Секоја среда – нова трансформација во познатиот серијал на TLC
Серијалот „Style by Jury“ кој започна да се емитува од среда 16 декември во 20.30ч. на TLC, ни ги прикажува жените кои се „тужени“ од нивните роднини и пријатели за кршење на сите модни правила.
Добро познатиот формат на TLC со нови приказни за трансормации на жените кои или не знаат соодветно да изгледаат за нивната професија или години, како и жени кои потполно се занемариле во обидот да балансираат со многубројните обврски.
Несоодветна облека за годините или работата, занемарување на својот изглед по сите точки се предизвикот за стилистите Луиз Роу и Престон Конрад. Поротата составена од странци ќе понудат искрено гледиште за избраните жени. Потоа тие преоѓаат во рацете на стилистите за потполна преобразба.
Секоја епизода ни прикажува впечатлива и интересна лекција преку која кандидатките учат како треба да изгледаат, како да ја прилагодат облеката на нивното тело и најважно-нивната самодоверба, која често заради изгледот е на многу ниско ниво. Дополнително, секоја од нив ќе помине серија третмани за коса, тело и лице.
На крај се соочуваат со порота која треба да го сподели мислењето за нивниот нов изглед.
Каква ќе биде пресудата?
Дани | ТВ Пакет