
Рафаел одвај успеа да го задржи сонот минатата ноќ, а веќе требаше да се појави во канцеларија. Го облече оделото, ја врза краватата пред огледалото во својата соба, ја зеде актовката и слегувајки по скалите, заѕвоне неговиот телефон.
– Ало? Не, не сум те заборавил. Доаѓам натаму. Не, не, Мануел, сеуште не е пронајден. Не, не знам ништо. Да, дознав дека Лусијано е со спасувачите, но сеуште нема ништо официјално.
Додека го водеше телефонскиот разговор, Рафаел слушна врескање од собата на својата сопруга. Го прекина разговорот со Мануел и потра кон спалните соби на катот да види за што се работи.
Мерседес стоеше на прагот од нејзината соба, како закована за место.
– Што се случува овде? Зошто врескаш, Мерседес?
– Госпоѓата инсистираше да слезе во градината и не можев да ја одбијам, господине, – одговори Дијана.
– Не, не можам, не можам, – со страв во очите изогвори Мерседес, повлекувајки се назад во својата соба и затворајки ја вратата зад себе.
– Може да знам што по ѓаволите сакаше да направиш?, – Рафаел дрско и се обрати на болничарката. – Нема да ти дозволам вака да ја третираш.
– Запомни едно нешто, Рафаел! Ако немаш доверба во мене истерај ме, но додека јас сум тука, не се мешај. Ова е моја професија и многу добро знам како треба да постапам со случаеви како оној на госпоѓа Мерседес.
Рафаел не одговори ништо. Само заврте со главата и се упати надолу по скалите.
Во седиштето на зградата на Фалкон Ерлајнс, тоа утро за во девет часот беше закажан вонреден состанок за акционерите и управниот одбор.
– Добро утро, господа, – ги отпоздрави Мануел кога влезе во канцеларијата. – Ви благодарам што дојдовте за краток временски период. Сакав да ве известам дека госпоѓата Ламас, господинот Уриостеги и јас, – значително погледна во Емператриз и Рафаел, кои седеа десно од него на конферециската маса. – Сме убедени дека од вчера се промени ситауцијата во компанијата.
Каталина не знаеше дали Себастијан успеал да се извлече. Трчаше по брегот на реката, но немаше ни трага. Помислата дека можеби се удавил ја скрши. Грчевито клекна потпрена на една карпа и почна гласно да плаче. Премногу нешта се беа собрани за помалку од дваесет и четири часа. Едноставно немаше сила да продолжи понатаму. Не сама. Но, во еден миг, кога вербата ја предаде, забележа како Себастијан излегува од реката задржувајки се за камењата околу себе.
– Себастијан! Себастијан!, – крикна девојката приоѓајки му. За момент мислеше дека блада, па потрча да се увери од поблиску. Со двете раце ја фати неговата глава, неговите широки раменици, рацете…Сега беше сигурна дека не блада.
– Мислев дека се удави…Помислив на најлошото.
– Во ред сум…Добро сум, – одвај чујно успеа да изговори.
Каталина го зеде во своите прегратки, притискајки го силно.
Луз се врати од пазарење. Помислата дека нејзината сестра треба да се врати во секој момент, купи храна за да ја подготви. Ги спушти кесите на кујнската маса, и со далинското го уклучи телевизорот. Имаше навика да го вклучи телевизорот додека извршува други задачи. Каталина често се мајтапеше дека тоа го прави за да не биде сама. Но, Луз не беше подготвена за ударните вести.
– Последни вести. Сеуште нема траги од исчезнатиот авион на компанијата Игуана во Гватемала!
Не можеше да поверува. Со растреперена рака го зеде мобилниот телефон и го заврте бројот од својот татко. Рафаел беше недостапен. Мануел исто така. Се чувствуваше беспомошна. Истрча од станот и се најде на улица. И требаше такси за да дојде до Фалкон Ерлајнс. Некој мораше да и ја објасни ситуацијата. И додека ја преминуваше улицата, слушна силно чкрипење на гуми пред да се најде врз хаубата на еден автомобил.
Возачот излезе од автомобилот исплашен за животот на девојката.
– Госпоѓице, дали сте добро? Дозволете ми да ве пренесам до болница.
– Не, не сум добро, не сум добро, – како во бунило повторуваше Луз.
Херман Гутијерез, претставникот на Игуана Ерлајнс за Латинска Америка не можеше да ја разбере потребата од итен состанок кој Мануел Ламас го свика во Фалкон Ерлајнс.
– Јас не можам да разберам.
– Не е ништо комплицирано, – одговори Емператриз.
