Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #013

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #013

#13то продолжение

 

 

 

            Каталина почувствува како Себастијан прво нежно ја допре нејзината долна уста. Почувствува топлина по целото тело, како никој да не ја бакнал претходно. Двете усни се споија во страсен бакнеж, исполнет со желба.

Во еден момент, усните им се разделија, а погледите им се споија во еден.

            Тој поглед од секунда во секунда стануваше се поблизок. Усните повторно се пронајдоа. Нејзините раце се најдоа во неговата густа, кадрава коса, додека телото и трепереше како рефлексијата на месечината во водата.

Одеднаш, звук на хелихоптер над нивните глави. Себастијан го подигна погледот, додека неговите усни сеуште како запечатени беа споени со нејзините.

–       Слушаш? Спасени сме, Каталина!

 

 

Мерседес го отвори платното на кое црташе. Ја отвори и палетата со бои, додека нејзината собарка и ја местеше постелата.

–       Што сакаше гопсоѓица Луз? Да зборува со господинот Рафаел? Знаете дека господинот строго забрани да одговарате на телефонските повици, госпоѓо.

–       Јас…Јас одговорив на телефонот бидејки ти не беше тука, – се правдаше Мерседес.

–       Во ред, нема потреба од драми. Но, не смеете да се јавувате на телефон. Ги знаете наредбите на господинот, Мерседес.

–       Ах, Дијана…Дијана. не знам што би правела без тебе. Многу ти должам. Благословен да е денот кога те запознав.

–       Се сеќавате на тој ден?

–       Мислам дека, да. Беше во Шпанија, во Сантандер. Не, грешам…Беше во Венеција. Или не? Не! Беше во Мадрид! Да, во Мадрид. Тој ден имав чувство како да сум го пронашла мојот ангел.

 

 

Хелихоптерот ги спушти Себастијан и Каталина во најблиската база. Тим од прва помош веднаш дојде по хелихоптерот за да ги прегледа. Лусијано веднаш дозна дека неговиот син е пронајден. Му нареди на пилотот да лета кон базата.

Кога излезе од леталото, пријде до својот син кој штотуку беше прегледан и пуштен од амбулантното комбе. Стоеа еден до друг по толку многу години.

–       Здраво, татко, – молкот прв го прекина Себастијан.

–       Себастијан, синко!, – достоинствено и гордо рече Лусијано силно притискајки ја раката на синот. – Прости ми бидејки бев неправеден со тебе.

Себастијан знаеше дека тоа е максимумот на емоции кои човек како Лусијано Ламас може да ги покаже.

–       Мило ми е што те гледам, татко.

–       Исто и мене, синко.

Повторно молк. Само четири очи кои се гледаа без прекин неколку секудни. Како со молкот да беше кажано многу повеќе од она што зборови можат да го пренесат.

–       Пилоте Ламас, – до нив пријде докторот од третиот хелихоптер. – Како сте? Има ли сериозно повредени?

–       Неколку скршеници, луѓе со повишен крвен притисок…ќе видите и самите.

–       Тогаш да одиме, хелхиптерот не чека.

–       Да одиме, – рече Себастијан и пред да се качи во леталото, повторно погледна во својот татко.

–       Себастијан! Горд сум на тебе!

Себастијан не одговори ништо. Само кимна со главата и се качи во леталото.

 

 

Мануел немаше повеќе сила да остане тој ден на работа. Го облече палтото, подготвен да замине дома кога во неговата канцеларија влезе Рафаел.

–       Има новости?, – праша.

–       Не. Ако дознаеш нешто барај ме на мобилен.

–       Имаш ли новости од тој што те бара?

–       Не, – јасно и кратко одговори Мануел и ја напушти канцеларијата.

 

 

Во кујната на фамилијата Ламас, готвачката го подготвуваше ручекот, слушјки како малдиот градинар се распрашува за најновите озборувања кај собарката Роси.

–       Не ми вели дека немаш новости, Роси. Ти си ушите на оваа куќа! Мора да знаеш нешто…

–       Гато!, – го прекори готвачката.- Излегувај од кујнава пред госпоѓа Емператриз да дознае дека сеуште не си ги искастрил розите, јасно?!

–       Одам, одам. Само дај ми пет минути.

–       Ќе одам да земам нешто од визбата, да не те видам овде кога ќе се вратам, – му се закани готвачката пред да излезе од кујната.

Кога остана насамо со Роси, Гато зеде едно од колачињата во кутијата, па потпрен на работната маса праша;

–       Не ми вели дека не си преслушкувала и дека не знаеш ништо.

