Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #016

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #016


 

“I’ve got you under my skin.
I’ve got you deep in the heart of me.
So deep in my heart that you’re really a part of me.
I’ve got you under my skin”.

 

–       Драго ми е, – молкот прва го прекина Каталина, која по сознанието дека Себастијан и Мануел се браќа, остана да стои како скаменета во прегратката на својот вереник.

–       Исто и мене, – рече Себастијан, подавајки ја раката за поздрав.

И повторно молк. Само два изгубени погледи меѓу светилките кои ја красеа градината. И мелодијата на Френк Синатра во позадина.

–       Се е во ред?, – праша Мануел.

–       Да, зошто прашуваш?, – рече Каталина.

–       Бидејки гледам напнатост меѓу вас. Се надевам дека не е антипатија на прв поглед.

–       Не, ништо од тоа, Мануел. Барем не од моја страна, – одговори Себастијан.

–       Не очекував дека сте браќа бидејки воопшто не си личите, – констатираше Каталина.

И беше во право. Себастијан беше висок, со густа, кадрава коса, темни очи и остри црти на лицето. Мануел беше средно висок, со светли очи и благ израз.

–       Извинете, господине, – ги прекина слугинката Роси. – Ве бара госпоѓата Ламас.

–       Да не дозволам госпоѓата Ламас да ме чека, – рече Мануел. – И двајцата го знаете карактерот на маќеата. Се враќам за кратко, – и дошепна на уво на Каталина, ја бакна во образ па погледна во својот брат и додаде;- Ти ја позајмувам на кратко. Гледај да не ми ја украдеш.

Откако Мануел замина, продолжи непријатниот молк, кој по кратко прва го прекина Каталина.

–       Мануел не знае за моето авионско патување. Не сакав да му кажам. Не сакам дека мислиш оти кријам работи од него. Дозволи ми да ти објаснам…

–       Нема потреба, – помалку грубо и индиферентно ја прекина Себастијан, па се упати кон толпата гости.

 

 

Емператриз ја спушти стаклената чаша со црвено вино на дрвената маса и погледна во Рафаел. Седеа во полумрачната просторија на визбата во куќата, чекајки да дојде Мануел по кого пратија.

–       Готово е се, – рече Рафаел. – Ова е крај.

–       Не очекував ваква реакција од тебе, Рафаел. Зар се откажуваш по првиот пораз?

–       Ти мислиш дека ова е глупост? Лусијано можеби е помалку наивен но не е слеп драга. Знае за нашата афера, знае дека со Мануел сме му работеле зад грб, знае…

–       Шшш, – го прекина Емператриз, ставајки му прст преку устата. – Остави е да размислам што ќе правиме.

–       Ме баравте…предавници?,  – праша Мануел кога слезе во визбата.

–       Можеш ли да престанеш да се подбиваш?, – го праша Рафаел.

–       Ова не е крај на ништо, – додаде Емператриз, точејки нова чашка вино. – Само треба да смислиме стратегија.

–       Каква и да биде страгедијата, одлуката на Лусијано е конечна. Ова не е импулс, туку промислено решение. Нема враќање.

–       Татко не е единствениот кој одлучува, – рече Мануел. – Доња Агата одлучува повеќе од него. Да, Рафаел, твојата сестра е онаа која го има крајниот збор, секогаш. Единствено ти немаш збор во корпорацијата и добро го знеш тоа. Ти си само марионета во нивните раце.

–       До сега Агата сигурно дознала за се, – рече Рафаел, нервозно раскопчувајки ја краватата.

–       Ако оставиме Агата Уриостеги да одлучува за нашата иднина, не сме направиле ништо, – додаде Емператриз. – Сестра ти отсекогаш ме мразела.

Тајниот разговор на тројцата случајно беше прислушкуван од Гато, градинарот.

 

 

Луз уште еднаш ја поправи својата шминка пред огледалото пред да ја отвори вратата од станот откако веќе по втор пат заѕвоне ѕончето.

–       Алекс, – крикна изненадено, кога пред насмевката на момчето забележа букет црвени рози. – Колку убав гест.

–       Подготвена?

–       Само да ги ставам во вода и одиме. Патем каде одиме?

–       Има еден нов ресторант во Поланко. Те водам таму.

 

 

Рајата уживаше во коктел забавата во градината на вилата на фамилијата Ламас. Лусијано пријде до својот син и срдечно му се обрати;

–       Ти благодарам што дојде, сине. Мораме да зборуваме за нешто многу важно. Можеме во мојата канцеларија.

–       Од каде оваа мистерија?, – праша Себастијан.

–       Ќе дознаеш штом ќе влеземе во вилата.