– Вчера господинот Уриостеги ни понуди…
– Извини, Гутијерез, – го прекина Мануел. – Но, мислам дека понудата не можете да ја одбиете во овој момент. Се наоѓате во тешка економска состојба. Знаете ли колкава оштета ќе треба да им платите на жртвите на авионската несреќа?
– Не заборавајте, Ламас дека нашата компанија има сигурносна полиса…
– Ниту една сигурносна компанија нема да и исплати штета бидејки авионот бил принудно спуштен.
– Од каде го знаете тоа?, – се зачуди Гутјерез. До тој момент ни самиот не знаеше што точно се имаше случено со авионот на Игуана.
Мануел погледна во Рафаел, кој ја потврди тезата.
– Да, така е.
– Но, како можете да тврдите кога авионот сеуште не е ни пронајден?
Младиот човек на чиј автомобилј Луз налета на улица, инсистираше да ја пренесе девојката до болница. Но, бидејки Луз тврдеше дека се е во ред тој инсистираше да остане со неа додека не дојде некој. Од краткиот разговор кој го имаа, заклучи дека сестра и најверојатно летала во авионот кој сношти исчезна и за кој зборуваше целата популација.
Луз го заврте домашниот број во семејната куќа.
– Ало?, – линијата ја воспостави нејзината мајка Мерседес. – Луз, мила моја да, ќерко сама сум.
– Мамо, не можам да зборувам долго. Те молам само кажи ми дали си ја видела Каталина? Не. Во ред, те бакнувам. Чао.
Ја прекина линијата со својата мајка и погледна во човекот од автомобилот.
– Навистина нема потреба да бидесте со мене. Добро сум.
– Не ве оставам сама, госпоѓице, не во ваква состојба.
Луз немаше време да се објаснува. Го заврте службениот број на Фалкон.
– Ало? Фалкон Ерлајнс!? Овде Луз, ќерката на Рафаел Уриостеги. Ве молам поврзете ме со мојот татко. На состанок? А, господинот Мануел Ламас? Исто. Во ред, благодарам.
Ја прекина линијата и погледна во младиот маж кој упорно стоеше до неа.
– Не знам што да правам.
– Не можеш да добиеш информација?
– Не.
– Жалам. Но, мораш да се смириш. Сакаш да се напиеме кафе додека чекаш?
– Не, не… Доволно стори за мене, а сигурно имаш обврски.
– Немам ништо во план. Поточно, ништо толку вредно како ова. Инсистирам да пиеме кафе. До тогаш сигурно ќе добиеш некоја новост за сестра ти.
– Во ред.
– Патем, јас сум Алекс.
– Мило ми е, Алекс…Луз.
По завршениот состанок со претставниците на авио компанијата, Емператриз и Рафаел влегоа во неговата канцеларија.
– Сакам да дадам оставка, – ја извести Рафаел. – Не сакам да работам повеќе овде. Освен тоа, кога ќе се врати Лусијано сигурно ќе ме истера на клоци…
– Не, Лусијано никогаш не го меша бизнисот со приватност, – го разубедуваше Емператриз.
– Не би се согласил со тебе. Оние фотографии се крајот на мојата кариера во фирмата.
– Биди мирен, Рафаел. Лусијано нема да те отпушти. Иако не верувам дека ќе поминеш така лесно. Може ќе ти удри некоја тупаница…знаеш, и покрај се ти имаш афера со неговата сопруга.
По незгодниот инцидент, Каталина и Себастијан продолжија да пешачат долж реката. Беа сигурни дека хелихоптерот кој претходно го видоа ќе се врати. Каталина не можеше да продолжи да оди. Чевлите и беа водени и ја жуљаа. Седна на една карпа и ја навали главата. Кога Себастијан ја забележа, не рече ништо. Само пријде до неа и ја прегрна. Во тие мигови Каталина се чувствуваше спокојно само во неговата прегратка.
– Се плашам, Себастијан. Се плашам…
– Од што? За што?
– За мене за тебе…за нас. Се плашам дека нема никој да не најде, дека ќе умреме на најлош начин, загубени во оваа проклета џунгла.
– Слушај ме добро. Ќе се извлечеме од ова. На добар пат сме.
– Не сакам да умрам. Не сакам…Овој кошмар никако да заврши. Опколени сме со џунгла, со инсекти и диви животни…Се ме боли и се плашам, се плашам…
Себастијан погледна во нејзините убави, крупни, костенливи очи кои беа полни со солзи. Со палецот на раката ги избриша, око по око. Во неговите прегратки беше таа кротка и плашлива девојка, која истовремено беше толку силна и храбра. Не можеше да одолее и нежно ја бакна. Ги спои своите усни со нејзините, а таа не се противеше. Напротив, му возврати на бакнежот со истиот интензитет.