#14то продолжение
Лусијано седеше во својата фотеља во работната соба со чашка коњак и мраз пред себе, кога влезе Емператриз.
– Лусијано, драги. Како си? Дознав дека син ти е жив. Не знаеш колку ми олесна, морковче.
– Спакувај си ги работите и излегувај од оваа куќа. Ти повеќе не си дел од оваа фамилија.
– Грешиш ако мислиш дека ќе си одам одовде без борба. Знаеш што ми се допадна најмногу кај тебе кога те запознав? Твојот остар ум. Но, тој ум полека го губиш. Стануваш сенилен. Ги губиш нештата од конторла.
– Излегувај од мојата куќа, по ѓаволите!, – извика Лусијано удирајки со рацете по бирото.
– Само сакав да знаеш дека во твое отуство, денес, Фалкон Ерлајнс ги купи акциите на Игуана.
– Што рече?
– Реков дека се потпиша договр за купување на Игуана Ерлајнс. Додека ти како имбецил го бараше синчето по тие џунгли…
Лусијано не и дозволи да ја заврши реченицата. И замавна толку силна шлаканица, што одекна низ ѕидинте на пространата библиотека. Но, Емператриз се исправи достоинствено со уште позајадлива насмевка на лицето.
– Кој би рекол? Кој би рекол дека твојот роден син Мануел ќе те докрајчи?
Лусијано ја грабна за рамениците и ја истурка од просторијата. Ја турна во ходникот и ја тресна вратата пред неа. Се врати назад на бирото, посегна по своите апчиња за срце во фиоката и ги помеша со остатокот од коњакот.
Фредо посегна по нова шоља кафе. Себастијан не беше за. Додека точеше кафе од апаратот, го забележа својот пријател како пребарува нешто.
– Си го видел ли моето џебно ноже?, – праша Себастијан.
– Не.
– Го имав со мене во џунглата.
– Тогаш, пријателе, сфати како како данок кој џунглата ти го земала за спасениот живот…
– Не е смешно. Го имав тоа ноже од 14 години.
– Што се случи со девојката која појде со тебе? Наводната шпиунка?
– Не знам, си продолжи по својот пат, – незаинтересирано одговори Себастијан, не навлегувајки во детали. Продолжи да го бара ножето по своите работи.
Каталина ја отвори својата торба која ја носеше во џунглата. Сакаше да ги испразни работите пред да скапаат од влагата, кога наиде на ножето на Себастијан. Она џебно ноже со кое тој го пресече јажето откако настапна на стапицата среде џунглата. Потоа го имаше позајмено пред колибата за да запали огниште и најверојатно ненамерно го задржала. Сега, од оваа дистанца сите тие работи и делуваа како едно нов искуство. Се насмевна сеќавајки се на искушенијата минати во џунглата. На часовите минати со Сеастијан.
Во реалноста ја врати одново ѕвонењето на мобилниот телефон. Повторно Мануел. Повтроно не одговори.
Следното утро, нешто по девет часот, на аеродромот во Мексико Сити слета авионот на Фалкон Ерлајнс, со преживеаните патници од несреќниот лет.
Откако ја помина царинската контрола, Себастијн го здогледа својот брат.
Мануел стоеше на старана, потпрен на својот бастун. Поминаа толку години откако го немаше видено. Ја спушти торбата и му потрча во прегратка. Долга, силна, машка, братска прегратка.
Во меѓувреме, на истиот терминал, Луз ја пречека својата сестра. Каталина беше пресреќна што повторно е на безбедно и на земја, по се што преживеа.
– Добро си? Цела си?, – низ солзи и силна прегратка Луз ја испрашуваше својата сестра.
– Да, добра сум.
– Сигурно си преморена кутрата. Ти нарачав тон јадење од кинескиот ресторан кој го обожаваш. Денес е наш ден. Ќе лежиме во кревет, ќе јадеме сладолед и ќе гледаме филмови додека не качиме пет килограми. Се согласуваш. Да одиме тогаш.
Луз ја зеде торбата на својата сестра и ја понесе за рака кон излезот. Каталина се вртеше со надеж дека ќе го види Себастијан за последен пат. Но не успеа…
Себастијан и Мануел влегоа во автомобилот кој беше паркиран пред аеродромот. Откако ги врзаа појасите, по кратко време, Мануел прв го прекина молкот.
– Не знаев како ќе изреагираш кога ќе ме видиш, но имав потреба да те видам. Овие два дена беа агонија за мене, не знаејки што се случило со твојот лет, дали си жив или не…
– Како што гледаш, се вратив во еден дел.
– Да, но лесно можеше да се вратиш мртов. Се плашев дека повеќе нема да те видам, а да не ти се извинам. Да ти се извинам за сите овие пет години кога бев себичен, што бев кукацвица, што не ти пишав, што не дојдов да те видам. Ако ти се случеше нешто никогаш немаше да си простам.