–       Ја слушнав Емператриз како зборува со Мануел додека ја раскревав масата, – тивко одговори собарката за да не биде чуена. – Изгледа дон Лусијано заминал на терен бидејки…

–       Роси и Гато!, – низ кујната одекна гласот на Пандора, домарката која ја нарекуваа сенка, бидејки секогаш шеташе низ куќата облечена во црно.- Гато, веднаш на работа во градината каде што ти е место! Роси, врати се на миењето садови!

Гато истрча од кујната со спуштена глава, а Роси ги грабна чиниите за миење во садоперот.

 

 

            Луз се врати назад во станот, скршена што нема новости за својата сестра. Ги остави клучевите на шанкот и легна на троседот, кога заѕвоне нејзиниот мобилен телефон. Раката почна да и трепери кога на дисплејот го виде бројот на својата сестра.

–       Каталина?! Каталина…Каде си?

–       Здраво, Луз. Да, да добро сум. Сега сум во еден хотел, да…,- одговори Каталина од другата страна на линијата. Додека спасувачите се упатија кон останатите преживеани, таа беше сместена во еден хотел во близина. – Ќе ти кажувам кога ќе се видиме дома. Страшно, да. Се виде со Мануел? Аха…Те молам, немој да му кажуваш дека сум летала со авионот на Игуана. Не знам, најверојатно доцна вечерва или рано наутро. Ќе легнам да одморам малку бидејки сум скршена. Те сакам и јас. Бакнеж.

Штом го заврши разговорот со својата сестра, Каталина легна на удобната постела во хотелската соба. Одеднаш, на нејзиното лице се развлече широка насмевка. Се сети на бакнежот со Себастијан.

–       Луда си, Каталина! Луда!, – се прекори себеси гласно и почна да се смее.

 

 

Хелихоптерите беа подготвени за полетување од местото на несреќата, откако ги собраа сите преживеани патници. Пред полетување, Себастијан се врати на местото каде што претходно со Фредо ја закопаа стјуардесата Лили. Врз ровката, влажна земја постави неколку полски цвеќиња.

–       Ова нема да остане вака, Лили. Твојата смрт нема да остане неказнета. Се колнам дека сторителот ќе плати. Ти ветувам.

 

 

Каталина за кратко заспа. Беше убаво чувството на удобен кревет под грбот по се што помина низ џунглата. Во главата како сон и се врати едно сеќавање од раната адолесцентска доба.

Нејзината сестра Луз беше вратена од првиот состанок со едно момче од класот. Луз беше пресреќна, раскажувајки и како момчето ја бакнало.

–       Беше неверојатно, Каталина. Мојот прв бакнеж.

–       Мислиш дека Томас е вистинскиот, Луз?

–       Не биди смешна, Каталина. Нема да дозволам првата љубов да ми биде и последна. Или ти веруваш во тоа?

–       Не, но кога ќе го видам човекот од моите соништа, ќе знам дека тој е вистинскиот. Оној со кој ќе сакам да го поминам остатокот од животот.

Каталина ја разбуди ѕвонењето на мобилниот телефон. Ни самата не беше свесна од каде во главата и се врати тоа сеќавање. На дисплејот на својот телеофн го виде името на Мануел. Тоа беше човекот со кој најмалку сакаше да разговара во моментот. Не одговори.

 

 

Само што беше падната ноќта, кога Себастијан излезе од под туш. Со врзан пешкир на половината, пријде до мини кујната на хотелста соба која ја делеше со Фредо таа ноќ.

–       Уште не спиеш?

–       Не можам да заспијам, – одговори Фредо полнејки две чаши со кафе.

–       Со ова кафе нема да можам ни јас, – рече Себастијан, посегнувајки по подадената шоља со кафе. Посегна голтка. Кафето беше како нектар. Како со години да не конзумирал добро кафе.

–       Се би дал да не ги доживеев послдениве два дена, – му призна на својот пријател и колега, длабоко воздивнувајки. – Но ти се колнам дека „мозокот„ на оваа операција ќе плати! Ќе плати за смртта на Лили, за сите ранети, за се што доживеавме во џунглата. Се колнам дека ќе плати.

–       Смири се, Себасијан, опушти се…

–       Како да се смирам? Како да се опуштам?

Фредо добро го познаваше својот пријател. Оваа напнатост не беше само поради смртта на Лили и џунглата. Многу добро ја знаеше правата причина.

–       Се сретна со татко ти?

–       По пет години, – кратко одговори Себастијан, ја зеде шољата кафе и пријде до масичката. – Имав чувство како да поминало многу повеќе. Како да минал цел еден живот.

 

 

Емператриз само што излезе од бањата. Седна пред огледалото и почна да нанесува крема на лицето, кога некој затропа на вратата. Беше домарката.

–       Добра вечер, госпоѓо.

–       Што можам да сторам за тебе, Пандора?

–       Само да ве известам дека пристигна дон Лусијано. Ве чека долу во библиотеката. Сака да разговара со вас.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!