Вака Мите ги испеа “Dodji” и “Македонско девојче”
Братучедот на ланската ѕвездичка Трајче Георгиев по втор пат ги доби гласовите од жирито на “Пинк ѕвезди” и се пласираше за третиот круг од натпреварувањето. Македонскиот учесник Мите Стоилков ја испеа познатата “Дојди, заборави” на Парни Ваљак, а заедно со останатите натпреварувачи ја испеа “Македонско девојче”.
За Харис и Марина, изведбата на Мите беше своја и со сопствени украси и трилери. За Бора Чорба, Мите е гордоста на Македонија, а пак Цеца не само што ги пофали неговиот глас и пеење, туку и неговиот изглед.
Во продолжение погледнете ги настапите на Мите, кои на Сител телевизија ќе се емитуваат следната сабота во 21:15 часот.
Дани | ТВ Пакет