Некогашните популарни волшебнички, Шенон Доерти и Холи Мари Комбс минатата недела имаа заедничка средба после повеќе од 10 години, и тоа на забава на магазинот US Weekly.
Благодарение на телевизиската серија “Charmed” и улогите на сестрите Халивел, тие две станаа најпознатите волшебнички во телевизиската историја, но и добри пријателки исто така. Неочекуваната средба не била ни малку непријатна, а актерките со насмевка на лицето и искрени прегратки ги демантирале сите наслови дека помеѓу нив имало било каков конфликт. Сепак, отсуството на третата сестра Халивел, Алиша Милано, било забележливо.
Шенон токму поради несогласувањето со Алиша ја напушти серијата во 2001-та година, откако три години претходно и даваше живот на најстарата сестра Пру. Наспроти шпекулациите дека Шенон е во конфликт и со останатите од екипата, беа објавени фотографии што успешно го демантираат тоа.
Ви недостигаат ли и на вас Волшебничките?
Chris | ТВ Пакет