Направија чекор, кога наидоа на Агата Уриостеги, со својата чаша шампањ во раката.

–       Види види, – рече со својот длабок, претпознатлив глас.  – Ова стројно момче мора да е твојот постар син, Лусијано.

–       Себастијан, ти ја претставувам нескротиливата Агата Уриостеги.

–       Зошто нескротлива?, – низ насмевка праша Себастијан.

–       Претпоставувам татко ти мисли на мојот карактер.

–       Не претпоставувај, биди сигурна, – додаде Лусијано.  – Освен што Агата е моја добра пријателка веќе со години, и е одлична бизнисменка, важи и за една од најпопуларните писателки во последниве години.

–       Агата Уриостеги?, – Себастијан се обидуваше да се сети дали го сретнал тоа име претходно, но не му звучеше познато.- Простете, но не…

–       Нека не ти биде незгодно, момче. Не сум толку „голема“ во Шпанија, – му намигна таа.

–       Ве оставам да се запознаете подобро. Себастијан, за половина час те чекам во мојата канцеларија.

Откако Лусијано ги остави сами, Себастијан со шармантна насмевка погледна во Агата и рече;

–       Значи писателка? Каков жанр?

–       Романи. Крими романи, претежно.

–       Крими? Моите омилени. Ќе морм да надокнадам и да ги прочитам вашите романи. Кои ви се најуспешни?

–       “Тажно збогум“, “Злосторство во Париз“, “Натрапничка“…

–       Гледам дека имам доста материјал за читање, доња Уриостеги.

–       Оние кои ми се блиски и драги ме викаат по име. А, имам претувство дека ќе ми бидеш драг, Себастијан Ламас.

–       Чувството е взаемно…Агата.

 

 

Градинарот Гато се најде затечен во визбата каде што се коваше заговорот. Кога предмалку дојде да остави неколку шишиња шампањ, не очекуваше дека ќе заглави за стариот орман, преслушкувајки го разговрот помеѓу Емператриз, Рафаел и Мануел. Веќе слушна премногу. Веќе беше предоцна да излезе.

–       Не!,- Рафаел го одби предлогот на Емператриз. – Одбивам да учевствувам во нешто такво, Емператриз.

–       Што мислиш ти драги,- Емператриз го праша Мануел, повлекувајки нова голтка од црвеното вино.

–       Мислам дека нема подобра идеја во моментов, – одговори Мануел.

–       Дали си полудел?, – избувна Рафаел , грабнувајки го Мануел за јаката. – Дали си го загубил разумот?

–       Мирни, – ги опомена Емператриз. – Рафаел, драги, тоа е најдобрата идеја во моментов. Но, мораме да бидеме брзи. Прашањето е кој од нас тројца да го стори тоа?

Гато повеќе не можеше да преслушкува. Товарот беше преголем. Со неколку чекори, истрча по скалите кон влезната врата. Вратата закрцка откако ја напушти визбата. Рафаел, Емператриз и Мануел појдоа да видат кој е.

–       Некој не слушна, – процеди Мануел.

–       Без драми, Мануел, – го опомна Емператриз. – Нема никој. Најверојатно ветрот ја отворил вратата. Да се вратиме на разговорот. Кој да го убие Лусијано Ламас?

 

 

Бар Томате, беше новиот елитен ресторант во Поланко, веднаш покрај големата продавница на Луи Витон. Откако Луз и Алекс влегоа во фоајето, љубезно им беа земени капутите, па рецепционерот ги допрати до лифтот, кој водеше до ресторанот, каде што хостесата ги пречека љубезно.

–       Ти се допаѓа изборот?, – Алекс ја праша Луз, откако удобно ги сместија во близина на отворената кујна, каде што се спремаше сирово јадење.

–       Сум слушнала за ова место, но никогаш не сум била.

Откако хостесата им ги подели менијата, еден господин со проседа коса кој седеше две маси подолу, стана и пријде до парот.

–       Пабло? Пабло Фереира, помина толку време.

Алекс збунето гледаше во господинот пред себе. Ниту Луз не беше помалку изненадена.

–       Извинете, но мора да сте ме помешале. Јас не ве познавам.

–       Не ме задевај, Пабло. Зарем не ме препознаваш? Јас сум Оскар.

–       Јас не те познавам и не се викам Пабло. По втор пат ви велам дека сте ме препознале.

–       Аха…Гледам каде води ова. Се преправаш пред девојката, – погледна во Луз која се чувствуваше доста непријатно.- Сигурно си голема фаца во нејзините очи.

Алекс ја прегриза долната уста, ја притисна тупаницата и стана од масата грабнувајки го човекот за сакото.

–       Ако не се повлечеш, ќе ти ја пукнам фацата.

 

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!