Почетна / Сапуници / Реприза на турската серија „Дневникот на Фериде“ на Алфа

Реприза на турската серија „Дневникот на Фериде“ на Алфа

 

За оние што пропуштиле – реприза на турска серија

 

Првата турска серија емитувана на Алфа, од сабота започнува со репризно емитување. Алфа се реши секоја сабота и недела од 19 до 21 часот, во прајмтајм да емитува реприза на веќе емитувана турска серија.

 

 

“Дневникот на Фериде” е турска историска новела, базирана на роман на Решат Нури Ѓунтекин, авторот на “Кога лисјата паѓаат” и продуцирана од истата продукција која го создаде “Величествениот”. Главните ликови во оваа љубовна приказна ги толкуваат актери од двете споменати серии, Неџла од “Кога лисјата паѓаат” и Бали Бег од “Величествениот”. Дејството на серијата се одвива во раните години на минатиот век. Извонредната продукција, фантастичните костими, прекрасната музика и, над се, приказната на која никој не може да оделее веќе предизвикаа огромен интерес кај сите големи телевизии во регионот, а Алфа Телевизија беше прва на Балканот која ја емитуваше и прва на Балканот која ја репризира. Во продолжение, ве потсетуваме на содржината :

 

Содржина:
Ова е приказна за Фериде, девојчето – сирак кое како мало останало без своите родители и од тогаш почнува да ја раскажува својата животна судбина. Во зима го посетува францускиот интернат во Истанбул, а летниот одмор го поминува кај семејството на својата тетка. Во училиштето го добива прекарот “чучулига”, птица чие име значи ведрина и ѓаволштина, карактеристики кои не биле специфични за муслиманските девојки во тоа време. Иако пораснала без своите родители, таа не се чувствува осамено. Има многу пријатели на училиште, а исто така е сакана и од нејзините тетка и тетин. Нејзината тетка има две деца, синот Камран и ќерката Неџмије. Неџмије е постојано љубоморна на својата братучетка поради тоа што целото внимание на семејството е свртено кон неа, а пак Камран е млад и успешен доктор кој ужива многу симпатии кај женскиот пол.

 

Иако Фериде и Камран постојано се караат без никаква причина, тие длабоко во себе кријат голема и искрена љубов. Кога конечно се свесни за тоа, решаваат да се венчаат. Но на денот пред венчавката, Фериде открива дека Камран ја изневерува. Повредена и тажна, Фериде остава се зад себе. Го напушта семејството, ги напушта пријателите, го напушта Истанбул и заминува во друг град да работи како учителка. Нејзиниот живот се менува, но таа никогаш нема да ја заборави првата љубов и првото разочарување.

Улоги: Fahriye Evcen (Фериде), Burak Özçivit (Камран), Mehmet Özgür (Сејфетин), Elif İskender (Бесиме), Ebru Helvacıoğlu (Неџмије), Deniz Celiloğlu (Селим)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!