– Ниту јас не ти пишав, ниту додјов да те видам…
– Не е исто, – рече Мануел. – Кога бевме деца ти секогаш беше брат за пример. Ме штитеше и ми помагаше од секој аспект.
– Да, но кога татко ме тргна од дома, јас бев оној кој што стави бариера помеѓу мене и фамилијата. Ти беше дел од таа бариера, затоа не се обвинувај себеси. И јас бев подеднакво виновен.
– Се виде со татко?
– Да, на кратко. Немавме многу време да зборуваме. Хелихоптерот чекаше, луѓето чекаа…
– Тогаш, штом сте го скршиле мразот, претпоставувам дека смеам да те однесам дома на ручек?
– Не. Засега не. Можеби еден ден. За сега ќе бидам сместен во хотел.
– Не знаеш колку ми е мило што те гледам, брате.
Мануел му ја подаде десната рака, додека со левата го управуваше возилото. Себастијан цврсто ја зеде неговата рака во својата и широко му се насмевна.
Рафаел само што излезе од својата соба, кога во ходникот се сретна со болничарката на неговата сопруга.
– Добро утро, Дијана. Спие Мерседес?
– Како тенк, – иронично му одговори болничарката, бесна што го одби нејзиниот бакнеж.
Рафаел ја зеде за рака и ја повлече кон својата соба.
– Како е деновиве?
– Смачено ми е од неа. Постојано се жали, плаче, се однесува како дете…Ниту лековите повеќе немаат ефект на неа, – дрско одговори болничарката. – Редно е да го прифатиш мојот предлог и да ја затвориш во санаториум! Јас не можам да разберам зошто до сега не си ја затворил. Таа жена е луда, Рафаел. Луда!
– Не знаеш како е да се живее со вина, Дијана, – воздивна Рафаел.
– За што вина?
– За нејзината болест.
– Што си ти виновен што твојата сопруга полудела?, – го праша, поместувајки му ја краватата.
– Има многу работи кои не ги знаеш.
– Тогаш кажи ми ги, – кокетно рече таа барајки ги неговите усни за бакнеж.
Рафаел ја повлече за половината и ја принесе кон своите препони. Дијана беше единствената страст во неговито живот тие денови. Почна да ја љуби страсно по вратот, кон градите, кога од собата на Мерседес се слушна силно врескање.
– Сопругата ти станала, – иронично рече болничарката, ја поправи униформата и се упати кон собата на Мерседес.
За време на појадокот кој го имаа во еден од рестораните во градот, Себастијан го извести својот брат за терористичкиот напад на авионот на Игуана.
– Каков напад? Сигурен си,- Мануел одглуми изненаденост.
Себастијан почека келнерот да го послужи јадењето, па да продолжи да зборува.
– Патуваше еден тип со лажно име, Браулио Сантос. Поставил експлозив во тоалетот кај задното крило.
– Не ми се верува, – нервозно рече Мануел, ослободувајки ја краватата. Одеднаш доби наплив на топлина. – Претпоставувам дека сега е во затвор?!
– Не. Имавме расправа и заврши во реката. Мртов.
Мануел почувствува како крвта му се враќа во вените. Беше нервозен и го загуби апаетитот, но за негова среќа Себастијан не го забележа неговто чудно однесување.
– Но, доста зборуваме за мене. Како ти оди тебе? Како е бизнисот? Дознав дека си ја купил авио компанијата за која работам.
– Од каде знаеш?, – изненадено го праша Мануел.
– Сношти прочитав на интернет, – одговори Себастијан.
– Се надевам дека сега ќе се гледаме почесто. Што е? Што се потсмеваш?
– Не се потсмевам, – одговори Себастијан. – Се смеам. Ти не си истиот. Си израснал во маж.
– Добро, никој не останува вечно дете. Сите се менуваме. Освен татко. Стариот се промени на полошо.
– Како мислиш на полошо?
– Се затвори во себе, не е истиот како порано. Има свои денови, но не е ист. Сега извини ме, но ќе морам да одам, – додаде Мануел, погледнувајки на рачниот часовник. – До кога со тука?
– Не знам ни јас. Треба да чекирам лет за Мадрид. Би сакал да се вратам поскоро. Бак е сигурно загрижен.
– Кој е Бак?
– Бак, мојот пес.
– Аха. Тогаш, поздрави го Бак и јави се кога ќе бидеш повторно во Мексико. Ми беше драго што ја закопавме воената секира.
– Исто и мене, Мануел, – од срце рече Себастијан, стана од масата и го прегрна помалиот брат за поздрав.
Мануел го напушти ресторанот и се упати кон паркингот каде што го беше паркирал својот автомобил. Одеднаш, пребледе како да видел дух.
– Мислеше дека ќе се извлечеш без да ми платиш, Ламас?, – го праша човекот со темни очила за сонце на себе.